За да ги усовршите техниките во веб развојот или во било која друга област, најдобриот пристап е преку учество во практични активности. Тоа овозможува не само да се научат концептите, туку и веднаш да се применат. Овој курс е составен од два проекти интересни проекти со чија помош ќе ви бидат прикажанани најдобрите практики за фронт-енд развој во прилагодлив дизајн.
Проект 1. Прилагодлив дизајн на веб сајт
Откријте како да употребите прилагодлив веб дизајн за да го направите сајтот почитлив и поефикасен на секаков уред. Во овој курс ќе работиме со техники на комбинирање HTML и CSS во веб распоред, кој може да се прилагодува на различни големини на екран и ориентации. Во курсот ќе работиме на еден веб сајт од почеток до крај, од прилагодување на HTML страницата и елементите содржатели, па до нанесување стил на поставените елементи за мали, средни и големи екрани. Патем, ќе ви покажеме како да го смените местото на лентата за навигација, со цел истата да има подобар приказ на мобилни уреди, како да креирате анимирани транзиции, и како да претворите неподредени листи во интерактивни менија со поддршка на настани на допир. Ќе научите и како да употребувате CSS псеудо-елементи, и да прилагодувате распореди за печатење, за да заштедите на мастило и хартија.
Проект 2: Креирајте прилагодлива HTML е-пошта
Дизајнирањето на HTML е-пошти е предизвик, особено ако ги земете во предвид ограничените можности на десктоп и веб читачите за е-пошта, во комбинација со малите екрани на мобилните уреди. Внесете прилагодливи HTML е-пошти. Дозволете ни да ви покажеме како да дизајнирате елегантна е-порака, која ќе се прилагодува на различни големини на екран, и визуелно точно ќе се обработува во повеќе од 30 клиенти за пошта, како Gmail, Yahoo, AOL, и повеќе верзии на Outlook, како и на Android, iOS, и Windows телефоните. Научете како да додадете опции од типот на графики во позадина, заоблени агли, и сенки, кои нема да ја прекинуваат е-пораката кога нема да може да се прикажат. Потоа креирајте копчиња за повик на акција, додадете анимации и нанесете стил со CSS. Дополнително, разгледајте ги алатките и услугите кои ќе ви помогнат да ги тестирате вашите кампањи. Почнете сега, и дознајте што може да направите со HTML е-поштата.
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- лица кои сакаат да станат веб дизајнери и веб девелопери
- дизајнери кои сакаат да ги прошират својот сет вештини
- студенти
Предзнаења
За следење на овој курс потребно е поседување знаења содржани во курсевите:
- HTML: основи
- CSS: основи
- JavaScript: основи
- Основи на прилагодлив дизајн
- Применет прилагодлив дизајн
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Карактеристики
- Лекции 81
- Квизови 0
- Должина 30 дена
- Ниво All levels
- Јазик МК
- Студенти 6
- Задачи Self
-
ПРОЕКТ 1: ПРИЛАГОДЛИВ ДИЗАЈН НА ВЕБ САЈТ
-
1. Подготвување HTML содржина и структура
-
2. Креирање стил и распоред со CSS
- Импортирање Google фонт
- Дефинирање основни стилови за текст
- Додавање стил на елементи за заглавје и страница
- Додавање стил на елементите на лого и херој-елемент
- Креирање стил на копчиња
- Прилагодување редица со три колони
- Додавање графики во главната секција
- Креирање елементи со ефект float употребувајќи псеудо-класи
- Додавање стил на секција за атмосфера
- Додавање стил на aside елементите од секцијата Како да
- Додавање стил на елементот за блок цитат во секцијата Како да
- Додавање содржина со псеудо елементи
- Додавање стил на подножјето
-
3. Креирање систем за мени со CSS
-
4. Прилагодувања на распоредот за големи и средни екрани
-
5. Прилагодувања за мали екрани
-
6. Прилагодувања за најмали екрани
-
7. Прилагодување на распоредот и содржината за печатење
- Стратегија за печатење
- Поврзување на CSS датотека за печатење
- Прилагодување на основните стилови
- Прилагодување на заглавјето
- Прикажување URL адреси при печатење
- Главна секција
- Секција за атмосфера
- Менување на тагот за слика со CSS
- Додавање стил во подножјето
- Прилагодување на преминување на следна страница со CSS
-
ПРОЕКТ 2: ПРИЛАГОДЛИВА HTML Е-ПОШТА
-
1. Креирање графики
-
2. Креирање HTML е-пошта
- Креирање основна структура на распоред
- Додавање стил на редица од табела за лого
- Додавање стил на редица од табела за наслов
- Додавање стил на редица од табела за банер и содржина
- Додавање стил на редица од табела за промоции
- Додавање стил на редица од табела за облачиња
- Додавање стил на редица од табела за подножјето
-
3. Креирање копчиња со HTML и CSS
-
4. Додавање CSS на е-поштата
-
5. Напредни работи
-
6. Валидизација и тестирање