Финансиска писменост за деца
Во овој проект, децата ја развиваат финансиска писменост користејќи модел за решавање проблеми. Забавата започнува со тоа што учениците неочекувано (замислено) добивааат поголема сума пари и треба да испланираат како ќе ги потрошат. Со помош на Excel ќе креираат буџет и план за трошење, при што сите податоци ќе треба да ги организираат, пресметаат и графички прикажат. Потоа, употребувајќи Word, ќе треба да состават извештај за да ги оправдаат своите финансиските одлуки и да дадат увид во управувањето со парите.
Цели
По завршувањето на овој проект ученикот:
- Ќе стекне основна финансиска писменост
- Ќе умее да одреди буџет и креира план за трошење
- Ќе може да донесува одлуки преку решавање проблеми
- Ќе умее да ги оправда финансиските одлуки во извештајот
- Ќе ги разбира поимите побарување и долгување
- Ќе умее да ги организира податоци во табела со користење на повеќе листови
- Ќе умее графички да ги представи податоци во пита, колона / лента или споредбена табела
- Ќе умее да ги форматира ќелиите за да ги направите податоците лесни за читање
- Ќе умее да ги пресмета даноците, вкупните средства и прекумерните трошоци користејќи формули
- Ќе умее да ги подреди и филтрира податоците, и да користи формули if-then
Активности
- Оценување на стилот на управување со парите.
- Објаснување на причини за неочекуван финансиски прилив.
- Совладување на терминологијата на табеларни пресметки и вежбање на основните вештини.
- Поделба на буџетот во категории. Користење AutoSum за пресметување износи.
- Креирање графикон со пити за буџетот.
- Дизајнирање табела за план за трошење. Пресметување даноците и следење на вкупните износи.
- Посетување онлајн продавници. Донесување одлуки за купување и запишување информации во табелата на планот за трошење.
- Креирање графикон на план за трошење. Испитување на распределбата на средствата.
- Пополнување список за проверка на работниот лист.
- Оправдување на финансиските избори во извештај. Користење графикони за поддршка на одлучувањето.
- Истражување и пронаоѓање најдобрата зделка онлајн.
- Користење функции за анализирање на трошењето: Пресметување сума, просек, минимум, максимум и броење.
- Филтрирање и подредување податоци по азбучен и нумерички број.
- Користење формули if-then за сумирање податоците во секоја категорија.
- Разберање на поими побарување и долгување: Пресметување трошоците за позајмување и времето потребно за отплата.
Придобивки
- Подобрена способност за управување со парите: Управувањето со парите е важна животна вештина. Преку активностите во овој проект децата ќе стекнат основна финансиска писменост користејќи сценарио разбирливо за нивната возраст и ќе уживаат во креирање буџет и планирање на трошењето пари.
- Намалена одбивност кон математиката: Учествувајќи во активности кои се прилагодени на возраста, децата се поттикнуваат да ја користат математиката за решавање проблеми кои нив ги засегаат.
- Подобрена способност за визуелизација на податоци: Преку активности за графичко прикажување податоци како пита, колона и графикон, децата стекнуваат нова, мошне важна способност за визуелизација на податоците.
- Подобрена способност за критичко размислување: Организирајќи ги идеите, истражувајќи опции за купување, споредувајќи различни опции, размислувајќи за нивните планови и бранејќи ги своите одлуки, децата ја подобруваат способноста на критичко размислување.
Задачи
- Задача 1: Управување со пари
Сфати ја важноста на буџетирањето. Оцени го твојот стил на управување со пари. - Задача 2: Неочекувана добивка на пари
Измисли практична причина за неочекувана добивка на пари. Воспостави буџетски категории. - Задача 3: Откриј ги табеларните пресметки
Работи со колони, редови и ќелии за да ги распоредиш податоците во работен лист. - Задача 4: Пресметајте го твојот буџет
Подели го буџетот во категории. Пресметај ги вкупните вредности со AutoSum. - Задача 5: Создади пита графикон и измени го буџетот
Анализирај го буџетот користејќи графикон. Распредели средства за исполнување на критериумите поставени за секоја категорија. - Задача 6: Направи работен лист за план за трошење
Креирај табела која пресметува даноци, ги следи вкупните вредности и користи условно форматирање. - Задача 7: Планирај шопинг
Определи ги предметите за купување со посета на онлајн продавници. Запиши информации во планот за трошење. - Задача 8: Користи графикон за да го сумираш планот за трошење
Создади графикон. Измени ги етикетите, изгледот, стилот и легендата. Разгледај ја распределбата на средствата. - Задача 9: Список за проверка на табеларни пресметки
Потврди ја содржината на буџетот, планот за трошење и листовите. Одпечати ја работната книга. - Задача 10: Оправдај ги финансиските избори во извештај
Подготви извештај што го објаснува буџетот и планот за трошење. Поддржи го расудувањето со графикони.
Технолошка интеграција: Бизнис студии, Јазични уметности, математика, визуелни уметвости
Технолошка вештина: Графика, табеларни пресметки, обработка на текст
Програма: Microsoft Excel, Paint, Word, Google Docs, Drawings, Sheets
Наставата се изведува:
- целосно онлајн,
- по однапред утврден распоред на часови,
- во виртуелна училница под водство на инструктор.
Предуслов:
- Персонален компјутер или лаптоп
- Windows 7 или понов
- Интернет конекција
Courses you might be interested in
-
0 Lessons
-
0 Lessons
-
0 Lessons
-
29 Lessons