Следејќи ги концептите со кои се запознавме во курсот Основи на прилагодлив дизајн, во овој курс ќе ја демонстрираме практичната употреба на прилагодливиот дизајн, и ќе ви покажеме како да го збогатите изгледот и однесувањето на вашиот веб дизајн кај повеќе уреди. Прво, ќе погледнеме како да го испланирате вашиот дизајн и да ги искористите CSS медиа прашалниците за да креирате повеќе распореди. Потоа ќе направиме распоредот да се прилагодува на промените на големината на екранот со CSS и jQuery, и флуидно ќе ги прикажеме сликите и видеата. Дополнително, ќе ви покажеме и како да ги искористите мобилните можности, како настани на допир и HTML5 форми, за да го подобрите искуството на мобилните корисници. Курсот ќе ви покаже и како да работите со ресурси и да ја оптимизирате изведбата на вашиот сајт.
Теми:
- Креирање модели
- Структурирање региони на страница
- Дефинирање предодредени стилови и медиа прашалници
- Градење распореди за десктоп, таблет и мобилен
- Давање структура и стил на менија
- Динамичко заменување на менија
- Креирање прилагодлива галерија со слики
- Додавање фукционалност за телефон
- Тестирање на прилагодливите сајтови
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- лица кои сакаат да станат веб дизајнери и веб девелопери
- дизајнери кои сакаат да ги прошират својот сет вештини
- студенти
Предзнаења
За следење на овој курс потребно е поседување знаења содржани во курсевите:
- HTML: основи
- CSS: основи
- JavaScript: основи
- Основи на прилагодлив дизајн
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Карактеристики
- Лекции 46
- Квизови 0
- Должина 30 дена
- Ниво All levels
- Јазик МК
- Студенти 6
- Задачи Self
-
Вовед
-
1. Планирање прилагодливи дизајни
-
2. Градење прилагодливи распореди
- Контролирање на прозорецот за приказ
- Дефинирање предодредени стилови
- Одредување точки за прекин на содржина
- Дефинирање медиа прашалници
- Градење основен распоред за десктоп
- Градење основен распоред за таблет
- Градење основен распоред за мобилен
- Рафинирање распореди за десктоп
- Рафинирање распореди за таблет
- Рафинирање распореди за мобилен
-
3. Прилагодлива навигација
- Дефинирање стратегија за прилагодлива навигација
- Структурирање основни менија
- Додавање стил на основни менија
- Употребување CSS спрајтови во менија
- Структурирање комплексни менија
- Употребување jQuery за однесување на мени
- Прилагодување кон промените во големината на екранот
- Минимизирање менија за мали екрани
- Проширување подменија преку допир
- Заменување стил hover со стил touch
- Ресетирање менија за поголеми екрани
- Превенирање конфликти
- Обезбедување резервни варијанти
- Динамичко заменување менија
- Конвертирање менија во елементи за селекција
- Конвертирање елементи за селекција во менија
-
4. Креирање прилагодлива медиа
-
5. Подобрување на сајтовите за мобилни
-
6. Работење со ресурси