fbpx
Специјален попуст за нашите нови детски курсеви. Добијте 30% попуст при регистрација

За да го добиеш ваучерот треба да поднесеш барање преку порталот www.uslugi.gov.mk. Тоа е лесен процес и се изведува во 3 чекори. ВАЖНО: Пред да го аплицираш потребно е да знаеш точно за која обука сакаш да се однесува ваучерот (промена подоцна не е можна). Ако имаш дилема, побарај помош. Процесот на аплицирање е едноставен а се изведува на следниов начин:

ЧЕКОР 1: РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРОФИЛ НА USLUGI.GOV.MK

Регистрирањето профил на www.uslugi.gov.mk е процедура која се изведува со различна брзина (може да потрае и неколку дена) а зависи најмногу од тоа дали имаш веќе свој профил на страната на УЈП или не.

СЦЕНАРИО 1: Веќе си регистриран даночен обврзник и имаш свој профил кај УЈП

Ако случајно имаш веќе регистриран профил на страната на УЈП односно веќе си регистриран даночен обврзник, целата работа ќе оди ептен брзо. Сѐ што треба да направиш е на страната www.uslugi.gov.mk да се најавиш со истото корисничко име и лозинка со која се најавуваш на сајтот и потоа веднаш одиш на следниот чекор.

СЦЕНАРИО 2: Сеуште не си даночен обврзник и немаш свој профил кај УЈП

Ако немаш свој профил на УЈП не е крај на светот но процедурата знае да потрае. Еве како оди тоа:
  1. Оди на: https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/register.seam
  2. Го пополнуваш барањето и кликнуваш на РЕГИСТРИРАЈ СЕ
  3. На email-от што го имаш внесено ја добиваш пријавата (ако не ја добиеш веднаш, провери си го спам сандачето)
  4. Барањето го печатиш во 2 примерока, го потпишуваш своерачно и го носиш во најблиската канцеларија на УЈП (список на канцелариите овде)
  5. Во канцеларијата на УЈП ќе те внесат во нивната база на даночни обврзници.
  6. Кога ќе го завршиш сето ова, ќе може да продолжиш со креирање профил на uslugi.gov.mk следејќи го погоре напатствието опишаното во ЧЕКОР 1)

СЦЕНАРИО 3: Ако немаш можност да се регистрираш на начин опишан во Сценарио 1 или 2

Ако поради самоизолација, технички или системски проблеми не си во можност да се регистрираш на www.uslugi.gov.mk, тогаш еве што треба да направиш: Испраќаш емаил со барање за отворање кориснички профил на obuki@mioa.gov.mk Кон барањето задолжително доставуваш скенирана лична карта (од обете страни) или пасош, скенирана диплома за завршено образование (најмалку средно образование) и број на телефон. Внимавај: Ако пропуштиш да испратиш било кој од овие документи твоето барање ќе се смета за некомплетно и ќе биде одбиено. По поднесувањето на барањето за регистрација на профил, вработени во министерството за информатичко општество ќе извршат проверка на податоците кои ги имаш доставено и ќе те контактираат телефонски.  

ЧЕКОР 2: ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ

Штом ти биде креиран корисничкиот профил, веднаш потоа ќе може и да го доставиш барањето за добивање ваучер за обука. Тоа е едноставен процес во кој го наведуваш името на обуката и ги закачуваш потребните документи.  

ЧЕКОР 3: ДОБИВАЊЕ НА ВАУЧЕРОТ

Министерството за образование и наука, во рок од пет дена од денот на поднесувањето, го разгледува твоето барање и, ако си доволно брз/а ќе ти го достави ваучерот до твојот кориснички профил на порталот www.uslugi.gov.mk, во форма на електронски документ.   Со оглед на тоа што бројот на ваучерите е ограничен, предност ќе имаат првопријавените.

Share:

Categories

You May Also Like