Образовен пристап

Не учиме алатки изолирано.Учиме како да ги употребиме.

Во Everest детето не почнува со софтверот. Почнува со задача, прашање или проблем што треба да го реши — и со нешто конкретно што треба да го создаде.

Потоа ја користи технологијата што му е потребна за да стигне до резултат.

Детето не собира програми. Гради способности.
Од задача кон алатка

Прво задачата. Потоа алатката.

Може да се научи како се внесува формула во табела, како се уредува документ или како се создава презентација. Но познавањето на командата не значи дека детето ќе знае кога таа команда му е потребна.

Кога алатката е цел

„Денес ќе учиме функции во Excel.“

Детето учи како работи одредена функција и каде се наоѓа.

Кога задачата е цел

„Имаме податоци. Што можеме да откриеме од нив?“

Детето размислува што треба да постигне и учи која алатка ќе му помогне да стигне дотаму.

Тогаш табелата, формулата и графикот добиваат причина да постојат. Таа разлика е суштината на нашиот пристап.

Учење во контекст

Проектот не доаѓа по учењето. Проектот е местото каде што се учи.

Детето има цел. За да стигне до неа, треба да пронајде информации, да размисли што е важно, да донесе одлуки, да избере соодветни алатки и да создаде конкретен резултат.

1
Задача
2
Истражи
3
Размисли
4
Избери алатки
5
Создади
6
Провери
7
Подобри
Активен ученик

Детето не е публика. Тоа ја создава работата.

Лесно е нешто да изгледа јасно додека гледаме како го прави некој друг. Вистинското учење се проверува кога треба самите да направиме нешто.

Наставникот ја поставува рамката, објаснува и демонстрира кога е потребно, поставува прашања и го насочува ученикот кога ќе заглави. Но не ја презема неговата работа.

истражува
прашува
избира
пробува
создава
проверува
поправа
објаснува
Од знаење кон способност

Вистинската проверка доаѓа во нова ситуација.

Едно е детето да повтори постапка што веќе ја вежбало. Друго е во нова задача само да препознае: „Ова што го научив претходно може да ми помогне и тука.“

Затоа важните способности повторно се појавуваат во различни ситуации — со нова цел и во нов контекст.

Организирање и претставување информации
Контекст 1Истражување на тема
Контекст 2Анализа на податоци
Контекст 3Презентација на заклучок
Контекстот се менува. Наученото патува со детето.
Пошироки хоризонти

Различни задачи. Различни улоги. Поширок поглед.

Технологијата не постои само во ИТ. Ја користат луѓе од речиси секоја област — но за различни цели. Затоа низ проектите детето влегува во различни ситуации и улоги.

истражувачаналитичардизајнерпретприемачпрограмер
Еден пример · TechnoWonderland
УлогаМаркетинг менаџер за забавен парк

Од идеја за забавен парк до одлуки засновани на податоци

Наместо „научи Excel и PowerPoint“, детето добива задача што бара истражување, собирање мислења, анализа и комуникација на идејата пред други.

1Истражување
2Анкета
3Податоци
4Анализа
5График
6Комуникација

Различните дигитални алатки се појавуваат затоа што се потребни за задачата — не затоа што се на список.

Детето не учи неколку програми одделно. Ги поврзува затоа што има нешто што треба да постигне.
Широка основа пред тесен избор

На десет години не мора да знае што ќе биде.

На девет, десет или дванаесет години не е неопходно детето веќе да знае дали е „за програмирање“, „за дизајн“ или за нешто трето.

Наместо рано да го затвориме во една тесна област, сакаме да му дадеме простор да проба различни типови задачи, да запознае различни области и да открива што го привлекува — додека гради широка дигитална основа.

Не сакаме прерано да ја стесниме перспективата на детето. Сакаме да ја прошириме.

1
Истражува

Пробува различни типови задачи и контексти.

2
Открива

Забележува што го привлекува и во што ужива.

3
Гради основа

Развива способности што се корисни во повеќе области.

4
Подоцна избира

Носи потесни избори врз основа на повеќе искуство.

Од водство кон самостојност

Не очекуваме детето веднаш да знае само. Го учиме постепено да може.

Самостојност не значи ученикот да биде оставен сам да се снаоѓа. На почетокот му се потребни повеќе структура, примери, објаснување и насока.

„Следи ги овие чекори.“
→
„Што мислиш дека треба да направиш следно?“
„Употреби ја оваа алатка.“
→
„Што би било најсоодветно за оваа задача?“
„Ова е точно.“
→
„Како можеш сам да провериш?“
Повеќе структура
Повеќе самостојност
Образовен контекст

Овој пристап има име.

Образовниот пристап во кој учениците учат работејќи на смислени задачи и проекти е познат како Project-Based Learning — проектно базирано учење.

Но за нас терминот е помалку важен од она што се случува со детето. Тоа не е само примател на инструкции. Треба да размислува, да применува, да создава, да проверува и да носи одлуки.

Знаењето не треба да остане врзано за една вежба. Треба повторно да му биде корисно во нова ситуација. А технологијата не е тема сама за себе — таа станува средство за истражување, решавање проблеми и создавање.

Не сакаме детето само да знае повеќе за технологијата. Сакаме да стане поспособно да ја употребува.
Следен чекор

Проекти

Погледнете ги конкретните задачи, ситуации и улоги преку кои децата ја применуваат технологијата.

Погледнете ги проектите

Дигитални компетенции

Погледнете што детето постепено станува способно да прави низ повеќегодишното учење.

Дигитални компетенции

Како функционира Академијата

Погледнете како овој пристап се претвора во практично организирана настава.

Како функционира
Everest. Врв.

Алатките ќе се менуваат. Способноста да ги употребиш останува.

Не сакаме образованието на детето да зависи само од тоа колку добро ја познава денешната верзија на некоја апликација. Сакаме да изгради нешто потрајно: да разбере задача, да научи нешто ново, да избере соодветна технологија и со неа да создаде решение.