fbpx
Специјален попуст за нашите нови детски курсеви. Добијте 30% попуст при регистрација
кардула

Зоран Кардула

дизајнер

Зоран Кардула со графички дизајн се занимава повеќе од 20 години. Работел како дизајнер во агенцијата „Публицис“ од Скопје, а паралелно е посветен и на сликарство и тоа од почетокот на 90тите години на 20 век. Учествувал на различни конкурси, меѓу кои на конкурс за дизајн на накит за „Swarovski“ и „INYO“, каде бил и финалист. Во ноември 2017 година имал изложба на постери на тема „Soviet Neo-Constructivist Propaganda“ во Минеаполис, САД. Во јануари 2018 година во Рим ја претставил „Изложба без жири“, поставка на 40 негови дела кои биле редизајн на симболите кои ја одбележале социјалистичката ера на поранешна Југославија. Изложбата била дел од настанот насловен Мондо екс, омаж на големиот eвропски интелектуалец Предраг Матвејевиќ, по повод една година од неговата смрт. Во 2017 година издал и книга, „Гуш и Бац”, која била создадена од зборовите на неговата аутистична ќерка Ерато. Книгата содржи измислени 47 зборови на Ерато, преведени на 19 јазици, како и 47 илустрации на нејзините зборови создадени од 33 креативци.

www.behance.net/Cardula

https://www.instagram.com/cardula/

Other Members