Привлечете повеќе посетители на вашиот WordPress сајт со оптимизација на пребарувачи употребувајќи два моќни додатоци. Иако WordPress ова го прави добро и самиот, вие можете да го направите повидлив за пребарувачите и социјалните мрежи. Научете како да ги искористите двата најдоминантни SEO додатоци—All in One SEO Pack и Yoast’s WordPress SEO—и употребете ги за да го засилите вашето присуство на интернет.
Теми:
- Што е SEO?
- Инсталирање и активирање на SEO додатоците
- Додавање SEO содржина на постови и страници
- Употреба на клучни зборови и алатки за анализа на страница
- Конфигурирање на имиња на страници и мета описи
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- идни претприемачи кои сакаат да научат како подобрувањето на SEO може да им помогне во зголемувањето на продажбата,
- сопственици на веб страници кои сакаат да го подобрат органското рангирање,
- сопственици на веб страници или администратори кои сакаат да ја зголемат посетеноста на нивниот сајт,
- SEO фриленсери кои сакаат да го подобрат рангирањето на својот сајт (или сајтот на нивните клиенти),
- Веб дизајнери кои сакаат правилно да ги постават веб-сајтовите и со тоа да дојдат до подобро рангирање во резултатите од пребарувањата,
- сите оние кои, со спроведување самостојна оптимизација SEO, се заинтересирани за заштеда на стотици, ако не и илјадници долари колку што чини ангажирање надворешни специјалисти за SEO,
- секој кој сака да започне свој SEO бизнис работејќи од дома.
Предзнаења
За следење на овој курс корисно е, но не е задолжително, поседување предзнаења за користење WordPress.
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Карактеристики
- Лекции 15
- Квизови 0
- Должина 30 дена
- Ниво All levels
- Јазик МК
- Студенти 0
- Задачи Yes
-
Вовед
-
1. Основни принципи на SEO и споделување на социјални мрежи
-
2. Употребување All In One SEO Pack
-
3. Употреба на WordPress SEO од Yoast