fbpx
Back

ДЕТСКА DIY АКАДЕМИЈА

Направи своја програма и изгради го твојот свет, на твој начин.

Добредојдовте на Детската DIY академија Еверест, каде што децата стануваат креатори, градители и одговорни глобални граѓани. DIY традиционално значи „направи сам“ и се однесува на културата на градење или создавање работи што може да се купат. На Еверест, DIY значи многу повеќе од тоа.

Направете сами своја програма

Тргнувајќи од тоа дека секое дете е единствено, на нашата академија секое дете, заедно со своите родители, може самостојно да креира своја, индивидуална програма прилагодена на неговите уникатни интереси.

video

Одберете области

Имаме по нешто за секое дете: цртање, фотографија, готвење, здрав живот, програмирање, животни вештини, наука, претприемништво…. работи кои го прават светот прекрасен. На нашата академија младите (од 8 до 16 години) можат самостојно да ги истражуваат своите лични интереси и да осознаат нови, учејќи, откривајќи и споделувајќи широк спектар на вештини.

КАКО ФУНКЦИОНИРА СЕТО ТОА

Академијата обезбедува дигитален простор каде што младите луѓе можат да се вклучат во повеќе активности засновани на проекти, да ги завршат предизвиците за учење и да комуницираат со врсниците со коментирање и лајкување на проектите што ги споделуваат.

Наставата се изведува целосно онлајн, со користење на методологијата на комбинирано учење која вклучува три главни фази:

1. Гледај

Во оваа фаза, децата гледаат видео кое го објаснува предизвикот или задачата што ќе ја завршат. Видеото може да вклучува чекор-по-чекор инструкции, демонстрации или објаснувања за вклучените концепти.

2. Направи

По гледањето на видеaто, децата добиваат задача или предизвик што бара од нив да ги применат знаењата или вештините што ги научиле во видеото. Оваа фаза го нагласува практичното, активно учење и им овозможува на децата да вежбаат и да ги зајакнат своите нови знаења или вештини.

3. Сподели

Конечно, откако ќе го завршат предизвикот, од децата се бара да ја споделат својата работа во форма на фотографија или видео. Овој чекор ги поттикнува децата да размислуваат за она што го научиле и да го пренесат своето разбирање за материјалот.

КУРСЕВИ

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Одговори на сите ваши прашања

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Што претставува DIY академијата?

DIY односно направи-сам академијата Еверест е место каде што младите (од 8 до 16 години) можат да учат, откриваат и споделуваат широк спектар на вештини, исклучиво врз основа на нивните интереси. Комбинирајќи го онлајн учењето со социјалните мрежи, академијата е безбедно опкружување каде младите стекнуваат вештини и навики, градат дигитални портфолија, се поврзуваат со истомисленици и се формираат како одговорни млади луѓе.

Кои се придобивките од следењето ваква програма?

Постојат огромен број придобивки која зависи од одбраните курсеви. Некои од нив се:

  • Развој на креативност и имагинација
  • Развој на способност за критичко размислување
  • Развој на социјални вештини, вклучувајќи тимска работа, комуникација и лидерство
  • Развој на способност за самостојно решавање проблеми
  • Развој на фини моторички вештини
  • Подобрување на когнитивниот развој, вклучувајќи подобрување на меморија, внимание и концентрација
  • Развој на технолошки и претприемачки вештини
  • Зголемување на самодоверба
  • Стекнување животни вештини, како што се планирање и организација, управување со времето и одговорност.
  • Подобрување на физичкото здравје, вклучувајќи флексибилност, рамнотежа, координација и издржливост.
  • Подобрување на фокусот, концентрацијата и справување со стресот

Кој се грижи за децата и нивниот напредокот?

Иако една од најважните цели е децата да се научат на самостојно извршување на нивните обврски (не само во рамки на курсот туку и за сè во животот!) , тие не се оставени сами на себе. За нив се грижат нивниот личен асистент кој го следи напредокот и е во редовен контакт со нив и со родителите, и администраторот на Facebook групата кој се грижи децата да се однесуваат според пропишаните правила.

Дали може еден курс да следат две деца?

Да, се разбира. Но, само она дете кое што е запишано од родителот ќе добие сертификат.

Дали може и возрасни да посетуваат некои од овие курсеви?

Да, со таа разлика што тие не можат да бидат заедно во група со малолетници.

Моето дете слабо разбира македонски

Не грижете се. Сите наши видео материјали се на англиски јазик, со превод на македонски и албански.

НАСТАВА

Каде се одвива наставата?

Наставата се изведува исклучиво онлајн, на платформата за учење на далечина MyMentor.

Што сè е потребно за следење настава?

За следење настава потребен е компјутер (десктоп или лаптоп) и интернет конекција. Дополнително, секој ученик треба да има активен Facebook профил.

Зошто е потребен Facebook и како ќе се користи?

Секој ученик со запишувањето на нашата академија автоматски добива право да биде член на нашата приватна Facebook група во која тие ќе ги објавуваат своите трудови во форма на фотографии или видеа. Освен објавувањето на трудовите тие ќе добијат и можност да лајкуваат и коментираат туѓи трудови, а со самото тоа ќе ја добијат и можноста и нивниот труд да биде оценет од останатите членови.

Комбинирајќи го онлајн учењето со социјалните мрежи, нашата направи-сам академија има за цел да им овозможи на учениците да стекнат нови знаења и вештини, да изградат свое дигитално портфолио, и да станат одговорни членови на една голема заедница истомисленици.

Кога започнува наставата?

Веднаш по приемот на вашата уплата ќе биде креиран кориснички профил за вашето дете и, во рок од 1-2 работни дена, ќе ви биде испратен емаил со инструкции за најавување. По приемот на пораката со инструкциите за најавување вашето дете ќе може веднаш да почне со следење настава.

Дали наставата се изведува во живо?

Не. Сите видео инструкции се снимени и може да се гледаат во време по избор на вашето дете.

Дали има рок за завршување на курсевите, односно програма?

Да. Ако имате одбрано вашето дете да посетува само еден курс, истиот треба да се заврши во рок не подолг од 30 дена. Во случај да имате одбрано мини програма составена од 4 курса, рокот за завршување е 6 месеци. Рокот за завршување на програмата составена од 8 курса е 12 месеци.

ОЦЕНУВАЊЕ

Дали и како се оценува трудот на децата?

Оценувањето, онакво како што ни е на сите познато од формалниот образовен систем, не постои на нашата академија. Наместо тоа вашето дете ќе добие фидбек преку лајкови и коментари од членовите на нашата Facebook група.

Како се доставуваат задачите?

Задачите се доставуваат во форма на фотографија или видео, во зависност од тоа како е побарано во курсот. Прво фотографиите односно видеата се објавуваат во (затворената) Facebook група а потоа се доставува и линк до нив.

Како и кога се добива сертификатот?

Сертификат се добива кога курсот ќе се заврши успешно и во предвидениот рок. Под ова се подразбира да се изведат сите задачи предвидени со курсот и да се достават фотографии или видеа како доказ.

ПЛАЌАЊЕ

Како се врши плаќањето?

Плаќањето се врши исклучиво онлајн, со платежна картичка. Жал ни е, не примаме уплати во готовина.

Дали може школувањето да се плати на рати?

Да. Ако имате одбрано програма составена од 4 курса, плаќањето можете да го направите на 3 месечни рати по 2000 денари. Програмата составена од 8 курса можете да ја платите на 4 рати од по 2000 ден.

Дали може да платам на фактура?

Да. Фактурата ќе ја добиете по меил, во pdf формат, веднаш по приемот на вашата уплата. При плаќањето освен името на вашата фирма наведете го и името на вашето дете.

УПИСИ

Одберете програма по ваша мерка

ПРОБНА

1 курс

пристап 30 дена

сертификат

2000 ден

ПОЛУГОДИШНА

4 курса

пристап 6 месеци

сертификат

6000 ден

[ 1500 ден/курс ]

ГОДИШНА

8 курса

пристап 12 месеци

сертификат

8000 ден

[ 1000 ден/курс ]