



Ги подготвуваме вашите деца за иднината со проектно-базирани активности. Истражуваме технологии, учиме преку практични примери и запознаваме различни професии, во срцето на Скопје.
Запишете се на листата за чекање
Детската IT aкадемија Еверест e уникатна образовна програма чија главна цел е да им помогне на децата да осознаат голем број различни професии на интересен и мотивирачки начин, со истовремено усовршување на компјутерските вештини и стекнување лични вештини.
Станува збор за тематски, проектно базирани активности во кои децата добиваат не само улоги од определена професија туку и предизвици од реалниот живот (прилагодени на нивната возраст) кои треба да ги решат. Така, решавајќи реални проблеми, освен што ќе стекнат компјутерски вештини, ќе се запознаат со различни професии подобрувајќи си ја самодовербата, способноста за критичко размислување и многу други лични вештини. За сето време учениците се поттикнуваат да истражуваат, бараат, откриваат, да го развиваат своето размислување и расудување, и стекнатото знаење да го користат за нивното добро и за општеството во целина.
Наставата на Детската ИТ Академија Еверест се одржува во текот на учебната година, организирана во две полугодија. Наставата во учебната година започнува на 21 септември 2026, а пауза во наставата има за време на зимскиот распуст.
Учениците следат настава според програма прилагодена на нивната возраст:
Секоја од програмите составена е од по 6 до 8 проекти, со вкупен обем од 64 школски часа.
Наставата се изведува со физичко присуство, во училница во срцето на Скопје, под водство на искусни инструктори кои не само што се информатичари туку и имаат повеќегодишно искуство во работа со деца.

Наставата се изведува со динамика еднаш неделно по два часа од 40 минути, според однапред утврден распоред.
Школарината за Детската ИТ Академија Еверест во учебната 2026/27 година изнесува 16.000 денари а се плаќа на 8 рати по 2000 денари.
Со школарината се покриваат трошоците за:
Учениците кои се запишуваат на Детската ИТ Академија откако учебната година ќе започне ги плаќаат само оние модули кои ги следат.
БОНУС: пристап до серија од онлајн курсеви за Word, Excel, PowerPoint и Outlook за сите членови на семејството на запишаниот ученик.
ПОПУСТ: -10% за упис на 2 или повеќе деца од исто семејство.
ПЛАЌАЊЕ: Плаќањето се врши исклучиво онлајн, со електронско банкарство.
БЕСПЛАТНА ПРОБА: Можноста за бесплатна проба во траење од 1 месец (еден проект) се добива еднократно, во зависност од бројот на слободни места во групата.
Запишувањето на Детската ИТ академија се врши континуирано, во текот на целата учебна година. Иако наставата започнува во септември, учениците можат да се приклучат и подоцна, плаќајќи го само преостанатиот дел од школарината.
При уписот се потпишува договор за школување.

Дозволете му на вашето дете да открие колку се забавни и корисни нашите часови!
Пријавете го вашето дете уште денес и овозможете му еден месец бесплатна обука пред да потпишете договор за школување.

Освен што обезбедуваме висококвалитетно образование за вашето дете, сите приходи од школарините ги насочуваме кон фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ и поддршка на образованието на децата без родители од детскиот дом 11 Октомври.
Школувајќи го своето дете им помагате на децата без родители да добијат шанса за подобра иднина.
Затоа што секое дете заслужува подеднаква шанса!

Повеќегодишна информатичка образовна програма во која децата преку проекти постепено развиваат широки и функционални дигитални компетенции.
© 2026 Еверест — Детска ИТ Академија / Марјановик Едукација
Користиме колачиња и слични технологии за правилно функционирање на страницата и за вчитување одредени надворешни услуги. Можете да прифатите, одбиете или да ги приспособите поставките.