Постојат две страни на оптимизацијата за пребарувачи (SEO): оптимизација на самата страница и оптимизација надвор од страницата, т.е on-page и off-page оптимизација. Off-page значи добивање линкови од други сајтови кон вашиот сајт, со што се засилува позицијата на вашиот сајт во резултатите од пребарувања кај пребарувачите. Во овој курс ќе ја разгледаме анатомијата на линковите, како тие влијаат на рангирањето на страницата, и ќе ја погледнеме вредноста на влезните линкови. Исто така, ќе ги дискутираме реципрочните линкови, ќе го разгледаме градењето на линкови преку соопштенија за печат, блогови и текстови и ќе ја објасниме важноста на квалитетните линкови кои им се допаѓаат на пребарувачите.
Теми
- Разбирање на Google PageRank резултатите
- Анализирање линкови
- Градење локални линкови и линкови од директориуми
- Работа со услуги за здружување на текстови
- Креирање линкови мамки
- Дистрибуирање на линкови на социјални мрежи links
- Креирање линкови: предности и недостатоци
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- идни претприемачи кои сакаат да научат како подобрувањето на SEO може да им помогне во зголемувањето на продажбата,
- сопственици на веб страници кои сакаат да го подобрат органското рангирање,
- сопственици на веб страници или администратори кои сакаат да ја зголемат посетеноста на нивниот сајт,
- SEO фриленсери кои сакаат да го подобрат рангирањето на својот сајт (или сајтот на нивните клиенти),
- Веб дизајнери кои сакаат правилно да ги постават веб-сајтовите и со тоа да дојдат до подобро рангирање во резултатите од пребарувањата,
- сите оние кои, со спроведување самостојна оптимизација SEO, се заинтересирани за заштеда на стотици, ако не и илјадници долари колку што чини ангажирање надворешни специјалисти за SEO,
- секој кој сака да започне свој SEO бизнис работејќи од дома.
Предзнаења
За следење на овој курс корисно е, но не е задолжително, поседување предзнаења за користење WordPress.
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Игор Ѓуровски е SEO и интернет маркетинг професионалец со повеќе од 12 години релевантно искуство. Работел за повеќе дигитални агенции од САД и Обединетото Кралство, како и на повеќе самостојни проекти за компании од Западна Европа и Америка. Специјалност му се SEO, глобална веб видливост, блогови и интернет медиуми. Својата кариера ја започнува како Google adsense фриленсер, за да продолжи со контент маркетинг, градење линк мрежи и изработка на целосни IM решенија. Во моментов е сериски предприемач со свое прототајпинг студио и CTO во неколку странски стартапи.

Courses you might be interested in
-
28 Lessons
-
58 Lessons
-
15 Lessons