fbpx

Најчесто поставувани прашања

Одговори на сите твои прашања на едно место

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Со цел на справување со COVID-19 кризата и подобрување на конкурентноста на младите на пазарот на труд, Владата на Република Северна Македонија, донесе уредба со законска сила за издавање ваучери за обуки за дигитални вештини.
Ваучерот има номинална вредност од 30.000 денари и со него може да се покријат до 50% од вкупниот износ на обуката за дигитални вештини, но не повеќе од 30.000 денари по корисник.
  • Пример 1: Да речеме дека те интересира некоја обука која чини 60.000 денари. Ваучерот ти покрива 50% од овој износ односно 30.000 ден. а остатокот од 30.000 би требало да си го доплатиш. Но, може да побараш да добиеш уште еден ваучер (кој го издава Еверест) со кои би ти биле покриени и останатите 30.000 ден.
  • Пример 2: Да речеме дека те интересира некоја обука која чини 100.000 денари. Во тој случај ваучерот пак ти вреди 30.000 ден, а ќе мора да си доплатиш уште 70.000 ден.
  • Пример 3: Да речеме дека те интересира некоја обука која чини 6.000 денари. Во тој случај ваучерот ти вреди само 3.000 ден и ќе мора да си доплатиш уште 3.000 ден.
За спроведување на оваа мерка обезбедени се 150 милиони денари што е доволно за кофинансирање на најмалку 5000 млади лица.
Ако си:
  • државјанин на Република Северна Македонија,
  • до 13 јуни 2020 година не си постар од 29 години,
  • имаш завршено најмалку средно образование, и си
  • доволно брз и не чекаш до последен момент,
во тој случај го исполнуваш условот за добивање ваучер. Со оглед на тоа што бројот на ваучери е ограничен а издавањето на ваучерите оди по принцип „прв дојден- прв услужен“, тоа значи дека ако чекаш до последен момент, најверојатно и нема да го добиеш, затоа што најверојатно ќе има и побрзи од тебе.
Ваучерот е наменет исклучиво за покривање трошоци за следење за обуки за дигитални вештини.
Ваучерот гласи на име и презиме на корисникот на ваучерот и содржи единствен QR код, рок на важење на ваучерот, назив на обука за дигитални вештини и назив на давателот на обука за дигитални вештини кој ја обезбедува обуката, вредност на ваучерот, како и други корисни информации и инструкции за употреба.
Ако ги исполнуваш горенаведените одговори тогаш - да, може да аплицираш.
Ако ги исполнуваш горенаведените одговори тогаш - да, може да аплицираш.

ДОБИВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ВАУЧЕРОТ

За да го добиеш ваучерот треба да поднесеш барање преку порталот www.uslugi.gov.mk. Тоа е лесен процес и се изведува во 3 чекори. ВАЖНО: Пред да го аплицираш потребно е да знаеш точно за која обука сакаш да се однесува ваучерот (промена подоцна не е можна). Ако имаш дилема, побарај помош. Процесот на аплицирање е едноставен а се изведува на следниов начин:

ЧЕКОР 1: РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРОФИЛ НА USLUGI.GOV.MK

Регистрирањето профил на www.uslugi.gov.mk е процедура која се изведува со различна брзина (може да потрае и неколку дена) а зависи најмногу од тоа дали имаш веќе свој профил на страната на УЈП или не.

СЦЕНАРИО 1: Веќе си регистриран даночен обврзник и имаш свој профил кај УЈП

Ако случајно имаш веќе регистриран профил на страната на УЈП односно веќе си регистриран даночен обврзник, целата работа ќе оди ептен брзо. Сѐ што треба да направиш е на страната www.uslugi.gov.mk да се најавиш со истото корисничко име и лозинка со која се најавуваш на сајтот и потоа веднаш одиш на следниот чекор.

СЦЕНАРИО 2: Сеуште не си даночен обврзник и немаш свој профил кај УЈП

Ако немаш свој профил на УЈП не е крај на светот но процедурата знае да потрае. Еве како оди тоа:
  1. Оди на: https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/register.seam
  2. Го пополнуваш барањето и кликнуваш на РЕГИСТРИРАЈ СЕ
  3. На email-от што го имаш внесено ја добиваш пријавата (ако не ја добиеш веднаш, провери си го спам сандачето)
  4. Барањето го печатиш во 2 примерока, го потпишуваш своерачно и го носиш во најблиската канцеларија на УЈП (список на канцелариите овде)
  5. Во канцеларијата на УЈП ќе те внесат во нивната база на даночни обврзници.
  6. Кога ќе го завршиш сето ова, ќе може да продолжиш со креирање профил на uslugi.gov.mk следејќи го погоре напатствието опишаното во ЧЕКОР 1)

ЧЕКОР 2: ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ

Штом ти биде креиран корисничкиот профил, веднаш потоа ќе може и да го доставиш барањето за добивање ваучер за обука. Тоа е едноставен процес во кој го наведуваш името на обуката и ги закачуваш потребните документи.

ЧЕКОР 3: ДОБИВАЊЕ НА ВАУЧЕРОТ

Министерството за образование и наука, во рок од пет дена од денот на поднесувањето, го разгледува твоето барање и, ако си доволно брз/а ќе ти го достави ваучерот до твојот кориснички профил на порталот www.uslugi.gov.mk, во форма на електронски документ. Со оглед на тоа што бројот на ваучерите е ограничен, предност ќе имаат првопријавените.
Единствено на Еверест може да добиеш дополнителен ваучер за обука со кој ќе ти бидат покриени дополнително уште најмногу 30.000 ден. За да го добиеш нашиот ваучер треба:
  • да одбереш една од понудените студиски програми,
  • да ни го доставиш ваучерот кој го имаш добиено,
  • да уплатиш депозит од 12.000 ден, и
  • да ја завршиш успешно обуката во рок од 6 месеци.
Ако сериозно се посветиш на учењето и успешно ги завршиш студиите во зададениот рок, на твоја трансакциска сметка ќе го добиеш назад уплатениот депозит во целост. Под успешно завршување на курс се подразбира постигнување на резултат од најмалку 80% од секоја од задачите предвидени со програмата на курсот. За да се смета дека обуката е успешно завршена, потребно е  успешно да се завршени сите курсеви од кои е составена студиската програма. Успешноста на студентите ја оценуваат менторите на студиските програми со прегледување на доставените домашни задачи. Задачите кои не се задоволително изработени се враќаат на доработка сѐ додека студентот не ги изработи со минимум прифатливо ниво.
Едно лице кое ги исполнува условите има право да добие еден ваучер.
Барањето за издавање на ваучер за обуки за дигитални вештини може да се поднесе најдоцна до 1-ви август 2020, односно до целосното искористување на средствата предвидени за реализација на овој проект. Со други зборови, тоа не значи дека треба да чекаш до последен ден, бидејќи средствата односно ваучерите се ограничени а распределбата оди според принципот прв дојден – прв услужен.
Не. Еден ваучер може да се искористи за само една обука. Ако одбереш обука со пониска вредност, на пример 6.000 ден., тогаш ваучерот ти вреди само 3.000 ден. а останатите 27.000 ден ти пропаѓаат.
Штом го добиеш ваучерот ни го доставуваш до по емаил, го потпишуваш договорот за школување при што наведуваш кога сакаш да почнеш со обуката.
  • Ако не си даночен обврзник, односно ако немаш своја корисничка сметка во УЈП (Управа за Јавни Приходи), најмногу време ќе ти одзема креирање кориснички профил на националниот портал www.uslugi.gov.mk каде што се врши аплицирањето за добивање ваучер за обуки. Затоа, ако сакаш да стигнеш на време уште СЕГА проучи ја процедурата за аплицирање (објаснета погоре) и започни го процесот.
  • Ако си даночен обврзник, тогаш си во значителна предност во однос на останатите. Но, не се опуштај - аплицирај уште денес, доставувајќи ја скенираната диплома за завршено образование (минимум што се бара е завршено средно образование).

ВАЖНО:

При аплицирањето мора да го наведеш:
  • ТОЧНОТО ИМЕ на нашата студиска програма и,
  • во полето Давател на обука да го внесеш нашето име: Друштво за образовни услуги МАРЈАНОВИЌ ЕДУКАЦИЈА

ОБУКИ

Опис на позицијата

Front-end девелопер е програмер кој го пишува кодот за делот од веб страната кој им е видлива на посетителите. Најчесто, работата на front-end девелоперот е да ги претвори датотеките продуцирани од (веб) дизајнерот во HTML, CSS и JavaScript код. Тоа опфаќа основен изглед и распоред на дизајнот на веб сајтот, слики, содржина, копчиња, елементи за навигација и интерни линкови. Крајниот резултат е код кој служи како front-end структура на веб сајтот, која подоцна ја користи back-end девелоперот за да додаде определена бизнис логика и да поврзе бази на податоци и процеси, заедно со останатите процеси. Front-end девелоперот е одговорен за тоа визуелниот дел од веб страната да е без грешки и да изгледа така како што е дизајниран. Исто така, front-end девелоперот се грижи за видливоста на веб сајтот на различни пребарувачи.

Наставна програма

  1. HTML: основи
  2. CSS: основи
  3. CSS: проекти
  4. JavaScript
  5. HTML5: проекти
  6. Aptana Studio 3
  7. GitHub
  8. jQuery: основи
  9. jQuery: проекти
  10. Основи на прилагодлив дизајн
  11. Применет прилагодлив дизајн
  12. Прилагодливи слики
  13. Проекти во прилагодлив дизајн

БОНУС

По успешното завршување на техничката обука, секој слушател добива две сета дополнителни обуки:
  • Наоѓање работа (5 курса)
  • Наоѓање клиенти (3 курса)
Освен тоа, секој од нив ќе добие и писмо со препорака и директно ќе биде им препорачан на партнерите на академијата (над 200 македонски и представништва на странски компании).

Цена на обуката: 68.902 ден

Забелешка:
  • Со ваучерот за обука за дигитални вештини добивате покривање во висина од 30.000 ден.
  • Со ваучерот од Еверест добивате покривање на дополнителни 26.902 ден.

Вкупно за доплата: 12.000 ден (во вид на депозит)


Депозитот од 12.000 ден го добивате назад доколку успешно ја завршите обуката во рок од 6 месеци.

Опис на позицијата

Back-end-от вообичаено е составен од 3 дела: сервер, апликација и база на податоци. Ако сакате да купите карти за кино или да резервирате авионски лет, вообичаено посетувате некоја веб страна и имате некаква интеракција со front-end-от односно она што можете да го видите. Штом ги внесете вашите податоци, апликацијата ги чува во база на податоци, креирана претходно и поставена на некој сервер. Сите тие информации остануваат таму, на серверот и кога повторно ќе се најавите со корисничко име и лозинка во апликацијата за да ги отпечатите картите, сите податоци се таму во вашата сметка. Лицето кое е задолжено за изградбата и функционирањето на сета оваа технологија се нарекува back-end девелопер.

Наставна програма

  1. HTML: основи
  2. CSS: основи
  3. CSS: проекти
  4. JavaScript
  5. HTML5: проекти
  6. Aptana Studio 3
  7. jQuery: основи
  8. jQuery: проекти
  9. PHP & MySQL: ниво 1
  10. Објектно-ориентирано програмирање во PHP
  11. PHP & MySQL: ниво 2
  12. Symfony 2
  13. GitHub

БОНУС

По успешното завршување на техничката обука, секој слушател добива две сета дополнителни обуки:
  • Наоѓање работа (5 курса)
  • Наоѓање клиенти (3 курса)
Освен тоа, секој од нив ќе добие и писмо со препорака и директно ќе биде им препорачан на партнерите на академијата (над 200 македонски и представништва на странски компании).

Цена на обуката: 71.732 ден

Забелешка:
  • Со ваучерот за обука за дигитални вештини добивате покривање во висина од 30.000 ден.
  • Со ваучерот од Еверест добивате покривање на дополнителни 29.732 ден.

Вкупно за доплата: 12.000 ден (во вид на депозит)


Депозитот од 12.000 ден го добивате назад доколку успешно ја завршите обуката во рок од 6 месеци.

Опис на позицијата

Front-end дизајнерите може да бидат вклучени во градењето веб-страници, но нивните одговорности започнуваат пред да се изгради страницата. Тие се вклучени во развивање планови за веб-страници и утврдување на кои типови содржини, како што се видеа или графика, ќе бидат вклучени. Тие подготвуваат концепти и предлози и можат да напишат содржина што се користи за промовирање на компанијата или производите на кои им се доделени. Нивните специфични работни задачи може да се разликуваат од еден до друг работодавец. Во некои случаи, овие дизајнери се фокусираат на развој на дизајн. Ова значи дека поголемиот дел од времето можат да го поминат на подготвување на упатства за дизајн на веб-страниците. Тие работат со маркетинг тимови и веб-развивачи за да обезбедат дека планот за дизајнирање е функционален и ги постигнува своите наменети цели. Во помалите компании, тие можат да дизајнираат и создаваат веб-страници, што значи дека може да бидат одговорни за пишување на програмскиот код, така што веб-страницата изгледа и функционира по желба.

Наставна програма

  1. Adobe Photoshop
  2. Photoshop за веб дизајн
  3. Adobe Illustrator
  4. Illustrator за веб дизајн
  5. Проекти со Adobe Photoshop & Illustrator
  6. Визуелен дизајн
  7. Типографија
  8. HTML: основи
  9. CSS: основи
  10. CSS: проекти

БОНУС

По успешното завршување на техничката обука, секој слушател добива две сета дополнителни обуки:
  • Наоѓање работа (5 курса)
  • Наоѓање клиенти (3 курса)
Освен тоа, секој од нив ќе добие и писмо со препорака и директно ќе биде им препорачан на партнерите на академијата (над 200 македонски и представништва на странски компании).

Цена на обуката: 55.688 ден

Забелешка:
  • Со ваучерот за обука за дигитални вештини добивате покривање во висина од 27.844 ден.
  • Со ваучерот од Еверест добивате покривање на дополнителни 15.844 ден.

Вкупно за доплата: 12.000 ден (во вид на депозит)


Депозитот од 12.000 ден го добивате назад доколку успешно ја завршите обуката во рок од 4 месеци.

Опис на позицијата

UX (user experience) дизајнерот односно дизајнерот на корисничко искуство е задолжен за креирање и подобрување на дигиталните интерфејси на веб сајтови, мобилни апликации и софтверски програми со цел да направи искуството на корисникот да биде без напор и пријатно. Неговата работа помага да се зголеми задоволството на клиентите, да се изгради лојалност кон брендот, и да се осигура дека не постојат било какви елементи присутни во дизајнот кои би можеле да ги одвратат потенцијалните клиенти. Ова опфаќа се’ од мазна навигација до подобрен визуелен изглед и поедноставен процес за регистрација или плаќање. Независно дали станува збор за стартап или голема компанија, процесот на дизајнирање на корисничкото искуство е секаде ист и опфаќа: спроведување истражување корисници (со помош на прашалници, дискусии со фокус групи, онлајн анкети, анализа на задачи), дизајнирање (архитектура на информации, жичени модели, прототипови), тестирање (А/Б тестови, тестови на употребливост, корисничко тестирање на далечина) и имплементација (во соработка со веб девелопери).

Наставна програма

  1. Photoshop CC 2015
  2. Photoshop CC за веб дизајн
  3. Illustrator CC 2015
  4. Illustrator CC за веб дизајн
  5. Проекти со Photoshop & Illustrator
  6. Визуелен дизајн
  7. Типографија
  8. UX за веб дизајн
  9. Вовед во UX
  10. Дизајн на интеракции
  11. Техники на UX дизајн
  12. Axure RP

БОНУС

По успешното завршување на техничката обука, секој слушател добива две сета дополнителни обуки:
  • Наоѓање работа (5 курса)
  • Наоѓање клиенти (3 курса)
Освен тоа, секој од нив ќе добие и писмо со препорака и директно ќе биде им препорачан на партнерите на академијата (над 200 македонски и представништва на странски компании).

Цена на обуката: 64.654 ден

Забелешка:
  • Со ваучерот за обука за дигитални вештини добивате покривање во висина од 30.000 ден.
  • Со ваучерот од Еверест добивате покривање на дополнителни 22.654 ден.

Вкупно за доплата: 12.000 ден (во вид на депозит)


Депозитот од 12.000 ден го добивате назад доколку успешно ја завршите обуката во рок од 5 месеци.

Опис на позицијата

Една од работите која е заслужна за уште поголема експанзија на веб сајтовите е WordPress. Во моментов, WordPress движи 37% од интернетот а причината е едноставноста во користењето и големиот број теми и додатоци. Да се има интернетот на располагање е неверојатна работа. Никогаш порано луѓето не можеле со таква леснотија да допрат до еден така голем аудиториум. Да се биде блогер односно уредник на блог или веб сајт значи да имате можност да комуницирате со определена публика на определена тема, да споделувате текстови, информации, слики, видеа, линкови до други информации, речиси се’ што би можеле да замислите. Со оглед на тоа што денес постојат огромен број веб сајтови, многу е важно да се осознаат техниките за привлекување што е можно поголем број посетители бидејќи токму тоа е клучно за успехот. WordPress администраторот е задолжен за креирање веб сајт или блог со помош на готови теми, зголемување на неговата употребливост и функционалност со помош на додатоци (плагини), внесување содржини, креирање, уредување и оптимизирање фотографии и илустрации со професионални алатки како Photoshop и Illustrator и употребување техники за оптимизација на содржините за пребарувачи (SEO).

Наставна програма

  1. WordPress
  2. Adobe Photoshop
  3. Photoshop за веб дизајн
  4. Adobe Illustrator
  5. Illustrator за веб дизајн
  6. Проекти со Adobe Photoshop & Illustrator
  7. Основи на SEO
  8. SEO: креирање линкови
  9. Подобрување SEO со употреба на техники за пристапност
  10. WordPress додатоци за SEO

БОНУС

По успешното завршување на техничката обука, секој слушател добива две сета дополнителни обуки:
  • Наоѓање работа (5 курса)
  • Наоѓање клиенти (3 курса)
Освен тоа, секој од нив ќе добие и писмо со препорака и директно ќе биде им препорачан на партнерите на академијата (над 200 македонски и представништва на странски компании).

Цена на обуката: 55.688 ден

Забелешка:
  • Со ваучерот за обука за дигитални вештини добивате покривање во висина од 27.844 ден.
  • Со ваучерот од Еверест добивате покривање на дополнителни 15.844 ден.

Вкупно за доплата: 12.000 ден (во вид на депозит)


Депозитот од 12.000 ден го добивате назад доколку успешно ја завршите обуката во рок од 4 месеци.

Постојат повеќе причи зошто да нe’ одбереш токму нас:
  • Зад Еверест стои искуство стекнато во изминативе 27 години (20 години во традиционален пристап во учењето преку Академија на ИТ Alexandria, 7 год во учење на далечина со MyMentor)
  • Искусни ментори кои несебично ќе ти го пренесат своето искуство
  • Учење со распоред и динамика која може да се прилагодува
  • Целосно онлајн учење со помош на ментори
  • Учење преку практична работа на реални проекти
  • Помош при вработување
  • Дополнително уште еден ваучер до 30.000 ден
  • Два дополнителни сета кариерни обуки:
    • Барање работа, 5 курса и
    • Барање клиенти, 3 курса (за фриленсери)
По завршувањето на обуката добиваш:
  • Диплома
  • Препорака за вработување (во pdf)
  • Циркуларен допис до сите партнери на академијата
  • Два дополнителни сета кариерни обуки:
    • Барање работа, 5 курса, и
    • Барање клиенти, 3 курса (за фриленсери)
  • Враќање на депозитот (доколку обуката се заврши успешно и во предвидениот рок)

НАСТАВА

Учењето на далечина се изведува по методологијата менторирано учење на далечина, како комбинација од асинхрони и синхрони методи за учење:

11. ГЛЕДАЊЕ
Исто како и во традиционалното учење, наставата започнува со гледање однапред снимени видео лекции. Видеата се на располагање за неограничено прегледување за времетраење на обуката.

22. ПОВТОРУВАЊЕ
Веднаш по гледањето на видео лекциите, ученикот се обидува самостојно да ги повтори презентираните операции. Тоа го прави со помош на истата апликација и датотеките со кои се снимени видео лекциите.

33. ПРИМЕНУВАЊЕ
Стекнато знаење ученикот го применува работејќи посложени задачи, градејќи го на тој начин своето online портфолио. Задачите ученикот ги изработува самостојно, а потоа ги доставува до својот ментор.

44. МЕНТОРИРАЊЕ
За сите нејаснотии на ученикот му стои на располагање искусен ментор за 1-на-1 консултативни сесии. Консултациите се изведуваат on-line, во термин меѓусебно договорен помеѓу ученикот и менторот.

55. ОЦЕНУВАЊЕ
Задачите и проектите се оценуваат од менторот. За успешно завршување на обуката и стекнување сертификат ученикот потребно е правилно да има изработено најмалку 80% од зададените задачи.
За успешно следење менторска настава на далечина, потребно е да се поседува персонален компјутер со звучници и микрофон и интернет конекција.
Наставата можете да го започнете да ја следите во било кој ден од годината кој вие ќе го изберете, по претходно добивање на корисничко име и лозинка.
Со оглед на тоа што на Еверест ќе учите со динамика и распоред кои вие самите ќе си ги определите, обуката ќе трае онолку долго колку што вам ви е потребно за да ја завршите успешно.
Менторската сесија се изведува on-line во термин кој претходно ќе го договорите со вашиот ментор. За реализација на менторската сесија, од вас ќе се побара да инсталирате посебен софтвер за оваа намена. Во договорениот термин, по воспоставувањето на аудио-визуелната врска, вашиот ментор ќе има можност да го гледа вашиот екран (по потреба и вие можете да го гледате неговиот екран) и да има контрола врз вашето глувче и тастатура што ќе му овозможи да ви ги објасни нејасните работи а вие ќе имате чувство како тој да се наоѓа до вас. За време на менторската сесија нема да го гледате менторот, ниту тој вас. Она во кое што ќе гледате е вашиот и/или неговиот екран.
Ментори на курсевите се искусни професионалци кои зад себе имаат повеќегодишно искуство во областа за која се одбрани да бидат ментори.
Секој студент на Еверест добива индивидуална, 1:1 помош од менторот, што подразбира:
  • прегледување на предадените задачи,
  • добивање индивидуален фидбек,
  • 60 мин. по курс за индивидуални, 1:1 менторски консултации
Секој студент на Еверест има свој:
  • ментор за техничката обука
  • ментор за кариерен развој
  • student happyness асистент

ОЦЕНУВАЊЕ

Да, по успешното завршување на обуката се добива диплома. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи за секое поглавје од секој курс. Доставените домашни задачи потребно е да бидат правилно изработени, во спротивно нема да бидат прифатени и ќе мора да се преработат и достават повторно.
Стекнатото знаење се проверува систематски во текот на целиот курс со проверка на изработените домашни задачи и/или проекти.
Не. На Еверест немаме класични испити туку ја оценуваме вашата практична работа. За да добиете сертификат потребно е да успешно да имате изработено минимум 80% од предвидените домашни задачи за избраниот курс.

РАБОТА & ФРИЛЕНСИНГ

Со оглед на тоа колкава е побарувачката за позициите за кои Еверест има студиски програми, шансите за вработување се повеќе од одлични. Голем број слободни работни места има кај нашите партнери, а уште поголем е бројот во странство.
По завршувањето на студиите имаш (барем) три опции:

1. да се вработиш кај некој од нашите партнери
2. да работиш како фриленсер за клиенти од целиот свет
3. да започнеш свој бизнис
На Еверест им помагаме на своите студенти на повеќе начини:
  • прво, им обезбедуваме 2 дополнителни сета обука:
    • Наоѓање работа (за оние кои сакаат да се вработат),
    • Наоѓање клиенти (за оние кои сакаат да работат како фриленсери),
  • им помагаме да го подготват своето прво портфолио, CV, мотивациско писмо, LinkedIn профил,
  • ги информираме партнерите за сите студенти кои ги завршиле студиите,
  • објавуваме огласи за работа на нашите партнери на кои студентите можат да аплицираат,
  • им ги испраќаме по e-mail сите огласите за работа кои ги добиваме од нашите партнери.
Исто така, на блогот на академијата објавуваме интересни текстови за фриленсинг кои ќе ви помогнат и сами да си најдете работа надвор од границите на Македонија. Се’ што треба е само добро да се подготвите, т.е. да ги стекнете знаењата и вештините кои ги бараат работодавците.
Нема од што да се плашиш. Кога ќе имаш испитна сесија може да паузираш со праксата и да продолжиш подоцна. Најважно од сé е да ја сфатиш важноста на времето и да научиш како да го планираш. Со добро планирање, сé е можно.
Одлично. Тоа значи дека тие предмети ќе ги положиш многу полесно. Теоретското знаење што ќе го добиеш од предавањата на твојот факултет ќе ти бидат добра основа која ќе ја надградиш, усовршиш и продлабочиш работејќи на конкретни задачи и проекти. Конечно, една од целите на праксата е наученото на факултет да го примениш во реалноста.

Имате прашање но не најдовте одговор на него?


Испратете ни го Вашето прашање и ќе Ви одговориме во најкус можен рок.

Име и презиме (required)

Email (required)

Предмет

Порака