5 Courses included
38.345 ден

Трет обид

Детската академија e уникатна образовна програма чија главна цел е да им помогне на децата да осознаат голем број различни професии на интересен и мотивирачки начин, со истовремено усовршување на компјутерските вештини и стекнување лични вештини. 

Станува збор за тематски, проектно базирани активности во кои децата добиваат не само улоги од определена професија туку и предизвици од реалниот живот (прилагодени на нивната возраст) кои треба да ги решат. Така, решавајќи реални проблеми, освен што ќе стекнат компјутерски вештини, ќе се запознаат со различни професии подобрувајќи си ја самодовербата, способноста за критичко размислување и многу други лични вештини. За сето време учениците се поттикнуваат да истражуваат, бараат, откриваат, да го развиваат своето размислување и расудување, и стекнатото знаење да го користат за нивното добро и за општеството во целина.

show moreshow less

Course included