Adobe Photoshop CC за веб дизајн
Веб дизајнот е област која константно се менува, но Photoshop-от е сеуште класика. Дизајнерите го користат за да креираат UI елементи, веб графика, жичени модели, функционални модели и многу други работи. На овој курс ќе откриете како Photoshop се употребува во модерниот работен тек за веб дизајн. Ќе креирате мокап (модел) за креативна компанија која содржи прилагодлив урнек, целосно развиена тема за бои и фонтови, UI комплет составен од копчиња, ленти за навигација, полиња за избирање и останати елементи на интерфејсот. Исто така, ќе научите како да ја оптимизирате веб графиката, да креирате мали слики, и да интегрирате други апликации како Illustrator и Muse во вашиот веб дизајн работен тек.
Теми:
- Зошто да употребувате Photoshop за веб дизајн?
- Откривање на мистеријата зад големини на екран и резолуција
- Давање цел на вашиот веб сајт со стратегија на содржина
- Прилагодување на веб работен простор во Photoshop
- Прилагодливо дизајнирање
- Креирање жичени модели на мрежа
- Избирање бои и фонтови
- Развивање UI комплет со Photoshop
- Составување модел на страница
- Креирање sprite листи
- Оптимизирање слики
- Интегрирање со остатокот на продукти на Adobe Creative Cloud
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на сите оние кои планираат професионално да се занимаваат со дизајн: веб дизајн, графички дизајн, UI & UX дизајн.
Предзнаења
За следење на овој курс потребно е поседување предзнаења опфатени со курсот:
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Цена
4.129 ден (пакет Премиум)
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Курикулум
- 11 Sections
- 44 Lessons
- 10 Weeks
- Вовед1
- 1. Основни концепти3
- 2. Прилагодување на Photoshop за работа на веб5
- 3. Прилагодливо дизајнирање3
- 4. Креирање жичени модели5
- 5. Креирање естетски елементи4
- 6. Креирање комплет за кориснички интерфејс со Photoshop4
- 7. Составување модел на страница6
- 8. Оптимизирање веб графики5
- 9. Креирање листи со мали слики4
- 10. Употребување други апликации во вашиот работен тек4
Ана Тодоровска е графички и веб дизајнер со 8 годишно работно искуство во печатница, графичко студио и маркетинг агенција. Моментално е дел од тимот на маркетинг агенцијата Идеа+, еден од партнерите на веб академијата Еверест. Предизвик ѝ се осмислување на интересни и иновативни комуникациски платформи, герила маркетинг и рекламирање на социјални медиуми.

Courses you might be interested in
- 0 Lessons
- 109 Lessons
- 133 Lessons
- 16 Lessons

Повеќегодишна информатичка образовна програма во која децата преку проекти постепено развиваат широки и функционални дигитални компетенции.
© 2026 Еверест — Детска ИТ Академија / Марјановик Едукација