Визуелен дизајн
Курсот Визуелен дизајн е составен четири составни дела:
Дел 1: Естетика за веб дизајн
Основното разбирање на принципите на добриот дизајн (како контраст, единство и рамнотежа) е основа за креирање на убави веб сајтови. Во овој курс, ќе ви ја објасниме естетиката со едноставни термини, и ќе ви покажеме како да ги инкорпорирате принципите на дизајнот на специфични начини кои ќе го подобрат вашиот сајт. Научете како да прилагодувате соседни бои за да додадете контраст, како да креирате длабочина со текстура, како да инкорпорирате движење и да употребувате форми кои се повторуваат, шари и рабови за да го обедините вашиот дизајн. Потоа во последното поглавје, ќе ги видиме посебните проблеми кои дизајнерите треба да си ги решат во однос на веб распоредот, како на пример прилагодливост за мобилни уреди, пристапност и оригиналност.
Теми:
- Разбирање на естетиката
- Избирање хармонични бои
- Структурирање на распоред
- Употреба на празен простор за организирање на дизајнот
- Комуникација со вистинските фонтови
- Порамнување објекти за да се постигне рамнотежа
- Додавање движење со скролување и анимација
- Постигнување пропорци со скалирање на текст и објекти
- Креирање CSS за различни уреди
Дел 2: Основи на боја
Бојата е фундаментален елемент во нашите животи. Да разберете како да ја употребите за визуелна комуникација во различни контексти е неопходно за вас како дизајнер и уметник. Овој курс ќе ви покаже како да ја употребувате бојата, не само за да креирате поефикасни дизајни, туку и да раскажете приказна. Ќе видиме како бојата се преплетува со идентитетот на брендот, како таа влијае на атмосферата на делото, и како со неа може да го насочите вниманието на корисникот кон дадени области на интерес. Потоа, ќе видиме како со бојата може да поврземе слики или да креираме простор помеѓу елементи. Ќе ја тргнеме мистеријата која е врзана со тркалото на бои и врските на бои и ќе научиме како употребата на светлина интегрира температура, транспарентност и контраст.
Теми:
- Зошто бојата е важна за вас како дизајнер, уметник и човек?
- Раскажување приказна со боја
- Идентитет на бренд и јазик на боите
- Преглед на историја на употреба на бои, од печатење кон дигитален свет
- Работење со тркалото на бои
- Разбирање на вредност, заситување и температура
- Гледање низ боја: нетранспарентно, полутранспарентно и транспарентно
- Креирање контраст
- Длабочина на поле
- Комплементарни врски во светлина
- Постигнување хармонија и дисхармонија во една палета
- Разбирање на слепилото за бои
Дел 3: Распоред и композиција
Распоредот и композицијата се основни блокови за градење на графичкиот дизајн. Една силна композиција го привлекува вниманието, го појаснува значењето и го ангажира корисникот независно дали проектот е испечатен или на дигитален уред, статичка или анимирана графика, 3D или 2D. Овој курс ќе ги објасни елементите, принципите, и алатките кои ви се потребни за креирање успешна композиција и распоред. Ќе ви ги покаже елементите на распоред (од форми до простор), како да ги употребите принципите како скалирање и хиерархија, и како со алатките од типот на мрежа, пропорции и боја може да добиете попривлечни композиции.
Теми:
- Што го прави распоредот успешен?
- Елементи на распоред: форма, линија, боја, текстура, текст и простор
- Употреба на рамнотежа и тензија за динамички распоред
- Додавање драма со контраст и скалирање
- Работење со пропорции: златен пресек, правилото на третини, итн.
- Креирање вистинска мрежа за вашиот дизајн
- Дали да изберете едноставност или претераност
- Додавање елемент на изненадување
- Како да направите сликите и типографијата да функционираат заедно
Дел 4: Мрежи
Во овој дел од овој курс ќе зборуваме за мрежите, алатката која ја дефинира структурата и централните пропорции на секој дизајн. Прво ќе ви објасниме што се тоа мрежи и зошто се важна алатка во дизајнот, а потоа ќе ја погледнеме анатомијата на мрежите и различните типови на мрежи, со што ќе ви покажеме како да ја изберете совршената мрежа за вашиот дизајн.
Теми:
- Зошто мрежи и пропорции
- Елементи на мрежа
- Типови на мрежи
- Дизајнирање главна мрежа
- Асиметрични наспроти симетрични мрежи
- Работење со колони и модуларни мрежи
- Работа со повеќе мрежи
- Дизајнирање постери со мрежи
- Употреба на мрежи во други дизајн проекти
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- веб дизајнери и девелопери кои сакаат да овозможат подобро корисничко искуство за посетителите на нивните веб сајтови,
- графички дизајнери кои сакаат да направат надградба на своите вештини во област на веб, UX и UI дизајн,
- сите оние кои планираат професионално да се занимаваат со веб дизајн, графички дизајн и особено UX и UI дизајн.
Предзнаења
За следење на овој курс особено корисно е, но не е задолжително, поседување работно искуство во графички и веб дизајн.
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Курикулум
- 28 Sections
- 133 Lessons
- 10 Weeks
- ДЕЛ 1: ЕСТЕТИКА ЗА ВЕБ ДИЗАЈН1
- 1. Што е естетика?2
- 2. Употребување елементи на дизајн9
- 3.1Разбирање на елементите на дизајн
- 3.2Употребување боја за поставување атмосферата на сајтот
- 3.3Менување вредности на бои за додавање констраст
- 3.4Употребување текстура за додавање длабочина
- 3.5Повторување форми за обединување дизајн
- 3.6Давање структура на распоредот со форма
- 3.7Употребување празен простор за организирање дизајн
- 3.8Поставување граници со линија
- 3.9Комуницирање со помош на вистински фонт
- 3. Инкорпорирање принципи на дизајн11
- 4.1Разбирање на принципите на дизајнот
- 4.2Употребување контраст за поставување области на интерес
- 4.3Стилови на фонт за истакнување
- 4.4Додавање објекти за постигнување рамнотежа
- 4.5Употребување стилови на хиперлинк за креирање чувство на единство
- 4.6Нанесување шара во позадина за креирање хармонија
- 4.7Додавање движење со скролување и анимација
- 4.8Употребување стилови на раб за ритам и повторување
- 4.9Постигнување пропорција со скалирање објекти и текст
- 4.10Поедноставување со отстранување на непотребното
- 4.11Употребување градација за креирање перспектива
- 4. Основи на дизајнирање за веб7
- 5.1Прилагодлив веб: Креирање CSS за различни уреди
- 5.2Композиција: Употребување мрежа за организирање простор
- 5.3Типографија: Избирање и употребување веб фонтови
- 5.4Теорија на бои: Избирање хармонични бои
- 5.5Комуникација: Водење на корисниците низ дизајнот
- 5.6Пристапност: Ефикасно употребување големина и боја
- 5.7Оригиналност: Размислувајте поинаку/Бидете креативни
- ДЕЛ 2: ОСНОВИ НА БОЈА2
- 1. Како бојата го оформува значењето4
- 2. Тркало на бои4
- 3. Елементи на боја6
- 4. Контраст4
- 5. Боја и светлина7
- 6. Палети6
- 7. Боја, форма, текстура и контекст5
- ДЕЛ 3: РАСПОРЕД И КОМПОЗИЦИЈА2
- 1. Елементи на распоред6
- 2. Принципи на композиција6
- 16.1Употребување рамнотежа за креирање динамички распоред
- 16.2Контраст, како важна компонента во секој дизајн
- 16.3Употребување скалирање за креирање возбуда
- 16.4Употребување повторување за креирање чувство на единство
- 16.5Хармонијата прави сите елементи да функционираат
- 16.6Употребување хиерархија за водење на корисникот
- 3. Пропорција8
- 17.1Кога треба, а кога не треба да се употреби симетрија
- 17.2Кога треба, а кога не треба да се употреби асиметрија
- 17.3Градење дизајн базиран на пропорции на квадрат
- 17.4Златниот пресек како универзална и успешна пропорција
- 17.5Кога и како да го употребите златниот пресек
- 17.6Правилото на третини е моќна алатка
- 17.7Предизвик: Креирање распореди со употреба на златниот пресек
- 17.8Решение: Креирање распореди со употреба на златниот пресек
- 4. Мрежи5
- 5. Атрибути5
- 6. Слики и зборови5
- Заклучок2
- ДЕЛ 4: МРЕЖИ1
- 1. Основи4
- 2. Делови4
- 3. Книги4
- 4. Публикации и списанија4
- 5. Постери4
- 6. Други формати5
Ана Тодоровска е графички и веб дизајнер со 8 годишно работно искуство во печатница, графичко студио и маркетинг агенција. Моментално е дел од тимот на маркетинг агенцијата Идеа+, еден од партнерите на веб академијата Еверест. Предизвик ѝ се осмислување на интересни и иновативни комуникациски платформи, герила маркетинг и рекламирање на социјални медиуми.

Courses you might be interested in
- 0 Lessons
- 109 Lessons
- 44 Lessons
- 16 Lessons

Повеќегодишна информатичка образовна програма во која децата преку проекти постепено развиваат широки и функционални дигитални компетенции.
© 2026 Еверест — Детска ИТ Академија / Марјановик Едукација