Овој курс нуди детален преглед на каскадните листи со стилови, притоа истражувајќи ги основните концепти, терминологија и алатки на јазикот. Низ курсот ќе ја проучиме CSS синтаксата и ќе објасниме како CSS уредува текст, рабови, позадини и бои. Ќе ја демонстрираме интеграцијата на CSS со HTML и ќе ја разгледаме моменталната состојба на CSS. Во курсот ќе ви претставиме некои од најпопуларните CSS уредувачи и работни рамки и ќе ви дадеме листа на online алатки и ресурси за понатамошно учење.
Теми
- Основни типови на селектори
- Интегрирање CSS со HTML
- Разлики во рендерирање кај различни прелистувачи
- CSS спецификации
- Проверка на поддршка кај прелистувачи
- Модел на кутија (box)
- Прилагодување маргини и пополнување (padding)
- Елементи за позиционирање
- Истражување на основни концепти на распоред на страница
- Медиа прашалници
- Претставување на CSS3
- Користење CSS ресетирање
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- лица кои сакаат да станат веб дизајнери и веб девелопери
- дизајнери кои сакаат да ги прошират својот сет вештини
- студенти
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Карактеристики
- Лекции 111
- Квизови 0
- Должина 30 дена
- Ниво All levels
- Јазик МК
- Студенти 19
- Задачи Yes