Применет прилагодлив дизајн
Следејќи ги концептите со кои се запознавме во курсот Основи на прилагодлив дизајн, во овој курс ќе ја демонстрираме практичната употреба на прилагодливиот дизајн, и ќе ви покажеме како да го збогатите изгледот и однесувањето на вашиот веб дизајн кај повеќе уреди. Прво, ќе погледнеме како да го испланирате вашиот дизајн и да ги искористите CSS медиа прашалниците за да креирате повеќе распореди. Потоа ќе направиме распоредот да се прилагодува на промените на големината на екранот со CSS и jQuery, и флуидно ќе ги прикажеме сликите и видеата. Дополнително, ќе ви покажеме и како да ги искористите мобилните можности, како настани на допир и HTML5 форми, за да го подобрите искуството на мобилните корисници. Курсот ќе ви покаже и како да работите со ресурси и да ја оптимизирате изведбата на вашиот сајт.
Теми:
- Креирање модели
- Структурирање региони на страница
- Дефинирање предодредени стилови и медиа прашалници
- Градење распореди за десктоп, таблет и мобилен
- Давање структура и стил на менија
- Динамичко заменување на менија
- Креирање прилагодлива галерија со слики
- Додавање фукционалност за телефон
- Тестирање на прилагодливите сајтови
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- лица кои сакаат да станат веб дизајнери и веб девелопери
- дизајнери кои сакаат да ги прошират својот сет вештини
- студенти
Предзнаења
За следење на овој курс потребно е поседување знаења содржани во курсевите:
- HTML: основи
- CSS: основи
- JavaScript: основи
- Основи на прилагодлив дизајн
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
- 7 Sections
- 46 Lessons
- 4 Weeks
- Вовед1
- 1. Планирање прилагодливи дизајни5
- 2. Градење прилагодливи распореди10
- 3.1Контролирање на прозорецот за приказ
- 3.2Дефинирање предодредени стилови
- 3.3Одредување точки за прекин на содржина
- 3.4Дефинирање медиа прашалници
- 3.5Градење основен распоред за десктоп
- 3.6Градење основен распоред за таблет
- 3.7Градење основен распоред за мобилен
- 3.8Рафинирање распореди за десктоп
- 3.9Рафинирање распореди за таблет
- 3.10Рафинирање распореди за мобилен
- 3. Прилагодлива навигација16
- 4.1Дефинирање стратегија за прилагодлива навигација
- 4.2Структурирање основни менија
- 4.3Додавање стил на основни менија
- 4.4Употребување CSS спрајтови во менија
- 4.5Структурирање комплексни менија
- 4.6Употребување jQuery за однесување на мени
- 4.7Прилагодување кон промените во големината на екранот
- 4.8Минимизирање менија за мали екрани
- 4.9Проширување подменија преку допир
- 4.10Заменување стил hover со стил touch
- 4.11Ресетирање менија за поголеми екрани
- 4.12Превенирање конфликти
- 4.13Обезбедување резервни варијанти
- 4.14Динамичко заменување менија
- 4.15Конвертирање менија во елементи за селекција
- 4.16Конвертирање елементи за селекција во менија
- 4. Креирање прилагодлива медиа7
- 5. Подобрување на сајтовите за мобилни3
- 6. Работење со ресурси4
Денис Арслановски, front-end веб девелопер. Експерт за HTML, CSS, jQuery и прилагодлив (responsive) дизајн. Изработува веб страници за клиенти претежно за европскиот и австралискиот пазар.

Courses you might be interested in
- 22 Lessons
- 81 Lessons
- 27 Lessons

Повеќегодишна информатичка образовна програма во која децата преку проекти постепено развиваат широки и функционални дигитални компетенции.
© 2026 Еверест — Детска ИТ Академија / Марјановик Едукација