Детска ИТ Академија: Дигитални вештини & програмирање за деца и тинејџери

Ги подготвуваме вашите деца за иднината со проектно-базирани активности. Истражуваме технологии, учиме преку практични примери и запознаваме различни професии, во срцето на Скопје.

Запишете се на листата за чекање

Учење преку работа

Со пристапот на учење базиран на проекти учениците активно учат преку учество во реални проекти.

Професии

Работејќи на проекти учениците добиваат улоги од светот на возрасните што им помага да се запознаат со различни професии.

Компјутерски вештини

За да ги реализираат проектите учениците користат различни апликации со што стекнуваат компјутерски вештини.

ПРОГРАМА

Сите наши програми се прилагодени на возраста на децата

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

1 месец бесплатна обука. Испробајте пред да одлучите!

Дозволете му на вашето дете да открие колку се забавни и корисни нашите часови!

Пријавете го вашето дете уште денес и овозможете му еден месец бесплатна обука пред да потпишете договор за школување.

ПРИДОБИВКИ ОД УЧЕЊЕ БАЗИРАНО НА ПРОЕКТИ

Развива креативно и критичко размислување
Ги подобрува вештините за решавање проблеми
Ја олеснува практичната примена на технологијата
Промовира соработка и ефективна комуникација
Нуди практични искуства од реалниот свет
Обезбедува флексибилни начини за демонстрација на знаење

УЧЕЊЕ СО ХУМАНИТАРНА МИСИЈА

Освен што обезбедуваме висококвалитетно образование за вашето дете, сите приходи од школарините ги насочуваме кон фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ и поддршка на образованието на децата без родители од детскиот дом 11 Октомври.

Школувајќи го своето дете им помагате на децата без родители да добијат шанса за подобра иднина.

Затоа што секое дете заслужува подеднаква шанса!