UX (user experience) дизајнерот односно дизајнерот на корисничко искуство е задолжен за креирање и подобрување на дигиталните интерфејси на веб сајтови, мобилни апликации и софтверски програми со цел да направи искуството на корисникот да биде без напор и пријатно. Неговата работа помага да се зголеми задоволството на клиентите, да се изгради лојалност кон брендот, и да се осигура дека не постојат било какви елементи присутни во дизајнот кои би можеле да ги одвратат потенцијалните клиенти. Ова опфаќа се’ од мазна навигација до подобрен визуелен изглед и поедноставен процес за регистрација или плаќање.
Независно дали станува збор за стартап или голема компанија, процесот на дизајнирање на корисничкото искуство е секаде ист и опфаќа: спроведување истражување корисници (со помош на прашалници, дискусии со фокус групи, онлајн анкети, анализа на задачи), дизајнирање (архитектура на информации, жичени модели, прототипови), тестирање (А/Б тестови, тестови на употребливост, корисничко тестирање на далечина) и имплементација (во соработка со веб девелопери).
Студиската програма UX дизајнер се спроведува по програма направена според опис на ова работно место. Како и сите останати студиски програми, и оваа програма е составена од три компоненти: едукативен дел, практичен дел и менторски сесии.
1. Едукативeн дел
има за цел систематски да го покрие најголемиот број вештините кои задолжително треба да се поседуваат. Овој дел ќе биде составен од повеќе модули кои последователно меѓусебно се надоврзуваат. Секој од составните модули е со предодредено времетраење од еден месец.
2. Практичен дел:
Практичниот дел ќе биде составен од определен број задачи кои студентот ќе треба самостојно да ги изработи и достави на оценување до својот ментор.
3. Менторски сесии
Во рамки на наставата, секој студент добива личен ментор кој се грижи за неговиот напредок. Секој ментор е искусен професионалец со повеќегодишно искуство во областа. Неговата обврска е да ги прегледува и оценува изработените задачи на студентот а потоа, во термин кој меѓусебно ќе биде договорен, со студентот одржува 1-на-1 онлајн менторска сесија на која дискутираат за задачите кои ги доставил студентот.
Диплома
По успешното завршување на комплетната студиската програма, студентот добива диплома и звање UX дизајнер.
НАСТАВНА ПРОГРАМА
[table class=”table table-striped” colwidth=”5%|75%|20%”]
#,модул,единечна цена
1,Photoshop CC 2015,7.669 ден
2,Photoshop CC за веб дизајн,4.129 ден
3,Illustrator CC 2015,7.669 ден
4,Illustrator CC за веб дизајн,4.129 ден
5,Проекти со Photoshop & Illustrator,7.669 ден
6,Визуелен дизајн,7.669 ден
7,Типографија,7.669 ден
8,UX за веб дизајн,3.539 ден
9,Вовед во UX,7.669 ден
10,Дизајн на интеракции,7.669 ден
11,Техники на UX дизајн,7.669 ден
12,Axure RP,7.669 ден
,редовна цена (поединечна набавка),80.818 ден
,цена во пакет (авансно плаќање),64.654 ден
[/table]
Консултации
Доколку имаш прашања на кои не можеш да најдеш одговор, закажи уште денес бесплатни индивидуални консултации. Избери термин кој ти одговара и представник на академијата ќе те побара.
Уписи
За да почнеш да студираш на веб академијата Еверест, не мораш да го чекаш вообичаениот почеток на академската година. Почни со студии тогаш кога ќе бидеш подготвен(а). За да се запишеш на студии, кликни на копчето ПРИЈАВА, во горниот дел од овој прозорец и следи ги инструкциите.
Имаш дилеми дали ова е вистинската работа?
Ако за прв пат се среќаваш со учењето на далечина и имаш дилеми дали тоа воопшто ќе функционира за тебе, направи го првиот чекор – стани прво наш гостин-студент и обиди се да го завршиш за почеток само првиот курс, за кој ќе ти обезбедиме попуст од 75%!
За да го станеш гостин-студент, следи ги инструкциите на оваа страна.
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
графички & веб дизајнер
Ана Тодоровска е графички и веб дизајнер со 8 годишно работно искуство во печатница, графичко студио и маркетинг агенција. Моментално е дел од тимот на маркетинг агенцијата Идеа+, еден од партнерите на веб академијата Еверест. Предизвик ѝ се осмислување на интересни и иновативни комуникациски платформи, герила маркетинг и рекламирање на социјални медиуми.

Courses you might be interested in
-
0 Lessons
-
0 Lessons
-
29 Lessons
-
22 Lessons