WordPress администратор

Една од работите која е заслужна за уште поголема експанзија на веб сајтовите е WordPress. Во моментов, WordPress движи 28% од интернетот а причината е едноставноста во користењето и големиот број теми и додатоци. Да се има интернетот на располагање е неверојатна работа. Никогаш порано луѓето не можеле со таква леснотија да допрат до еден така голем аудиториум.
Да се биде блогер односно уредник на блог или веб сајт значи да имате можност да комуницирате со определена публика на определена тема, да споделувате текстови, информации, слики, видеа, линкови до други информации, речиси се’ што би можеле да замислите. Со оглед на тоа што денес постојат огромен број веб сајтови, многу е важно да се осознаат техниките за привлекување што е можно поголем број посетители бидејќи токму тоа е клучно за успехот.
WordPress администраторот е задолжен за креирање веб сајт или блог со помош на готови теми, зголемување на неговата употребливост и функционалност со помош на додатоци (плагини), внесување содржини, креирање, уредување и оптимизирање фотографии и илустрации со професионални алатки како Photoshop и Illustrator и употребување техники за оптимизација на содржините за пребарувачи (SEO).
Студиската програма WordPress администратор се спроведува по програма направена според опис на ова работно место. По завршувањето на оваа програма студентот ќе умее самостојно да креира и одржува веб страници и блогови базирани на готови WordPress теми, да креира и уредува фотографии и илустрации со помош на Photoshop и Illustrator, како и да ја зголеми видливоста на сајтот во неплатените резултати од пребарување кај пребарувачите.
Како и сите останати студиски програми, и оваа програма е составена од три компоненти: едукативен дел, практичен дел и менторски сесии.
1. Едукативeн дел
Едукативниот дел има за цел систематски да го покрие најголемиот број вештините кои задолжително треба да се поседуваат за оваа позиција. Овој дел ќе биде составен од повеќе модули кои последователно меѓусебно се надоврзуваат. Секој од составните модули е со предодредено времетраење од еден месец.
2. Практичен дел:
Практичниот дел ќе биде составен од определен број задачи кои студентот ќе треба самостојно да ги изработи и достави на оценување до својот ментор.
3. Менторски сесии
Во рамки на наставата, секој студент добива личен ментор кој се грижи за неговиот напредок. Секој ментор е искусен професионалец со повеќегодишно искуство во областа. Неговата обврска е да ги прегледува и оценува изработените задачи на студентот а потоа, во термин кој меѓусебно ќе биде договорен, со студентот одржува 1-на-1 онлајн менторска сесија на која дискутираат за задачите кои ги доставил студентот.
Диплома
По успешното завршување на комплетната студиската програма, студентот добива диплома и звање WordPress администратор.
НАСТАВНА ПРОГРАМА
# | модул | единечна цена |
---|---|---|
1 | WordPress | 7.669 ден |
2 | Photoshop CC 2015 | 7.669 ден |
3 | Photoshop CC за веб дизајн | 4.129 ден |
4 | Illustrator CC 2015 | 7.669 ден |
5 | Illustrator CC за веб дизајн | 4.129 ден |
6 | Проекти со Photoshop & Illustrator | 7.669 ден |
7 | Основи на SEO | 7.669 ден |
8 | SEO: креирање линкови | 7.669 ден |
9 | Подобрување SEO со употреба на техники за пристапност | 7.669 ден |
10 | WordPress додатоци за SEO | 7.669 ден |
редовна цена (поединечна набавка) | 69.610 ден | |
цена во пакет (авансно плаќање) | 55.688 ден |
Консултации
Доколку имаш прашања на кои не можеш да најдеш одговор, закажи уште денес бесплатни индивидуални консултации. Избери термин кој ти одговара и представник на академијата ќе те побара.
Уписи
За да почнеш да студираш на веб академијата Еверест, не мораш да го чекаш вообичаениот почеток на академската година. Почни со студии тогаш кога ќе бидеш подготвен(а). За да се запишеш на студии, кликни на копчето ПРИЈАВА, во горниот дел од овој прозорец и следи ги инструкциите.
Имаш дилеми дали ова е вистинската работа?
Ако за прв пат се среќаваш со учењето на далечина и имаш дилеми дали тоа воопшто ќе функционира за тебе, направи го првиот чекор – стани прво наш гостин-студент и обиди се да го завршиш за почеток само првиот курс, за кој ќе ти обезбедиме попуст од 75%!
За да го станеш гостин-студент, следи ги инструкциите на оваа страна.
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Карактеристики
- Лекции 0
- Квизови 0
- Должина 10 месеци
- Ниво почетно
- Јазик МК
- Студенти 0
- Certificate No
- Задачи Yes