TechnoBudget
Финансиска писменост за деца
Во овој проект, децата ја развиваат финансиска писменост користејќи модел за решавање проблеми. Забавата започнува со тоа што учениците неочекувано (замислено) добивааат поголема сума пари и треба да испланираат како ќе ги потрошат. Со помош на Excel ќе креираат буџет и план за трошење, при што сите податоци ќе треба да ги организираат, пресметаат и графички прикажат. Потоа, употребувајќи Word, ќе треба да состават извештај за да ги оправдаат своите финансиските одлуки и да дадат увид во управувањето со парите.
Цели
Целите на курсот се:
- Да ги мотивира учениците од основно и средно образование да стекнат разбирање за парите и управувањето со нив.
- Да ги развие финансиската писменост и критичкото размислување преку решавање на реални животни проблеми.
- Да ги поттикне учениците да користат табели, графици и формули за организирање и анализа на податоци.
- Да ги научи учениците да донесуваат одговорни финансиски одлуки и да ги оправдаат со логичко објаснување.
По завршување на курсот, учениците ќе умеат да:
- Развиваат основна финансиска писменост и разбираат клучни поими како буџет, приход, трошоци, кредит и долг.
- Определат личен буџет и изработат план за трошење пари.
- Решаваат практични задачи поврзани со финансии и донесуваат информирани одлуки.
- Подготват извештај во кој ги оправдуваат своите финансиски избори.
- Организираат и анализираат податоци во табеларен (spreadsheet) формат користејќи повеќе работни листови.
- Креираат графикони (пита, столбести, споредбени) за визуелно претставување на финансиски податоци.
- Форматираат ќелии за подобра прегледност на информациите.
- Пресметуваат даноци, вкупни трошоци и прекумерно трошење со користење на формули.
- Применуваат условни формули (if-then), сортираат и филтрираат податоци за подобра анализа и одлучување.
Придобивки
- Подобрена способност за управување со парите: Управувањето со парите е важна животна вештина. Преку активностите во овој проект децата ќе стекнат основна финансиска писменост користејќи сценарио разбирливо за нивната возраст и ќе уживаат во креирање буџет и планирање на трошењето пари.
- Намалена одбивност кон математиката: Учествувајќи во активности кои се прилагодени на возраста, децата се поттикнуваат да ја користат математиката за решавање проблеми кои нив ги засегаат.
- Подобрена способност за визуелизација на податоци: Преку активности за графичко прикажување податоци како пита, колона и графикон, децата стекнуваат нова, мошне важна способност за визуелизација на податоците.
- Подобрена способност за критичко размислување: Организирајќи ги идеите, истражувајќи опции за купување, споредувајќи различни опции, размислувајќи за нивните планови и бранејќи ги своите одлуки, децата ја подобруваат способноста на критичко размислување.
Задачи
- Задача 1: Управување со пари
Сфати ја важноста на буџетирањето. Оцени го твојот стил на управување со пари. - Задача 2: Неочекувана добивка на пари
Измисли практична причина за неочекувана добивка на пари. Воспостави буџетски категории. - Задача 3: Откриј ги табеларните пресметки
Работи со колони, редови и ќелии за да ги распоредиш податоците во работен лист. - Задача 4: Пресметајте го твојот буџет
Подели го буџетот во категории. Пресметај ги вкупните вредности со AutoSum. - Задача 5: Создади пита графикон и измени го буџетот
Анализирај го буџетот користејќи графикон. Распредели средства за исполнување на критериумите поставени за секоја категорија. - Задача 6: Направи работен лист за план за трошење
Креирај табела која пресметува даноци, ги следи вкупните вредности и користи условно форматирање. - Задача 7: Планирај шопинг
Определи ги предметите за купување со посета на онлајн продавници. Запиши информации во планот за трошење. - Задача 8: Користи графикон за да го сумираш планот за трошење
Создади графикон. Измени ги етикетите, изгледот, стилот и легендата. Разгледај ја распределбата на средствата. - Задача 9: Список за проверка на табеларни пресметки
Потврди ја содржината на буџетот, планот за трошење и листовите. Одпечати ја работната книга. - Задача 10: Оправдај ги финансиските избори во извештај
Подготви извештај што го објаснува буџетот и планот за трошење. Поддржи го расудувањето со графикони.
Технолошка интеграција: Бизнис студии, Јазични уметности, математика, визуелни уметвости
Технолошка вештина: Графика, табеларни пресметки, обработка на текст
Програма: Microsoft Excel, Paint, Word, Google Docs, Drawings, Sheets
Наставата се изведува:
- во училница, со физичко присуство, под водство на инструктор
- по однапред утврден распоред на часови
Нина Стојановиќ е дипломиран информатичар со педагошка доквалификација и повеќе од три години искуство во образованието. Како наставник по информатика во две основни училишта, таа е посветена на инспирирање на учениците да ги развијат своите дигитални вештини и критичко размислување.
Со убедување дека технологијата е клучот за иднината, Нина се стреми да ја направи достапна и разбирлива за секој ученик. Во наставата применува современи методи, интерактивни алатки и практични примери, со што го прави учењето интересно и применливо во секојдневниот живот.

Courses you might be interested in
- 0 Lessons

Повеќегодишна информатичка образовна програма во која децата преку проекти постепено развиваат широки и функционални дигитални компетенции.
© 2026 Еверест — Детска ИТ Академија / Марјановик Едукација