fbpx
Специјален попуст за нашите нови детски курсеви. Добијте 30% попуст при регистрација

Веб академијата Еверест е проект на Марјановиќ Едукација, компанија специјализирана за образовни услуги, основана од Александар Марјановиќ.

Александар е основачот и идејниот креатор на Alexandria (www.alexandria.com.mk), најстарата приватна образовна установа во Македонија за ИТ едукација, основана 1993.

Во 2003, под водство на Александар, беше основата Академијата на ИТ Александрија, првата приватна стручна школа за ИТ занимања во Македонија. Како резултат на оригиналниот концепт, искусниот и посветен наставен кадар, над 500 студенти поминаа стручни едногодишни студии а Alexandria, според истражувањата на МАСИТ, Стопанска комора за ИТ, беше доживеана од работодавачите како најдобар добавувач на стручни кадри.

Првиот проект со кој МАРЈАНОВИЌ ЕДУКАЦИЈА ги започнува своите активности во 2013 год. е MyMentor (www.mymentor.edu.mk), првата македонска платформа за менторирано учење на далечина. Ова доаѓа како резултат на над 20 годишното искуство на Александар во областа на едукацијата, многубројните истражувања на пазарот на трудот и е дело на тим составен од инженери, девелопери, искусни ИТ професионалци, проект менаџери, експерти за инструкциски дизајн и продукција на е-курсеви, администратори, како и голем број други соработници. MyMentor започнува со работа во јануари 2014 со 5 курсеви за Microsoft Office апликации.

Во 2015 година, со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој, започнува изградбата на веб академијата Еверест а во период од 15 месеци креирани се 5 студиски програми и 45 курсеви на македонски јазик.