Независно дали ќе го подобрувате или оптимизирате постоечкиот код или едноставно почнувате од почеток, не постои подобро време од сега за да почнете да ги интегрирате објектно-ориентираните веб техники. Овој курс ќе ви покаже како да ги интегрирате принципите на објектно ориентираното програмирање во веб страница или апликација изградена со PHP. По кусиот преглед за тоа што се објектите и класите, и зошто да ги употребувате, ќе почнеме со креирање на објекти и правење нивни инстанци, потоа ќе дефинираме врски на класи и интеракции кои ќе се дел од вашиот главен арсенал за програмирање. Овој курс ќе ви покаже како да ја искористите моќта на PHP објектите и да имплементирате дизајн модели, и ќе ви ги даде чекорите со кои може да продолжите да додавате алатки во вашиот алатник како програмер.
Теми:
- Историски преглед на објектно ориентирано PHP
- Дефинирање класи
- Креирање контекст метод/објект со $this
- Пристапување на класи без правење на инстанца
- Креирање класа за база на податоци
- Проширување и апстрахирање на класи
- Клонирање и споредување објекти
- Справување со грешки со исклучоци
- Имплементирање дизајн модели, factory и strategy
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- дизајнери и девелопери кои сакаат да креираат динамички, веб базирани системи и апликации со помош на PHP & MySQL
Предзнаења
За следење на овој курс потребно е поседување знаења содржани во курсевите:
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Давор Попоски е дипломиран инженер по информатика со 8 годишно работно искуство. Работел како програмер на компјутерски игри, предавал веб програмирање на Академијата на ИТ Александрија. Исто така работел на големи веб проекти како cdr системи, e-learning платформи, софтвер за продукциски студија итн. Моментално работи како head of IT во интернационална компанија.

Courses you might be interested in
-
48 Lessons
-
43 Lessons
-
65 Lessons
-
94 Lessons