Независно дали сте искусен професионалец или некој кој неодамна си купил фотоапарат, вашата најдобра инвестиција ќе биде да научите како на најефикасен и најефективен начин да го употребувате Photoshop за да добиете најмногу од вашите фотографии. Во курсот ќе научите како да го филтрирате шумот и комплексноста, и како да ги добиете резултатите кои ги посакувате. Курсот се концентрира на подобрување и составување на фотографии, автоматизирање на делови од процесот, отсекување, ретуширање и комбинирање на повеќе слики. Дополнително, ќе може да видите како да работите со елементи кои во основа не се слики, како форми и видеа. Овој курс ќе ви ги открие тајните на недеструктивното уредување со Camera Raw, слоеви, маски, режими на мешање, паметни објекти, филтри и друго.
Теми
- Прилагодување на интерфејсот на Photoshop
- Менување на големината на сликите
- Споредување на необработени и JPEG датотеки
- Преглед на Camera Raw
- Сечење и исправување
- Работа со слоеви
- Трансформирање, изобличување и обвиткување
- Искористување на паметните објекти
- Работа со маски на слоеви и режими на мешање
- Правење селекции
- Додавање слоеви за прилагодување
- Ретуширање портрети, вклучувајќи кожа, заби, коса и очи
- Комбинирање повеќе слики
- Работа со филтри
- Креирање карактер, пасус и текст долж патека
- Слоеви на форми и ефекти на слоеви
- Боење во Photoshop
- Креирање time-lapse видеа и анимирани GIF-ови
- Работа со видео
- Споделување слики
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на сите оние кои планираат професионално да се занимаваат со дизајн: веб дизајн, графички дизајн, UI & UX дизајн.
Предзнаења
За следење на овој курс потребно не се потребни посебни предзнаења.
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Карактеристики
- Лекции 151
- Квизови 0
- Должина 30 дена
- Ниво All levels
- Јазик MK
- Студенти 6
- Задачи Yes