Научете ги техниките на оптимизација за пребарувачи за да ја зголемите посетеноста на вашиот веб сајт преку резултати од пребарување на пребарувачи како Google и Bing и привлечете вистински тип на сообраќај на соодветни страници на вашиот сајт.
Научете како да ги читате страниците со резултати од пребарување и откријте го вашето рангирање, за да видите како рангирањето влијае на бизнисот, независно дали е мал или голем. Потоа, научете како да ги имплементирате основните стратегии и техники за оптимизација, меѓу другото и како да правите истражување за клучни зборови, да измерите напредок и успех, и да испланирате долгорочна стратегија за оптимизација на пребарувачи. Ќе добиете посебни совети за SEO за е-тргување, локално пребарување и мобилна публика.
Теми
- Што е SEO?
- Како пребарувачите ја индексираат содржината?
- Истражување на клучни зборови
- Употреба на SEO aлатки
- Оптимизирање на страница за клучни зборови
- Оптимизирање код и структура на сајт
- Градење линкови до вашата содржина
- Оптимизација на компонентите без текст
- Анализа на квалитетот на содржината
- Дефинирање на вашата публика, теми и стил
- Промовирање на содржината преку социјални мрежи
- Мерење SEO ефикасност
- Прилагодување Google+ Local
- Оптимизација на сајтови за е-тргување за пребарување
- Конфигурирање сајтови за мобилни
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- идни претприемачи кои сакаат да научат како подобрувањето на SEO може да им помогне во зголемувањето на продажбата,
- сопственици на веб страници кои сакаат да го подобрат органското рангирање,
- сопственици на веб страници или администратори кои сакаат да ја зголемат посетеноста на нивниот сајт,
- SEO фриленсери кои сакаат да го подобрат рангирањето на својот сајт (или сајтот на нивните клиенти),
- Веб дизајнери кои сакаат правилно да ги постават веб-сајтовите и со тоа да дојдат до подобро рангирање во резултатите од пребарувањата,
- сите оние кои, со спроведување самостојна оптимизација SEO, се заинтересирани за заштеда на стотици, ако не и илјадници долари колку што чини ангажирање надворешни специјалисти за SEO,
- секој кој сака да започне свој SEO бизнис работејќи од дома.
Предзнаења
За следење на овој курс корисно е, но не е задолжително, поседување предзнаења за користење WordPress.
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Карактеристики
- Лекции 58
- Квизови 1
- Должина 30 дена
- Ниво All levels
- Јазик МК
- Студенти 7
- Задачи Yes