Бренд амбасадорите се клучот на успехот на Еверест. Како иден бренд амбасадор ќе бидеш одговорен за промоција на нашата академија и студиските програми помеѓу твоите пријатели во време кое тебе најмногу ти одговара. Ќе ти помогнеме да научиш како тоа да го правиш успешно и ќе те наградиме за твојот успех!
Што е главната задача на бренд амбасадорот?
Како наш бренд амбасадор, ќе бидеш одговорен за промоција на веб академијата Еверест во рамки на твојата заедница. Ние ги оспособуваме студентите за добро платени работни места и им помагаме да се вработат, а ти ќе ги запознаеш твоите пријатели со овие можности.


Што добива бренд амбасадорот?
Пари и обуки! Кога твојот пријател ќе се пријави на студии на нашата академија ќе му одобриме 10% попуст на редовната школарина. Штом ја примиме неговата уплата, тебе ќе ти исплатиме 10% од уплатената сума и тоа 5% во кеш + 5% во поени за обука по твој избор.
Обука и поддршка. До резултати се доаѓа како резултат на добра подготовка. Прво ќе те обучиме за се’ што е потребно а потоа ќе ти дадеме поддршка секогаш кога ти биде потребна.
Одговори на најчесто поставувани прашања
- Дали некогаш со воодушевување со зборувал со твоите пријатели за некое твое искуство од некој настан или случка?
- Дали некогаш некому си му препорачал нешто што сметаш дека е добро, вредно, забавно, корисно или пак може некому да му донесе одлична заработувачка?
- Дали некогаш си ги поканил твоите пријатели на интересен настан?
- Дали некогаш си споделувал интересни работи со твоите пријатели на социјалните мрежи?
Ете, тоа е она би требало да го правиш со твоите пријатели и со секој што сметаш дека би имал корист од нашите студиски програми.
1. Познавање и разбирање на маркетингот
Не е потребно да имаш завршено на факултет за маркетинг, но ќе ти биде полесно доколку ги разбираш основните маркетинг принципи. Бренд амбасадорот (БА) треба да биде способен да ги проследи информациите до вистинската публика, на вистински начин и во вистинско време. Тоа понекогаш значи дека треба да даде одговор на поставени прашања, или можеби да се вклучи во дискусија на онлајн форум.2. Висок степен на професионализам
БА ја претставуваат академијата, зборуваат за неа и нејзините услуги, ги инспирираат и поттикнуваат соговорниците и со сето тоа влијаат на тоа како јавноста ја доживува академијата. Тоа подразбира дека треба да бидат одлично информирани за сите аспекти на брендот, да ги делат нашите вредности и да бидат наши верни фанови.3. Природни лидерски способности
Помисли за момент на луѓето од кои ти бараш препораки. Тоа се луѓе кои се експерти во одредена област, но ти го бараш нивното мислење бидејќи зрачат со доверба и позитивност, поради што си привлечен и сакаш да ги слушаш.4. Пасија за градење и развивање односи
БА не се типични продавачи кои се трудат да направат што е можно повеќе еднократни продажби. Тие постојат за да негуваат цврсти, лојални и долготрајни врски помеѓу студентите и академијата. Тие не само што се добро запознаени со услугите кои ги нуди академијата туку имаат способност за длабоко поврзување со други во наше име.5. Способност за прибирање фидбек и обезбедување иновативно согледување
БА прибираат фидбек и сугестии а потоа треба да достават идеи и препораки за подобрување на услугите, со што помагаат академијата секогаш да биде чекор пред другите.студиска програма | курсеви | редовна школарина | школарина со попуст | готовина | поени | вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|
Front-end девелопер | 13 | 62.012 | 3.101 | 3.101 | 6.201 | |
Front-end девелопер (скратена) | 7 | 33.846 | 1.692 | 1.692 | 3.385 | |
Back-end девелопер | 13 | 50.212 | 3.228 | 3.228 | 6.456 | |
Back-end девелопер (скратена) | 5 | 64.559 | 1.286 | 1.286 | 2.572 | |
Веб дизајнер | 23 | 104.061 | 5.203 | 5.203 | 10.406 | |
Веб дизајнер (скратена) | 13 | 63.630 | 3.182 | 3.182 | 6.363 | |
UX дизајнер | 12 | 58.189 | 2.909 | 2.909 | 5.819 | |
UX дизајнер (скратена) | 5 | 26.175 | 1.309 | 1.309 | 2.617 | |
WordPress администратор | 10 | 50.119 | 2.506 | 2.506 | 5.012 | |
WordPress администратор (скратена) | 7 | 41.068 | 2.053 | 2.053 | 4.107 |