ЧПП

Прашања што родителите најчесто ги поставуваат.

Кратки и директни одговори за програмата, наставата, бесплатните сесии, уписот, школарината и практичните работи околу Академијата.

01

За програмата

Основни практични прашања пред да изберете програмско ниво или начин на започнување.

За која возраст е програмата?

Програмата е наменета за ученици од основното образование. Соодветното ниво главно се одредува според одделението, а кога е потребно се зема предвид и претходното искуство.

Како се одредува соодветното ниво?

Основниот критериум е одделението. Ако детето има претходно искуство или се вклучува директно во повисоко ниво, наставникот може да направи кратка проценка преку разговор и практични прашања.

Дали е потребно предзнаење?

За почетните нивоа не е потребно предзнаење. Ако детето се вклучува директно во повисоко ниво, наставникот проценува дали претходното искуство е соодветно.

Дали детето треба да има сопствен лаптоп?

Не. За време на наставата секое дете работи на посебен лаптоп обезбеден од Еверест.

Колку деца има во една група?

Во една група има максимум 11 ученици.

Колку трае една наставна сесија?

Една наставна сесија трае 80 минути, односно 2 × 40 минути. Наставата се одржува еднаш неделно.

Колку настава опфаќа едно годишно ниво?

Целосното годишно програмско ниво опфаќа 64 училишни часа.

02

4 бесплатни наставни сесии

Бесплатниот период е начин детето реално да ја запознае наставата пред родителот да донесе одлука.

Погледнете ги деталите за запишување →

Дали бесплатните сесии се демонстративни часови?

Не. Детето се приклучува во вистинска редовна група и четири последователни недели учествува во наставата заедно со останатите ученици.

Колку трае бесплатниот период?

Четири последователни наставни сесии, односно приближно четири недели според редовниот распоред на групата.

Дали се плаќа нешто ако детето не продолжи?

Не. Ако детето не продолжи по бесплатниот период, нема обврска да ги плати тие четири сесии.

Кога се донесува одлуката за продолжување?

До крајот на бесплатниот период родителот одлучува дали детето ќе продолжи. Ако продолжува, редовниот упис и уплатата се регулираат пред петтата сесија.

Кога започнува плаќањето ако детето продолжи?

Петтата наставна сесија е првата платена. Пред неа се регулира редовниот упис и уплатата за следниот наставен циклус.

Колку пати може да се користат 4 бесплатни сесии?

Можноста е еднократна по дете и не се повторува при секоја нова учебна година или при промена на програмско ниво.

03

Упис и школарина

Практични информации за почетокот на учебната година, подоцнежно приклучување и цената на програмата.

Погледнете ја страницата Запишување →

Кога започнува учебната 2026/27?

Главниот почеток на учебната 2026/27 е 21 септември 2026.

Може ли детето да се приклучи и подоцна?

Да, ако во соодветната група има слободно место. Пред приклучувањето проверуваме што групата веќе има обработено и како најдобро да се организира вклучувањето на детето.

Како се пресметува школарината при подоцнежно приклучување?

Се плаќа само делот од програмата што преостанува. Ако детето се вклучи во текот на веќе започнат наставен циклус, првата уплата се пресметува сразмерно на бројот на преостанати сесии во тој циклус.

Може ли да направам директен упис без бесплатните сесии?

Да. Ако веќе сте сигурни дека сакате вашето дете да ја следи програмата, можете веднаш да направите директен упис.

Колку изнесува школарината за 2026/27?

Вкупната цена за целосното годишно ниво е 16.000 денари, со можност за плаќање во најмногу 8 рати од по 2.000 денари.

Има ли попуст ако запишам повеќе деца?

Да. Кога истовремено се запишани две или повеќе деца од исто семејство, за второто и за секое наредно дете се применува попуст од 10% додека најмалку две деца имаат активен договор за обука.

Што е вклучено во школарината?

Во школарината се вклучени наставата, лаптопот што детето го користи на час, потребниот софтвер и лиценци, работните материјали, Пасош на вештини и диплома.

За време на обуката семејството добива и пристап до онлајн курсевите за Microsoft Word, Excel, PowerPoint и Outlook.

04

Плаќање и наставни циклуси

Ратите се врзани за реализирана настава, а не за календарски месеци.

Дали ратата е месечна школарина?

Не. Една полна рата од 2.000 денари се однесува на еден наставен циклус од 4 наставни сесии, односно 8 училишни часа, и се плаќа однапред пред почетокот на тој циклус. Ратата не е врзана за календарски месец.

Кога точно се плаќа следната рата?

Секоја рата се плаќа однапред, пред започнувањето на наставниот циклус од 4 сесии на кој се однесува. Следната рата доспева пред почетокот на следниот циклус, откако ќе заврши тековниот циклус од 4 реализирани сесии.

Што ако во циклусот има празник или планирана пауза?

Празниците, зимскиот распуст и однапред најавените ненаставни денови може да го продолжат календарското времетраење на циклусот. Нова рата не доспева сè додека не се реализираат сите 4 наставни сесии од тековниот циклус.

Како се плаќа школарината?

Плаќањето се врши преку банка, во целост или на најмногу 8 рати.

05

Настава, паузи и отсуства

Што се случува кога ученикот отсуствува, кога има празник или кога сесијата не може да се одржи.

Како се најавува отсуство?

Отсуство може да се најави по телефон, e-mail или Viber.

Дали школарината се намалува ако детето отсуствува?

Не. Местото на ученикот е резервирано за целиот наставен циклус, па отсуството поради болест, патување или други причини не ја намалува ратата и не создава право на делумен поврат.

Може ли пропуштен час да се надомести во друга група?

Надоместување во паралелна група не се гарантира, бидејќи зависи од распоредот, содржината што ја работи групата и расположливите места.

Што ако Еверест мора да откаже наставна сесија?

Ако закажана сесија не може да се одржи поради причина на страна на Еверест или поради виша сила, родителите се известуваат и се обезбедува надоместување на неодржаната сесија.

Постои ли минимално задолжително присуство?

Нема формално дефиниран минимум присуство, но за успешно следење на програмата важно е детето да ги заврши предвидените проекти и наставни активности.

Има ли домашна работа?

Нема класична задолжителна домашна работа. Каде што има смисла, детето може доброволно да продолжи или да го надгради проектот дома.

06

Напредок

Како родителот дознава како работи детето и што веќе може да направи самостојно.

Како родителот добива информација за напредокот на детето?

Во моментов наставниците најчесто даваат усна повратна информација за тоа како детето работи, каде му е потребна поддршка и како напредува низ проектите.

Дали се оценува со оценки или бодови?

Фокусот не е на класично оценување, туку на тоа што детето може да направи самостојно, како го применува наученото и какви резултати создава низ проектите.

07

Откажување

Што се случува со тековниот циклус и со идните рати ако детето престане со обуката.

Погледнете ги деталите за запишување →

Што ако детето сака да престане со обуката?

Родителот може во секој момент писмено или по e-mail да извести дека детето престанува со обуката.

Тековниот наставен циклус се плаќа во целост, а ученикот може да ја посетува наставата до крајот на тој циклус. За идните наставни циклуси нема дополнителна обврска, а однапред платените износи за нив се враќаат.

08

Локација и контакт

Ако не го најдете одговорот тука, можете директно да ни се јавите или да ни пишете.

Каде се одржува наставата?

Наставата се одржува на ул. Мирче Ацев бр. 4, Скопје, втор кат, во зградата на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Кочо Рацин“ (поранешен Работнички универзитет).

Како можам да ве контактирам?

Телефон / Viber: 078 267 837
E-mail: contact@everest.mk

НЕ ГО НАЈДОВТЕ ОДГОВОРОТ?

Испратете ни го прашањето.

Ако не го најдовте одговорот во ЧПП, пишете ни што ве интересира. Ќе ви одговориме со конкретна информација за програмата, уписот или ситуацијата на вашето дете.

Или јавете ни се / пишете ни на Viber: 078 267 837.