Добриот дизајн на корисничко искуство ќе ги задржи посетителите на вашиот веб сајт. Лошото корисничко искуство ќе ги натера да отидат на друго место. Во овој курс ќе научите како да ги употребите основните, едноставни принципи на UX дизајнот во вашиот сајт, за тој да се однесува на начинот кој го сакаат и очекуваат корисниците.
Во овој курс ќе дознаете што сакаат луѓето од веб сајтовите, како пребаруваат информации, како читаат на интернет, како да ја структурирате содржината за да го искористите ова истражување. Ќе научите како да ги употребите графиките за да им помогнете на посетителите, како да интегрирате видео, аудиот и друг тип на медиуми, и кога да употребите интерактивна, наспроти статичка содржина. Потоа, ќе умеете да ги погледнете вашата почетна страница, формуларите, страниците со продукти и содржината, со очите на вашите корисници, за да изградите сајт кој повеќе одговара на нивните потреби. Исто така, ќе знаете и како да направите рамнотежа помеѓу содржината и рекламирањето.
Теми
- Градење сајт кој ќе им се допаѓа на корисниците
- Употребување на единствените, конзистентни стандардни дизајн принципи
- Креирање добри мениjа
- Работење со мапи
- Додавање пребарување на сајтот
- Организирање на содржината во еден распоред
- Пишување за на веб
- Креирање страници за категории и страници на пристигнување
- Дизајнирање страници за продукти и формулари
- Употреба на интерактивна содржина
- Балансирање помеѓу рекламите и содржината
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- веб дизајнери и девелопери кои сакаат да овозможат подобро корисничко искуство за посетителите на нивните веб сајтови,
- графички дизајнери кои сакаат да направат надградба на своите вештини во област на веб, UX и UI дизајн,
- сите оние кои планираат професионално да се занимаваат со веб дизајн, графички дизајн и особено UX и UI дизајн.
Предзнаења
За следење на овој курс особено корисно е, но не е задолжително, поседување работно искуство во графички и веб дизајн.
Практичен дел
За овој курс не се предвидени посебни практични задачи.
Сертификат
За овој курс не е предвидено стекнување сертификат за успешно завршен курс.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Карактеристики
- Лекции 52
- Квизови 0
- Должина 30 дена
- Ниво All levels
- Јазик МК
- Студенти 1
- Задачи Yes