Front-end дизајнерите може да бидат вклучени во градењето веб-страници, но нивните одговорности започнуваат пред да се изгради страницата. Тие се вклучени во развивање планови за веб-страници и утврдување на кои типови содржини, како што се видеа или графика, ќе бидат вклучени. Тие подготвуваат концепти и предлози и можат да напишат содржина што се користи за промовирање на компанијата или производите на кои им се доделени.
Нивните специфични работни задачи може да се разликуваат од еден до друг работодавец. Во некои случаи, овие дизајнери се фокусираат на развој на дизајн. Ова значи дека поголемиот дел од времето можат да го поминат на подготвување на упатства за дизајн на веб-страниците. Тие работат со маркетинг тимови и веб-развивачи за да обезбедат дека планот за дизајнирање е функционален и ги постигнува своите наменети цели. Во помалите компании, тие можат да дизајнираат и создаваат веб-страници, што значи дека може да бидат одговорни за пишување на програмскиот код, така што веб-страницата изгледа и функционира по желба.
Студиската програма Front-end дизајнер се спроведува по програма направена според опис на ова работно место. Како и сите останати студиски програми, и оваа програма е составена од три компоненти: едукативен дел, практичен дел и менторски сесии.
1. Едукативeн дел
Едукативниот има за цел систематски да го покрие најголемиот број вештините кои задолжително треба да се поседуваат. Овој дел ќе биде составен од повеќе модули кои последователно меѓусебно се надоврзуваат. Секој од составните модули е со предодредено времетраење од еден месец.
2. Практичен дел:
Практичниот дел ќе биде составен од определен број задачи кои студентот ќе треба самостојно да ги изработи и достави на оценување до својот ментор.
3. Менторски сесии
Во рамки на наставата, секој студент добива личен ментор кој се грижи за неговиот напредок. Секој ментор е искусен професионалец со повеќегодишно искуство во областа. Неговата обврска е да ги прегледува и оценува изработените задачи на студентот а потоа, во термин кој меѓусебно ќе биде договорен, со студентот одржува 1-на-1 онлајн менторска сесија на која дискутираат за задачите кои ги доставил студентот.
Диплома
По успешното завршување на комплетната студиската програма, студентот добива диплома и звање Front-end дизајнер.
НАСТАВНА ПРОГРАМА
# | модул | единечна цена |
---|---|---|
1 | Photoshop CC 2015 | 7.669 ден |
2 | Photoshop CC за веб дизајн | 4.129 ден |
3 | Illustrator CC 2015 | 7.669 ден |
4 | Illustrator CC за веб дизајн | 4.129 ден |
5 | Проекти со Photoshop и Illustrator | 7.669 ден |
6 | Визуелен дизајн | 7.669 ден |
7 | Типографија | 7.669 ден |
8 | HTML: основи | 7.669 ден |
9 | CSS: основи | 7.669 ден |
10 | CSS: проекти | 7.669 ден |
редовна цена (поединечна набавка) | 69.610 ден | |
цена во пакет (авансно плаќање) | 55.688 ден |
Консултации
Доколку имаш прашања на кои не можеш да најдеш одговор, закажи уште денес бесплатни индивидуални консултации. Избери термин кој ти одговара и представник на академијата ќе те побара.
Уписи
За да почнеш да студираш на веб академијата Еверест, не мораш да го чекаш вообичаениот почеток на академската година. Почни со студии тогаш кога ќе бидеш подготвен(а). За да се запишеш на студии, кликни на копчето ПРИЈАВА, во горниот дел од овој прозорец и следи ги инструкциите.
Имаш дилеми дали ова е вистинската работа?
Ако за прв пат се среќаваш со учењето на далечина и имаш дилеми дали тоа воопшто ќе функционира за тебе, направи го првиот чекор – стани прво наш гостин-студент и обиди се да го завршиш за почеток само првиот курс, за кој ќе ти обезбедиме попуст од 75%!
За да го станеш гостин-студент, следи ги инструкциите на оваа страна.
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Карактеристики
- Лекции 0
- Квизови 0
- Должина 6 месеци
- Ниво All levels
- Јазик МК
- Студенти 4
- Задачи Yes