Несаканата пошта, најчесто позната како "spam" денес представува голем проблем. Таа денес достигна толку големи пропорции што e-mail сервис провајдерите и Интернет Сервис Провајдерите (ISPs) мораа да постават системи за блокирање односно филтрирање со цел да се одделат добрите момци од лошите.

Понекогаш, за жал, овие програми ја блокираат е-поштата која ја очекувате.

За да се осигурате дека со сигурност ќе ги примате сите email-ови од нас, еве што треба да направите:

Погрижете се да ги додадете нашите email адреси во вашиот емаил адресар. Процедурата која треба да ја направите се нарекува whitelisting, a представува процес на додавање на одобрени емаил адреси и домени за кои програмите за блокирање или филтрирање ќе дозволат испорака на емаил пораки.

Зошто е сето ова важно?

Доколку сте запишани на некој наш курс или студиска програма, најголемиот дел од комуникацијата во врска со вашите активности ќе биде по пат на е-пошта. Затоа, за да не пропуштите некои од овие пораки, задолжително завршете ја оваа процедура.

Се разбира, секој сервис за користење е-пошта е различен. Подолу се инструкциите за најпопуларните. Ако во овој список не се наоѓа вашиот сервис за е-пошта, контактирајте го вашиот ISP за инструкции.

GMAIL

  1. Одвлечкајте го мејлот од вашиот Promotions таб во вашиот Primary таб
  2. На прашањето “Do this for future messages?” одговорете со “Yes”

Алтернативен начин:

  1. Однесете го поинтерот до линијата Subject
  2. Кликнете на “Add to contacts”
  3. Снимете го испраќачот во вашиот Contacts list

YAHOO!

  1. Отворете го мејлот во вашиот inbox
  2. Кликнете на адресата на испраќачот
  3. Одберете “Add to contacts”
  4. Кликнете на Save

OUTLOOK 2003 (и понов)

  1. Отворете го мејлот во вашиот inbox
  2. Кликнете со десното копче врз пораката “Click here” to download images
  3. Кликнете на “Add Sender to Safe Senders List.”

APPLE

  1. Отворете го мејлот во вашиот inbox
  2. Кликнете на адресата на испраќачот
  3. Кликнете на “Add to Contacts”

WINDOWS LIVE

  1. Отворете го мејлот во вашиот inbox
  2. Кликнете на адресата на испраќачот
  3. Кликнете на “Add”
  4. Додадете дополнителни информации по потреба
  5. Кликнете на Save

AOL

  1. Кликнете на Contacts
  2. Кликнете “New Contact
  3. Додатете ги контакт информациите
  4. Кликнете на “Add Contact