Дигиталната писменост се учи. Исто како странски јазик.

Детската ИТ академија Еверест е повеќегодишна програма во која децата систематски стекнуваат дигитални компетенции преку практична работа на компјутер.

ЕВЕРЕСТ ВО УЧИЛНИЦА
Реална работа. Реални проекти. Наставник кој насочува.

ЗОШТО ЕВЕРЕСТ?

Не учат само да користат технологија.
Учат што можат да направат со неа.

01

Технологија со практична цел

Дигиталните алатки се користат затоа што се потребни за да се заврши конкретна задача или проект.

02

Учење преку создавање

Децата учат додека истражуваат, решаваат проблеми и создаваат нешто свое што има јасен резултат.

03

Простор за истражување

Различните проекти ги воведуваат во повеќе области и контексти, без прерано насочување кон една професија.

04

Наставник кој води, а не решава наместо детето

Наставникот поставува прашања, насочува и помага детето самостојно да стигне до решение.

Пред децата да изберат што сакаат да бидат, треба да добијат можност да откријат што сè можат да бидат.

Програма што расте заедно со вашето дете.

Primary

I–III одделение

8 проекти

Junior 1

IV–V одделение

7 проекти

Junior 2

IV–V одделение

5 проекти

Senior

Планирано ниво

КАКО РАБОТИ НАСТАВНИКОТ

Наставникот не ја решава задачата наместо детето.

Наставник и дете работат на реален проект
≤ 11 деца во група

За наставникот навистина да може да ја следи работата на секое дете.

Наместо веднаш да го даде одговорот, наставникот го води детето низ процесот: поставува прашања, насочува кога ќе заглави и остава простор самостојно да проба, згреши и поправи.

01

Поставува прашања

За детето само да ја разбере задачата и да дојде до следниот чекор.

02

Насочува

Помага кога е потребно, без да ја преземе задачата во свои раце.

03

Остава простор

Детето пробува, тестира, коригира и учи од сопствениот процес.

Запознајте ги наставниците

РОДИТЕЛИТЕ ЗА ЕВЕРЕСТ

Што велат родителите?

Неколку искуства од родители чии деца учат во Еверест.

„Убаво објаснување и учење нови работи на начин лесно разбирлив за децата.“

— Ирена, родител

„Задоволно дете после одржан час е најдобра потврда дека сте на прав пат.“

— Христина Панчевски, родител

„Се учи етапно, има максимална поддршка и убава атмосфера.“

— Катерина, родител

„Сама ги изработуваше презентациите за во училиште.“

— Родител на ученик

ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ

Практични информации

Сè што е важно да знаете за ритамот на наставата, групите, опремата и школарината.

РИТАМ 1× неделно 80 минути
ГОДИШНО 64 часа 2 × 40 минути по сесија
ГРУПА до 11 деца секое на свој лаптоп
ШКОЛАРИНА 16.000 ден. 8 × 2.000 денари
01

Што е обезбедено

Секое дете работи на свој лаптоп обезбеден од Еверест.

Софтверот, лиценците, скриптите и материјалите се обезбедени.

02

Почеток и приклучување

Почеток: 21 септември 2026

Подоцнежно приклучување е можно зависно од соодветноста и слободните места.

01 Дали детето треба да има претходно знаење?

Не. Програмата е поставена така што децата постепено напредуваат низ нивоата и проектите. Најважни се возраста, соодветната група и подготвеноста за работа.

02 Дали детето треба да носи свој лаптоп?

Не. Секое дете работи на свој лаптоп обезбеден од Еверест. Потребниот софтвер и лиценците, како и скриптите и материјалите за работа, се обезбедени.

03 Има ли домашна работа?

Нема класична задолжителна домашна работа. Кога има смисла, детето може доброволно да продолжи или да надгради проект на кој работело.

04 Што ако детето пропушти час?

Одговорот ќе го усогласиме со важечката политика на Еверест пред објавување.

05 Може ли детето да се приклучи по почетокот на учебната година?

Да, подоцнежно приклучување е можно зависно од возраста, соодветноста на групата, тековната фаза на програмата и слободните места.

06 Како функционираат 4-те бесплатни сесии?

Детето посетува четири последователни редовни сесии. До петтата сесија нема обврска за плаќање или договор; потоа родителот одлучува дали ќе продолжи.

СЛЕДНИОТ ЧЕКОР

Изберете како сакате да започнете.

Можете прво да ја запознаете наставата преку 4 бесплатни редовни сесии, или веднаш да го запишете детето во соодветна група.

01 4 БЕСПЛАТНИ СЕСИИ

Пробајте пред да одлучите.

Ако сакате прво да проверите дали програмата му се допаѓа на вашето дете, може да започне со четири бесплатни редовни сесии пред да одлучите за упис.

Редовна настава Одлука пред 5-тата сесија Еднократна можност по дете Почетокот зависи од расположливоста; за бесплатните сесии вообичаено се чека подолго
Пријавете се за 4 бесплатни сесии
02 ДИРЕКТЕН УПИС

Обезбедете место веднаш.

Ако веќе сте одлучиле, со уплата веднаш го обезбедувате местото на детето во соодветна група, без да чекате термин за бесплатните сесии.

16.000 денари 8 × 2.000 денари Без пробен период Директниот упис овозможува побрзо обезбедување место, без чекање термин за бесплатните сесии
Запишете го детето веднаш

ОНЛАЈН КУРСЕВИ

Учете и онлајн, кога тоа повеќе ви одговара.

Покрај редовната Детска ИТ академија, Еверест нуди и онлајн курсеви како посебна форма на учење.

Погледнете ги онлајн курсевите →