Target audiences
- 1 - 3 одд
„Сè за мене“
Секоја личност е посебна! Во овој проект, учениците се представуваат себе си и своите сопствени уникатни карактеристики. Со помош на шаблон од PowerPoint (или Google Slides) тие ќе креираат слајд шоу „Сè за мене“ во кој преку мини биографија ќе ги истакнат личните детали, достигнувања, цели и интереси. По завршувањето, учениците го споделуваат својот слајд-шоу со пријателите за да споредат колку се слични и различни. Овој проект е одличен начин за подобрување на самодовербата, негување односи и развој на фундаментални технолошки вештини.
Цели
По завршувањето на овој проект ученикот:
- ќе има развиен позитивен став за самодовербата
- ќе изгради свест за себе
- ќе прифати дека секоја личност е единствена
- ќе ги прифати различностите кај другите
- ќе може да ги споредува сличностите и разликите со другите
- ќе ги негува односите со другите
- ќе умее на уредува текст за да го подобри пишувањето
- ќе умее да вметнува слики за да илустрира концепт
- ќе умее да примени транзиции помеѓу слајдовите
- ќе умее да презентира слајд шоу пред публика
- ќе ја подобри способноста на јавно говорење и активно слушање
Активности
- Креирање слајд за наслов. Форматирање фонт, големина, стил и боја на текст.
- Креирање слајд за мини-биографија со додавање одговори и форматирање на текстот.
- Поставување цели. Вметнување слика во текст со цел илустрирање на изборот за кариера.
- Споделување лични интереси. Украсување цвет со слики.
- Финализирање на слајд шоуто со додавање транзиции.
- Прикажување слајд шоу. Поставување прашања со цел откривање на сличности и разлики.
- Креирање анимиран албум.
Придобивки
- Изградба на самодоверба: Размислувајќи за работите кои ги прават посебни и препознавајќи ги карактеристиките што ги прават уникатни, учениците развиваат чувство на самодоверба.
- Запознавање на соучениците: Учениците ги запознаваат меѓусебно со откривање на нивните предности, цели, допаѓања и лични интереси, споделувајќи информации за за себе.
- Развивање пријателства: Препознавањето слични интереси кај соучениците во групата може да стане појдовна точка за негување односи меѓу нив.
- Изградба на чувство за заедница: Учејќи еден за друг и споделувајќи лични податоци, учениците формираат врска едни со други.
- Развивање вештини за усна комуникација: Преку активностите во овој проект учениците вежбаат јавно обраќање и активно слушање.
Задачи
- Задача 1: Создади слајд за наслов
Направи слајдшоу користејќи шаблон. Форматирај го фонтот, големината, стилот и бојата на текстот. - Задача 2: Што те прави посебен (посебна)?
Конструирај информативен слајд кој вклучува детали како име, возраст, роден град и талент. - Задача 3: Кои се твоите цели?
Постави цел. Илустрирајте иден избор на кариера користејќи слика. - Задача 4: Што ти се допаѓа?
Изрази ги твоите лични интереси. Украси го образецот за цвеќе со слики. Отсечи фотографија. - Задача 5: Заврши го слајд шоуто
Нанеси транзиции помеѓу слајдовите. Заврши дополнителни слајдови ако времето дозволува. - Задача 6: Ние сме исти! Ние сме различни!
Презентирај го слајдшоуто „За мене“. Постави прашања за да ги дознае сличностите и разликите со останатите во групата. - Задача 7: Направи албум за анимирана класа (по избор)
Изгради чувство за заедница. Собери албум за да го прикажеш во Отворена куќа или во училницата.
Технолошка интеграција: Јазични уметности, општествени студии
Технолошка вештина: Презентација
Програма: Microsoft PowerPoint, Google Slides
Наставата се изведува:
- целосно онлајн,
- по однапред утврден распоред на часови,
- во виртуелна училница под водство на инструктор.
Предуслов:
- Персонален компјутер или лаптоп
- Windows 7 или понов
- Интернет конекција
Карактеристики
- Лекции 0
- Квизови 0
- Должина 5 часа
- Ниво Beginner
- Јазик MK + EN
- Студенти 2
- Задачи Yes