Накусо, веб дизајнерот е одговорен за креирање на дизајнот и распоредот на веб сајтот или веб страните. Понекогаш тоа може да биде работа на сосема нов сајт, а понекогаш само ажурирање на постоечкиот. Самиот веб дизајн претставува процес кој подразбира планирање, креирање и ажурирање веб сајтови. Тоа исто така вклучува планирање архитектура на информации, структура на веб сајт, кориснички интерфејс, ергономија во навигацијата, распоред, бои, контраст, фонтови, фотографии, илустрации, дизајн на икони…
Веб дизајнер е лице кое поседува технички вештини но истовремено има и силна креативна страна и одлични комуникациски способности. Негова задача е да ги разбере барањата на клиентот кои потоа ќе ги преточи во функционален, визуелно допадлив и лесен за користење веб сајт.
Студиската програма Веб дизајнер се спроведува по програма направена според опис на ова работно место. Како и сите останати студиски програми, и оваа програма е составена од три компоненти: едукативен дел, практичен дел и менторски сесии.
1. Едукативeн дел
Едукативниот има за цел систематски да го покрие најголемиот број вештините кои задолжително треба да се поседуваат. Овој дел ќе биде составен од повеќе модули кои последователно меѓусебно се надоврзуваат. Секој од составните модули е со предодредено времетраење од еден месец.
2. Практичен дел:
Практичниот дел ќе биде составен од определен број задачи кои студентот ќе треба самостојно да ги изработи и достави на оценување до својот ментор.
Забелешка: За Aptana и GitHub не се предвидени посебни практични задачи. Овие алатки ќе се користат за сето времетраење на практичната настава во останатите модули.
3. Менторски сесии
Во рамки на наставата, секој студент добива личен ментор кој се грижи за неговиот напредок. Секој ментор е искусен професионалец со повеќегодишно искуство во областа. Неговата обврска е да ги прегледува и оценува изработените задачи на студентот а потоа, во термин кој меѓусебно ќе биде договорен, со студентот одржува 1-на-1 онлајн менторска сесија на која дискутираат за задачите кои ги доставил студентот.
Диплома
По успешното завршување на комплетната студиската програма, студентот добива диплома и звање Веб дизајнер.
НАСТАВНА ПРОГРАМА
# | модул | единечна цена |
---|---|---|
1 | WordPress | 7.669 ден |
2 | Photoshop CC 2015 | 7.669 ден |
3 | Photoshop CC за веб дизајн | 4.129 ден |
4 | Illustrator CC 2015 | 7.669 ден |
5 | Illustrator CC за веб дизајн | 4.129 ден |
6 | Проекти со Photoshop Illustrator и CSS | 7.669 ден |
7 | HTML: основи | 7.669 ден |
8 | CSS: основи | 7.669 ден |
9 | CSS: проекти | 7.669 ден |
10 | JavaScript | 7.669 ден |
11 | HTML5: проекти | 7.669 ден |
12 | Aptana Studio 3 | 2.359 ден |
13 | GitHub | 3.539 ден |
14 | Визуелен дизајн | 7.669 ден |
15 | Типографија | 7.669 ден |
16 | Основи на прилагодлив дизајн | 3.539 ден |
17 | Применет прилагодлив дизајн | 7.669 ден |
18 | Прилагодливи слики | 7.669 ден |
19 | Проекти во прилагодлив дизајн | 7.669 ден |
20 | Основи на SEO | 7.669 ден |
21 | SEO: креирање линкови | 7.669 ден |
22 | Подобрување SEO со употреба на техники за пристапност | 7.669 ден |
23 | WordPress додатоци за SEO | 7.669 ден |
редовна цена (поединечна набавка) | 144.529 ден | |
цена во пакет со 25% попуст (авансно плаќање) | 116.803 ден |
Консултации
Доколку имаш прашања на кои не можеш да најдеш одговор, закажи уште денес бесплатни индивидуални консултации. Избери термин кој ти одговара и представник на академијата ќе те побара.
Уписи
За да почнеш да студираш на веб академијата Еверест, не мораш да го чекаш вообичаениот почеток на академската година. Почни со студии тогаш кога ќе бидеш подготвен(а).
Бесплатна проба
Ако за прв пат се среќаваш со учењето на далечина и имаш дилеми дали тоа воопшто ќе функционира за тебе, направи го првиот чекор без никаков ризик – биди наш гостин-студент и ќе ти го подариме првиот курс од оваа програма без потпишување било какви договори или обврски. Со статус гостин-студент ќе имаш пристап до материјалите за учење и добиваш можност да видиш дали учењето на далечина е за тебе – или не.
За да го станеш гостин-студент пополни ја следнава пријава:
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Карактеристики
- Лекции 0
- Квизови 0
- Должина 23 месеци
- Ниво All levels
- Јазик МК
- Студенти 0
- Задачи Yes