TechnoTrivia
Дизајнирај квиз со прашања од општа култура
Во овој проект, учениците стануваат квиз-мајстори. Тие дизајнираат забавен квиз со трик-прашања користејќи Google Forms. Прашањата кои поттикнуваат на размислување ги предизвикуваат играчите да го покажат своето знаење за чудни, интересни и смешни факти. Играта користи систем за бодување и клуч за точни одговори за да овозможи корисна повратна информација. По завршувањето, учениците организираат настан Trivia Time каде ги покануваат другите да го тестираат својот ум. Дополнителните активности вклучуваат креирање на приказна со повеќе краеви, тимска работа за изработка на квиз и организирање на натпревар „Битка на мозоците“.
Цели
Курсот има за цел да ги поттикне учениците од основно и средно образование да развијат критичко мислење, подобрат способност за паметење информации, како и да ги унапредат своите комуникациски вештини преку креирање на квизови со употреба на Google Forms. Преку овој процес, учениците ќе се ангажираат во истражување, анализа и креативна презентација на знаење поврзано со наставни единици или лични интереси.
По завршувањето на курсот, учениците ќе умеат:
- Да планираат и организираат идеи за изработка на квиз.
- Да формулираат различни прашања кои поттикнуваат размислување.
- Да истражуваат и проверуваат точноста на информациите.
- Да креираат тривиа квиз во Google Forms и да го постават точниот клуч за одговори.
- Да доделуваат соодветна вредност на прашањата (поени).
- Да вметнат корисни повратни информации за секој одговор.
- Да ги пресметуваат автоматски бодовите на учесниците.
- Да организираат и водат настан за квиз со поканети учесници.
- Да ги анализираат одговорите и да предложат подобрувања за идни квизови.
- Да ги унапредат своите вештини за критичко мислење и комуникација.
Задачи
Курсот TechnoTrivia има 15 задачи поделени во шест сесии.
- Сесија 1: Провери ја својата остроумност
Учениците ја тестираат својата остроумност. За да ја започнат забавата, се запознаваат со квизовите преку решавање на „Луд квиз за животни“. Откако ќе се запознаат со структурата и целта на ваквиот тип игра, учениците го оценуваат својот стил како квиз-мајстори. Подгответе се да ги забавувате пријателите и семејството со чудни, смешни и интересни прашања. - Сесија 2: Изгради квиз за Мојата Земја
Учениците создаваат квиз за својата татковина. Квизот ќе ја тестира познавањето за главниот град, знамето, знаменитости, факти и национални симболи. Ќе научат како да поставуваат прашања, да одредат поенски вредности и да создадат листа со точни одговори. Оваа активност дава разбирање за карактеристиките на Google или Microsoft Forms и структурата на квиз. - Сесија 3: Испланирај го својот квиз
Учениците стануваат квиз-мајстори. Тие дизајнираат квиз за нивните пријатели и семејство. Прво, генерираат идеи за теми. Кога ќе ја изберат темата, подготвуваат план. Користат организатор за запишување на прашањата, точните одговори и поените. Учениците применуваат совети за формулирање на прашања кои поттикнуваат размислување. - Сесија 4: Дизајнирај квиз
Учениците го создаваат својот квиз користејќи Google или Microsoft Forms. Се придржуваат до планот за да ги создадат прашањата, системот за поени и листата со одговори. По завршување, квиз-мајсторите го тестираат квизот за да проверат дали функционира правилно. Потоа го оценуваат квалитетот на квизот со користење на контролна листа за да ги истакнат областите кои можат да се подобрат. - Сесија 5: Организирај квиз-настан „Trivia Time“
Учениците учествуваат во квиз-настан „Trivia Time“. Ги покануваат другите да го решат нивниот квиз, а потоа и самите ги решаваат квизовите создадени од соучениците. Кој е вистинскиот зналец? - Сесија 6: Проучување на одговорите од квизот
Учениците ги анализираат одговорите од нивниот квиз. Користејќи Google или Microsoft Forms, гледаат резиме на одговорите. Графиконите за секое прашање ги прикажуваат прашањата што играчите ги сметале за лесни или тешки. Врз основа на анализата, даваат препораки за тоа како да се подобри квизот.
Опционални активности за забава со квизови во Forms
- Направи го квизот како битка на мозоците: Сортирај податоци во табела. Прогласете победник.
- Соработувајте за создавање квиз: Секој член создава прашања за различна категорија.
- Создај приказна со повеќе завршетоци: Користи квиз за да создадеш интерактивна приказна со различни завршетоци.
- Постави прашање за видео клип: Тестирај ја способноста за набљудување или слушање преку видео.
- Постави прашање со краток одговор: Постави прашање што бара лично мислење.
- Посети го Центарот за квизови: 7 интересни квизови за обид. Анализирај ги прашањата.
- Прилагоди ја темата на квизот: Додај слика во банерот на квизот. (Само за Google Forms)
Технолошка интеграција: географија, историја, јазични уметности, математика, наука, општествени науки
Технолошка вештина: анализа на податоци
Програма: Excel, Forms, Sheets
Наставата се изведува:
- во училница, со физичко присуство, под водство на инструктор
- по однапред утврден распоред на часови
Нина Стојановиќ е дипломиран информатичар со педагошка доквалификација и повеќе од три години искуство во образованието. Како наставник по информатика во две основни училишта, таа е посветена на инспирирање на учениците да ги развијат своите дигитални вештини и критичко размислување.
Со убедување дека технологијата е клучот за иднината, Нина се стреми да ја направи достапна и разбирлива за секој ученик. Во наставата применува современи методи, интерактивни алатки и практични примери, со што го прави учењето интересно и применливо во секојдневниот живот.

Courses you might be interested in
- 0 Lessons

Повеќегодишна информатичка образовна програма во која децата преку проекти постепено развиваат широки и функционални дигитални компетенции.
© 2026 Еверест — Детска ИТ Академија / Марјановик Едукација