ЗА ЕВЕРЕСТ

Повеќе од три децении искуство во образование и технологија стојат зад денешниот Еверест.

Еверест е Детска ИТ Академија во која технологијата ја користиме како средство за учење, создавање, истражување и решавање задачи. Денешната програма е резултат на долгогодишно искуство во ИТ-образование, развој на образовни програми и работа со ученици.

Денешна настава во Детската ИТ академија Еверест
Фотографија од основањето на Alexandria
Alexandria · 1993
1993 → денес
Искуство што се развивало заедно со технологијата.

КРАТКА ИСТОРИЈА

Искуство што се развивало заедно со технологијата.

Денешниот Еверест не е создаден преку ноќ. Зад него стојат повеќе фази на работа во приватното ИТ-образование, професионалната обука, учењето на далечина и образованието за деца.

1993

Alexandria

Започнува приватното професионално искуство во ИТ-образованието со основањето на Alexandria.

2000

ИТ-образование за деца

За првпат започнува да функционира организирана Детска ИТ академија како образовен концепт.

2003

Академија на ИТ „Alexandria“

Основана е првата приватна стручна школа за ИТ занимања во Македонија. Низ едногодишните студии поминуваат над 500 студенти.

2013

MyMentor

Марјановиќ Едукација ја развива првата македонска платформа за менторирано учење на далечина.

2015

Веб академија Еверест

Со поддршка од ФИТР започнува изградбата на Веб академијата Еверест; за 15 месеци се создаваат 5 студиски програми и 45 курсеви на македонски јазик.

2025

Детска ИТ академија Еверест

Долгогодишното искуство во ИТ-образование за деца продолжува под денешното име и со современиот програмски модел на Еверест.

КАКО СЕ МЕНУВАШЕ ПРИСТАПОТ

Од учење алатки до учење преку создавање.

Во текот на годините се менувале технологиите, програмите и начините на учење. Она што постепено станувало сè појасно е дека за децата не е доволно само да научат одредена апликација. Поважно е да научат да размислуваат, прашуваат, истражуваат, организираат информации, создаваат и решаваат задачи.

Порано›Научи ја алатката.
Денес›Реши задача и создај резултат.
Технологијата›Средство потребно за проектот, не цел сама по себе.
Резултатот›Пошироки, функционални дигитални компетенции и поголема самостојност.

БЕЗ РАНА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА

Не подготвуваме деца за една професија.

Светот на технологијата се менува премногу брзо за образованието да се сведе на една алатка или една професија. Затоа децата се среќаваат со различни проекти, области, задачи и начини на работа. Во еден проект истражуваат, во друг анализираат податоци, во трет создаваат веб-страница, презентација, игра, база на податоци или кампања.

„Пред децата да изберат што сакаат да бидат, треба да добијат можност да откријат што сè можат да бидат.“
Наставник со ученици на час во Еверест

НАСТАВНИЦИТЕ

Луѓето се поважни од технологијата.

Добра програма сама по себе не е доволна. Затоа наставниците ги избираме не само според тоа што знаат, туку и според тоа како работат со деца — дали умеат да објаснат, да слушаат, да препознаат кога е потребна помош и кога треба да остават простор за самостојност.

Запознајте ги наставниците →

КАКО ЈА ГРАДИМЕ ДОВЕРБАТА

Најдобар доказ е работата на децата.

Наместо големи тврдења, сакаме да покажеме што навистина се случува во програмата.

01

Проекти и конкретни резултати

Она што детето го создава покажува многу повеќе од список на алатки или курсеви што ги посетило.

02

Јасна програмска структура

Родителите можат да видат како се поврзуваат нивоата, проектите и постепениот развој на компетенциите.

03

Реална настава и луѓе

Наставничките профили, примери од училницата и искуствата на родители се дел од сликата, не декоративни testimonials.

ПРОГРАМАТА ДЕНЕС

Погледнете како ова искуство е преточено во денешната програма.

Запознајте ги програмските нивоа, проектите и начинот на кој децата постепено развиваат пошироки дигитални компетенции.

Погледнете ја програмата