Техники на UX дизајн
Курсот Техники на UX составен е од 7 составни дела.
Дел 1: Преглед на курсот
Во курсот Техники на UX дизајн ќе ги разгледаме шесте чекори на процесот на дизајнирање фокусиран на корисникот: собирање и анализирање кориснички податоци, креирање персони, употреба на техниките за креирање на нови концепти, правење визуелни сценарија, дизајнирање и тестирање прототипи, и потоa, планирање на циклусот на развој со сите овие информации. Ќе ви помогнеме да ги разберете придобивките на дизајнот кој се фокусира на корисникот, и ќе ви понудиме совети за тоа како да го ангажирате целиот тим.
Дел 2: Анализирање кориснички податоци
Како знаете дали вашиот проект навистина ги задоволува потребите на вашите корисници? Во овој дел од курсот ќе го разгледаме процесот на добивање кориснички податоци преку внимателно набљудување и трансформирање на тие податоци во идеи за проектот според кои ќе може да делуваме. Научете како да ги набљудувате корисниците кои се во интеракција со вашиот прототип или постоечки проект, изградете мапи на искуство кои ќе ги опишуваат тие интеракции, и анализирајте ги податоците пред да продолжите во следниот чекор од серијата: креирање персони.
Дел 3: Креирање персони
За кого развивате? Како тие ќе го употребуваат вашиот дизајн? Ова се важните прашања кои ќе ви ги одговорат персоните. Во овој дел од курсот ќе ви покажеме како да ги искористите податоците кои ги собравте од посетите на терен и другите иинтеракции за да изградите слика на корисници за кои најмногу се грижите. Овие персони може да ви помогнат да го насочите развојот, и да направат целиот тим да го дизајнира проектот, продуктот, апликацијата или веб сајтот, имајќи ги на ум истите цели и истите корисници, што на крајот ќе резултира во дизајн на корисничко искуство кој е кохерентен и фокусиран.
Дел 4: Креирање нови концепти
Креирањето нови концепти е процес на собирање на многу различни идеи во краток временски рок. Во дизајнот на корисничко искуство поширок сет идеи ќе ве доведе до покреативно и позадоволително решение за вашите корисници. Во овој дел од курсот ќе ги разгледаме техниките за креирање нови концепти и како тие може да им помогнат на дизајнерите да размислуваат пооригинално и без стеги кога станува збор за корисничкото искуство.
Дел 5: Креирање сценарија
Сценаријата и визуелните сценарија се соочување со реалноста за дизајнерите, бидејќи дозволуваат тие да видат како интеракцијата ќе се извршува во реална околина. Овој дел од курсот ќе ви покаже како да ги употребите овие алатки за да ги обележите вашите идеи за потребите на корисниците во нивните секојдневни задачи и работни текови. Ќе ви објасниме како да напишете сценарио, и потоа да го трансформирате во визуелна приказна која прикажува моменти од интеракцијата кои тешко може да се опишат само со зборови, како емоции, акции, детали и напредок.
Дел 6: Правење прототипи на хартија
Овој дел од курсот ги собира заедно сите работи кои ги собравме во претходните чекори. Овде, ќе ви покажеме како да добиете брза, ефтина и рана валидизација на вашите дизајн идеи, употребувајќи наједноставни материјали: хартија, ливчиња за белешки, индексни картички и пенкалца во боја. Со овие алатки, ќе научите како да креирате прототипи на хартија и да ги претставите пред карактеристичните корисници на вашиот продукт или систем. Одличен начин за тестирање на вашите идеи пред да почнете со пишување код.
Дел 7: Планирање имплементација
Дизајнот кој се фокусира на корисникот не запира со визуелизацијата. Во овој последен дел од курсот Техники на UX, ќе ви покажеме како да ја соберете документацијата која до сега ја креиравте и да започнете со имплементацијата на вашиот дизајн, преку правење приоритети на опции со најголеми придобивки за бизнисот, па сé доприлагодување изводливи метрики.
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- веб дизајнери и девелопери кои сакаат да овозможат подобро корисничко искуство за посетителите на нивните веб сајтови,
- графички дизајнери кои сакаат да направат надградба на своите вештини во област на веб, UX и UI дизајн,
- сите оние кои планираат професионално да се занимаваат со веб дизајн, графички дизајн и особено UX и UI дизајн.
Предзнаења
За следење на овој курс особено корисно е, но не е задолжително, поседување работно искуство во графички и веб дизајн.
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
- 32 Sections
- 76 Lessons
- 10 Weeks
- ДЕЛ 1: ВОВЕД1
- 1. Дизајн фокусиран на корисникот4
- 2. Техники во овој курс6
- ДЕЛ 2: АНАЛИЗИРАЊЕ КОРИСНИЧКИ ПОДАТОЦИ1
- 1. Анализирање податоци во процес на дизајнирање насочен кон корисниците3
- 2. Собирање податоци од корисниците3
- 3. Мапирање искуство3
- 4. Податоци по кои може да се делува3
- Заклучок1
- ДЕЛ 3: КРЕИРАЊЕ ПЕРСОНИ1
- 1. Персоните во процесот на дизајнирање кој се фокусира на корисникот3
- 2. Креирање персони4
- 3. Префрлање во персони креирани врз база на податоци3
- Заклучок1
- ДЕЛ 4: КРЕИРАЊЕ НОВИ КОНЦЕПТИ1
- 1. Додавање креативност во процесот на дизајнирање3
- 2. Техники за креирање концепти3
- Заклучок2
- ДЕЛ 5: КРЕИРАЊЕ СЦЕНАРИЈА1
- 1. Сценаријата и визуелните сценарија во процесот на дизајнирање3
- 2. Креирање сценарио3
- 3. Визуелни сценарија3
- Заклучок1
- ДЕЛ 6: ПРАВЕЊЕ ПРОТОТИПИ НА ХАРТИЈА1
- 1. Правењето прототипи од хартија и процесот на дизајнирање3
- 2. Креирање прототип од хартија3
- 3. Корисничко тестирање прототипи од хартија3
- Заклучок1
- ДЕЛ 7: ПЛАНИРАЊЕ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА1
- 1. Употребување артефакти за креирање имплементација2
- 2. Мапирање приказна4
- Заклучок1

Courses you might be interested in
- 52 Lessons
- 80 Lessons
- 136 Lessons

Повеќегодишна информатичка образовна програма во која децата преку проекти постепено развиваат широки и функционални дигитални компетенции.
© 2026 Еверест — Детска ИТ Академија / Марјановик Едукација