PHP & MySQL: ниво 1
PHP е популарен, сигурен програмски јазик кој е основа на многу паметни веб сајтови кои работат со податоци. Овој обемен курс ќе им помогне на програмерите да ги научат основите на PHP (вклучувајќи варијабили, логички изрази, циклуси и функции), да разберат како да го поврзат PHP со MySQL база на податоци, и да добијат искуство, развивајќи целосна веб апликација со навигација на сајт, валидизација на форми, и администраторска област која е заштитена со лозинка. Ќе ги научиме основните CRUD рутини за ажурирање на базата на податоци, техники на дебагирање, и употреблив кориснички интерфејс. Патем, ќе ви обезбедиме практични совети, примери на најдобри практики, и ќе ви ги демонстрираме техниките на преработување на кодот за да го подобрите постоечкиот код.
Теми:
- Што е PHP?
- Инсталирање и гонфигурирање на PHP и MySQL
- Разгледување на типови на податоци
- Контролирање на кодот со логички изрази и циклуси
- Употреба на вградените функции на PHP
- Пишување прилагодени функции
- Градење динамички веб сајтови
- Работа со форми и податоци на форми
- Употреба на колачиња и сесии за чување податоци
- Конектирање кон MySQL со PHP
- Креирање и уредување на записи во базата на податоци
- Градење систем за управување на податоци
- Проверување на идентитет на корисникот
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- дизајнери и девелопери кои сакаат да креираат динамички, веб базирани системи и апликации со помош на PHP & MySQL
Предзнаења
За следење на овој курс потребно е поседување знаења содржани во курсевите:
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
- 19 Sections
- 121 Lessons
- 10 Weeks
- Вовед1
- 1. Преглед на PHP4
- 2. Windows инсталација6
- 3. Први чекори4
- 4. Разгледување типови на податоци12
- 5. Контролни структури: Логики изрази4
- 6. Контролни структури: Циклуси6
- 7. Функции дефинирани од корисникот6
- 8. Дебагирање3
- 9. Градење веб страници со PHP8
- 10. Работење со формулари и податоци од формулари8
- 11.1Градење форми
- 11.2Детектирање поднесувања на формулари
- 11.3Обработување формулари на иста страница
- 11.4Валидизација на вредностите од формуларот
- 11.5Проблеми со логиката за валидизација
- 11.6Прикажување грешки при валидизација
- 11.7Прилагодени функции за валидизација
- 11.8Формулар на една страница со валидизација
- 11. Работење со колачиња и сесии5
- 12. MySQL основи7
- 13. Употребување PHP за пристап во MySQL9
- 14. Градење систем за управување со содржина (CMS)6
- 15. Употреба на навигацијата на сајтот за избирање содржина5
- 16. CRUD на апликацијата12
- 17.1Наоѓање тема во базата на податоци
- 17.2Преработување селекција на страница
- 17.3Креирање нов формулар за тема
- 17.4Обработување вредности од формулар и додавање теми
- 17.5Пренесување податоци во сесија
- 17.6Валидизација на вредности од формулар
- 17.7Креирање формулар за уредување на тема
- 17.8Употребување поднесување со една страница
- 17.9Бришење тема
- 17.10Расчистување
- 17.11Задача: CRUD на страниците
- 17.12Решение: CRUD на страниците
- 17. Градење јавна област5
- 18. Регулирање пристап на страница10
Давор Попоски е дипломиран инженер по информатика со 8 годишно работно искуство. Работел како програмер на компјутерски игри, предавал веб програмирање на Академијата на ИТ Александрија. Исто така работел на големи веб проекти како cdr системи, e-learning платформи, софтвер за продукциски студија итн. Моментално работи како head of IT во интернационална компанија.

Courses you might be interested in
- 34 Lessons
- 24 Lessons
- 106 Lessons

Повеќегодишна информатичка образовна програма во која децата преку проекти постепено развиваат широки и функционални дигитални компетенции.
© 2026 Еверест — Детска ИТ Академија / Марјановик Едукација