Како функционира Академијата

Детето не доаѓа да гледа.Доаѓа да работи.

Во Еверест децата учат со практична работа: истражуваат, создаваат, решаваат задачи и ги користат дигиталните алатки во конкретен контекст.

32средби годишно
64училишни часа
1×неделно
80минути по средба
≤ 11деца во група
Континуитет

Една година има јасен ритам

Децата доаѓаат еднаш неделно во текот на учебната година. Секоја средба трае 80 минути — доволно за да разберат нова задача, да ја пробаат, самостојно да работат и да го подобрат резултатот.

Дигиталните способности се градат со повторна примена — задача по задача, проект по проект, година по година.
32средби во текот на учебната година
80 мин.време за објаснување, практична работа, проверка и подобрување
64училишни часа годишно

Еден училишен час трае 40 минути, па една средба во Еверест опфаќа два училишни часа.

Еден час во Еверест

Од објаснување до подобро сопствено решение

1

ОБЈАСНИ

Детето разбира што треба да направи и која е целта.

2

ПОКАЖИ

Наставникот демонстрира нова постапка, техника или алатка.

3

ВЕЖБАЈ

Детето самото пробува и стекнува сигурност.

4

ПРИМЕНИ

Наученото го користи во конкретна задача или проект.

5

ПРОВЕРИ

Го разгледува резултатот и открива што треба да се поправи.

6

ПОДОБРИ

Се враќа на својата работа и ја прави подобра.

Наставникот го следи процесот, поставува прашања, помага кога е потребно и го насочува ученикот кон решение. Но не ја завршува задачата наместо него.

Со секоја нова задача, детето презема малку поголем дел од работата самостојно.
Проектот е контекстот

Прво задачата. Потоа алатките.

Не почнуваме од прашањето „Кои функции од оваа програма треба денес да ги научиме?“

Почнуваме од: Што треба да истражиме, создадеме, анализираме, објасниме или решиме?

Потоа доаѓа технологијата што е потребна за задачата.

Не учи само како работи некоја алатка, туку и кога, зошто и за што може да ја употреби.
Погледнете ги проектите →
Пример за логиката
1
ЗадачаСобери информации или податоци за реален проблем.
2
РазмислувањеОдлучи што е важно и како да го организираш.
3
АлаткиКористи соодветни дигитални алатки за обработка и претставување.
4
РезултатСоздади нешто што може да се провери, објасни или подобри.
Активна работа

Свој лаптоп. Сопствен резултат.

На компјутер најдобро се учи кога детето самото работи на компјутер.

Затоа секој ученик во Еверест работи на свој лаптоп. Нема едно дете да ја изведува задачата додека друго само го гледа неговиот екран.

Групите имаат најмногу 11 деца, за наставникот да може реално да ја следи нивната работа и да помогне кога некој ќе заглави.

01

Свој лаптоп

Секое дете непосредно ги користи алатките што ги учи.

02

Сопствен резултат

Не е доволно да разбере што направил наставникот. Треба самото да го направи.

03

Материјали за работа

Учениците добиваат скрипти и материјали на кои можат повторно да се навратат.

04

До 11 ученици

Групата е доволно мала наставникот внимателно да ја следи работата на учениците.

Различно темпо

Не сите деца завршуваат во ист момент.
И не мора.

Некое дете ќе ја совлада задачата веднаш. На друго ќе му треба уште еден обид, дополнително објаснување или малку повеќе време. И двете се нормален дел од учењето.

Ако му треба повеќе време

Наставникот помага да се открие каде настанал проблемот и го насочува детето како да продолжи.

Целта не е само да стигне до готов резултат, туку да разбере како стигнало до него.

Ако заврши порано

Првата точна верзија не мора да биде последната.

  • може да го подобри решението;
  • да експериментира;
  • да преземе дополнителен предизвик;
  • или, по насока на наставникот, да му помогне на соученик.
Ученикот може да помогне. Наставникот ја води наставата.
Работа дома

Нема класична задолжителна домашна работа

Децата веќе имаат училиште, домашни задачи и други активности. Не сакаме информатичката едукација да стане уште една неделна обврска што мора да се заврши дома — ниту уште една задача што родителот треба да ја контролира.

Сериозната работа ја правиме на час.

Таму има време за објаснување, практична работа, грешки, прашања, проверка и подобрување.

А ако некој проект навистина го заинтересира детето, може доброволно да:

→го надгради;
→направи поинаква верзија;
→експериментира со ново решение;
→примени нешто што научило во сопствена идеја.
Не сакаме детето да продолжи дома затоа што мора. Сакаме да има простор да продолжи затоа што сака.
Напредок

Поважно е што детето може да направи, отколку што „поминало“

Завршената лекција сама по себе не е доволна. Напредокот се гледа во работата и во растечката самостојност.

Погледнете ги дигиталните компетенции →
✓разбира што бара задачата;
✓започнува со помалку помош;
✓избира и користи соодветни алатки;
✓забележува грешка;
✓бара решение кога нешто не функционира;
✓проверува и подобрува сопствен резултат;
✓поврзува нешто ново со она што веќе го знае.
Задачите стануваат посложени. Детето станува посамостојно.
Повеќегодишен развој

Не собираме програми. Градиме способности.

Една средба носи ново искуство. Повеќе задачи носат практика. Различни проекти бараат старото знаење повторно да се употреби во нов контекст.

Primary

Први сигурни чекори во самостојна работа со технологија.

Junior

Поширока примена на дигиталните алатки во различни задачи и контексти.

Intermediate

Поголема сложеност, поврзување на повеќе знаења и поголема самостојност.

Senior

Следното развојно ниво на програмата.

Junior 1 и Junior 2 се две рамноправни програми во рамките на Junior семејството. Истото важи и за Intermediate 1 и Intermediate 2. Ознаките „1“ и „2“ не значат задолжителен редослед.
Насоката е поважна од бројот: од први сигурни чекори кон сè поширока, посамостојна и посмислена употреба на технологијата.
Погледнете ја програмата →
Следниот чекор

Сега знаете како работи Еверест.

Погледнете ги програмските нивоа, истражете ги проектите или продолжете директно кон запишување.