КАКО ФУНКЦИОНИРА МЕНТОРИРАНОТО УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА?

1. Гледај

Започни го учењето со гледање снимени видео лекции на македонски јазик. Гледај ги видеата кога сакаш и колку пати сакаш.

2. Повтори

Веднаш по гледањето на инструкциските видеа, превземи ги датотеките за вежбање и обиди се самостојно да ја повториш вежбата.

3. Примени

Стекнатото знаење примени го работејќи на посложени задачи или делови од проекти а потоа трудот испрати му го на твојот ментор.

4. Консултирај

Во термин за 1:1 консултации кој ќе го договориш со твојот ментор ќе добиеш фидбек за сработените задачи и совети за нивно подобрување.

ЗОШТО УЧЕЊЕТО НА ДАЛЕЧИНА СО МЕНТОРИ Е ИДНИНА НА УЧЕЊЕТО?

  • Заштедуваш време

    Учејќи на далечина значи дека не мора повеќе да патуваш до местото на одржување на настава, а било кој курс ти е достапен веднаш.

  • Заштедуваш пари

    Не само што ќе заштедиш на патни трошоци туку и цената на курсевите е пониска, поради пониските оперативни трошоци.

  • Прилагодливо темпо

    Со која динамика ќе учиш зависи само од вас. Ти определуваш колку време ќе одвоиш за учење во текот на денот или неделата.

  • Локацијата е небитна
    Каде и да живееш, ако имаш компјутер и интернет конекција, ќе имаш и своја приватна училница и свои лични ментори.
  • Флексибилност
    Наместо да се придржуваш до туѓи, фиксни термини за настава, сега учењето се прилагодува според твојот распоред на обврски.
  • Сопствени ментори
    Сопствен ментор некогаш беше привилегија само на благородниците и богатите. Сега, тие ти се достапни и на тебе!

Партнери

Заврши ги студиите и ќе ти помогнеме да се вработиш кај нашите партнери

Рекоа за нас

Што велат нашите студенти

Зорица Пановска

раководител на финансии

Инструкциите се многу јасни, добро организирани и водат низ темата чекор по чекор. Тоа ја прави програмата многу лесно разбирлива.

Мирослав Нацевски

сениор софтвер девелопер

“Домашните се подготвени така што се интересни и предизвикувачки за учениците што е од многу голема помош за разбирање и меморирање.”

Марјан Трајановски

Проект менаџмент консултант

“Курсот обезбедува исцрпна покриеност и ги дава потребните знаења и вештини потребни во секојдневните задачи и активности.”

Иван Митревски

консултант

“Добив можност да учам со брзина која ми одговара и детално и темелно знаење поврзано со мојот професионален интерес.”