Типографија
Курсот Типографија составен е од пет дела.
Дел 1. Вовед
Добрата типографија може да додаде моќ во вашиот дизајн и вашата порака, независно дали станува за дизајн на екран или во печатена верзија, анимирана графика или статичка графика, 3D или 2D. Овој курс ги објаснува добрите типографски практики, за да може да развиете око за фонт и да разберете како истиот ефикасно да го употребите. Ќе ја објасниме класификацијата на фонтови (serif vs. sans serif, фонт за приказ vs. фонт за текст), како се мери, скалира и организира фонтот, и како празниот простор и порамнувањето може да влијаат на вашиот дизајн. Ќе погледнете како да употребите кернинг, белина помеѓу буквите, проред и должина на ред, ќе поразговараме за историјата и моменталните трендови во типографијата. Курсот ги покажува принципите на читкост, читливост и компатибилност, и начинот на кој треба да ги следите кога селектирате фонт и дизајнирате текст.
Теми:
- Што е типографија?
- Разликување на карактеристиките на фонтот
- Употреба на декоративен фонт
- Комбинирање типографски писма
- Употреба на контраст и скалирање
- Кернинг и кернинг парови
- Избирање на оптимална должина на ред
- Порамнување и раздалечување на карактери, зборови и пасуси
- Разбирање на факторите кои влијаат на читливоста
- Работење со тридимензионален текст
- Фонт во движење
Дел 2: Хиерархија и навигација
Овој дел од курсот обработува две важни теми: хиерархијата и навигацијата. Целта на курсот е да ви ги покаже најдобрите техники за креирање на ниво на важност (хиерархија) и да им ја покажете насоката на движење на читателите (навигацијата), во печатени дизајни, или дизајни на екран.
Теми:
- Креирање хиерархија со позиција, големина, тежина, боја, контраст и ориентација
- Креирање навигација со употребување текст и симболи
Дел 3: Боја, контраст и големина
Подобрете ги јасноста и влијанието на вашиот текст и вашата порака со ефикасна употреба на боја, контраст и големина. Во овој дел од курсот ќе ви покажеме како да ги употребите овие три елементи за да го подигнете вашиот дизајн над останатите. Научете како да изберете типографско писмо, дебелина на контурите на буквите, големина и боја за вашиот текст, и да ја избалансирате неговата големина во однос на другите графички елементи. Дополнително, откријте како да развиете типографско око проучувајќи одлични дизајни и откривајќи како истите функционираат.
Теми:
- Употребување типографска боја
- Креирање контраст со типографија
- Употребување типографско скалирање
Дел 4: Работење со мрежи
Едноставно кажано, мрежите се основна алатка во дизајнот која помага при организирање на текстот и сликите. Но, тие прават и многу повеќе. Мрежите и даваат сила и структура на композицијата. Тие го поделуваат просторот во единици. Тие го поедноставуваат визуелниот процес. Во овој курс детално ќе погледнеме како да ги употребите мрежите ефикасно во печатени и веб проекти, нудејќи ви примери од веб сајтови, книги, списанија, па дури и стрипови. Со курсот ќе научите како да ги употребите мрежите за да ги решите проблемите со хиерархијата, пропорциите и варијациите, но исто така и кога да излезете надвор од мрежата,за вашата композиција да добие поголема визуелна тензија. Почнете сега, и научете како да ја додадете оваа алатка во вашиот типографски арсенал.
Теми:
- Креирање основни типографски мрежи
- Креирање комплексни типографски мрежи
Дел 5: Избирање и комбинирање типографски писма
Со илјадници типографски писма кои ги имате на располагање, да знаете кој да го изберете и како да ги искомбинирате (или не) може да звучи комплицирано, но токму овој курс ќе ви ги разоткрие мистериите на процесот. Во овој дел од курсот ќе ви покаже како да изберете типографско писмо за работата, имајќи ги на ум факторите како читливост, типографска анатомија и историски контекст. Ќе ви демонстрираме како да ги комбинирате избраните фонтови ефикасно и во хармонија, врз основа на контраст, сличност или атмосфера. На крајот, знаејќи дека на секое правило има исклучок, ќе видите кога прекршувањето на овие правила оди во прилог на вашиот проект. Погледнете го курсот и погледнете како да го поедноставите процесот на комбинирање и да го искористите моќниот арсенал кој типографијата им го нуди на дизајнерите.
Теми:
- Избирање типографски писма со цел
- Хармонично и ефикасно комбинирање типографски писма
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- веб дизајнери и девелопери кои сакаат да овозможат подобро корисничко искуство за посетителите на нивните веб сајтови,
- графички дизајнери кои сакаат да направат надградба на своите вештини во област на веб, UX и UI дизајн,
- сите оние кои планираат професионално да се занимаваат со веб дизајн, графички дизајн и особено UX и UI дизајн.
Предзнаења
За следење на овој курс особено корисно е, но не е задолжително, поседување работно искуство во графички и веб дизајн.
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
- 27 Sections
- 99 Lessons
- 10 Weeks
- ДЕЛ 1. ВОВЕД5
- 1. Типографски различности7
- 2. Јазикот на типографијата5
- 3. Празен простор и порамнување6
- 4. Финеси на дизајнот на фонт3
- 5. Читкост и читливост6
- 6. Типографска композиција3
- 7. Размислувај преку фонт3
- 8. Специјализирани употреби4
- Заклучок3
- ДЕЛ 2: ХИЕРАРХИЈА И НАВИГАЦИЈА1
- 1. Креирање хиерархија6
- 2. Навигација4
- Заклучок1
- ДЕЛ 3: БОЈА, КОНТРАСТ И ГОЛЕМИНА1
- 1. Употребување типографска боја3
- 2. Креирање контраст со типографија5
- 3. Употребување типографско скалирање4
- ДЕЛ 4: РАБОТЕЊЕ СО МРЕЖИ1
- 1. Креирање основни типографски мрежи5
- 2. Креирање комплексни типографски мрежи4
- 3. Креативен предизвик3
- ДЕЛ 5: ИЗБИРАЊЕ И КОМБИНИРАЊЕ ТИПОГРАФСКИ ПИСМА1
- 1. Избирање типографски писма за одредена цел5
- 2. Хармонично и ефикасно комбинирање типографски писма6
- 25.1Комбинирање типографски писма врз основа на стилски контраст
- 25.2Комбинирање типографски писма со слични анатомски пропорции
- 25.3Комбинирање типографски писма од ист дизајнер
- 25.4Комбинирање типографски писма врз основа на расположение или емоција
- 25.5Правилото на три типографски писма: Употреба на serif, sans serif, и slab serif
- 25.6Успешно комбинирање на повеќе типографски писма
- 3. Креативен предизвик2
- Заклучок2
Ана Тодоровска е графички и веб дизајнер со 8 годишно работно искуство во печатница, графичко студио и маркетинг агенција. Моментално е дел од тимот на маркетинг агенцијата Идеа+, еден од партнерите на веб академијата Еверест. Предизвик ѝ се осмислување на интересни и иновативни комуникациски платформи, герила маркетинг и рекламирање на социјални медиуми.

Courses you might be interested in
- 0 Lessons
- 109 Lessons
- 133 Lessons
- 44 Lessons

Повеќегодишна информатичка образовна програма во која децата преку проекти постепено развиваат широки и функционални дигитални компетенции.
© 2026 Еверест — Детска ИТ Академија / Марјановик Едукација