Подобрување SEO со техники за пристапност
Овој курс се фокусира на два елементи од веб развојот: пристапност и оптимизација за пребарувачи (SEO), демонстрирајќи зошто тие се важни и како функционираат заедно. Во курсот ќе ви покажеме како добрите практики во програмирањето и модерните веб стандарди може да го направат вашиот веб сајт попристапен и повеќе видлив за пребарувачите и социјалните мрежи.
Теми
- Разбирање на придобивките од пристапност и SEO
- Читачи на екран за Windows и Mac
- Инсталирање алатки за развој на прелистувач
- Споредување сајтови кои се добро и лошо оптимизирани
- Дефинирање јазик за страница
- Креирање подобри HTML5 семантички ознаки
- Точно означување на слики и линкови
- Креирање призтапно мени со неподредена листа
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- идни претприемачи кои сакаат да научат како подобрувањето на SEO може да им помогне во зголемувањето на продажбата,
- сопственици на веб страници кои сакаат да го подобрат органското рангирање,
- сопственици на веб страници или администратори кои сакаат да ја зголемат посетеноста на нивниот сајт,
- SEO фриленсери кои сакаат да го подобрат рангирањето на својот сајт (или сајтот на нивните клиенти),
- Веб дизајнери кои сакаат правилно да ги постават веб-сајтовите и со тоа да дојдат до подобро рангирање во резултатите од пребарувањата,
- сите оние кои, со спроведување самостојна оптимизација SEO, се заинтересирани за заштеда на стотици, ако не и илјадници долари колку што чини ангажирање надворешни специјалисти за SEO,
- секој кој сака да започне свој SEO бизнис работејќи од дома.
Предзнаења
За следење на овој курс корисно е, но не е задолжително, поседување предзнаења за користење WordPress.
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Игор Ѓуровски е SEO и интернет маркетинг професионалец со повеќе од 12 години релевантно искуство. Работел за повеќе дигитални агенции од САД и Обединетото Кралство, како и на повеќе самостојни проекти за компании од Западна Европа и Америка. Специјалност му се SEO, глобална веб видливост, блогови и интернет медиуми. Својата кариера ја започнува како Google adsense фриленсер, за да продолжи со контент маркетинг, градење линк мрежи и изработка на целосни IM решенија. Во моментов е сериски предприемач со свое прототајпинг студио и CTO во неколку странски стартапи.

Courses you might be interested in
-
58 Lessons
-
15 Lessons
-
30 Lessons