Нина Стојановиќ
Нина Стојановиќ е дипломиран информатичар со педагошка доквалификација и повеќе од три години искуство во образованието. Како наставник по информатика во две основни училишта, таа е посветена на инспирирање на учениците да ги развијат своите дигитални вештини и критичко размислување.
Со убедување дека технологијата е клучот за иднината, Нина се стреми да ја направи достапна и разбирлива за секој ученик. Во наставата применува современи методи, интерактивни алатки и практични примери, со што го прави учењето интересно и применливо во секојдневниот живот.
TechnoBudget
Финансиска писменост за деца Во овој проект, децата ја развиваат финансиска писменост користејќи модел за решавање проблеми. Забавата започнува со тоа што учениците неочекувано (замислено)...
TechnoMe
„Сè за мене“ Секоја личност е посебна! Во овој проект, учениците се представуваат себе си и своите сопствени уникатни карактеристики. Со помош на шаблон од...



