Дали сте нови во веб дизајнот? Почнете од тука. Во овој курс ќе ве запознаеме со основните концепти, алатки и патеки на учење за веб дизајн. Ќе ви објасниме што значи да сте веб дизајнер, кои се различните области на специјализација во полето, и дали веб дизајнот е соодветно хоби или кариера за вас. Ако сакате набрзина да поставите нешто на интернет, погледнете го поглавјето за поставување содржина, избирање име на домен и веб хост. Дали сакате да го збогатите својот комплет со алати? Научете што сé ви е потребно за да креирате нов веб сајт, почнувајќи од софтверот за веб дизајн и системите за управување со содржина, па завршувајќи со тестирање, правење прототипи и работни рамки за развој. Во курсот ќе ви ги прикажеме патеките по кои може да се движите во процесот на учење, и на кратко ќе позборуваме за стандардите и пристапноста, прилагодливиот дизајн, и трите основни веб технологии: HTML, CSS и JavaScript.
Теми:
- Што е веб дизајн?
- Што е веб дизајнер?
- Учење програмирање
- Избирање веб хост
- Работа со CMS
- Структура на веб сајт
- Избирање работна рамка или софтвер
- Дизајнирање следејќи ги стандардите и принципите за пристапност
- Како да научите HTML, CSS, и JavaScript
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на оние кои сакаат да станат веб професионалци и сакаат да градат кариера во областа на вебот.
Практичен дел
Курсот е од теоретска природа и не содржи практичен дел.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, но не содржи менторска помош.
Како да го следите овој курс?
За да го следите овој курс треба претходно да се регистрирате пополнувајќи го овој формулар.
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Карактеристики
- Лекции 28
- Квизови 0
- Должина 10 дена
- Ниво All levels
- Јазик МК
- Студенти 4
- Задачи Yes