За да ги усовршите техниките во веб развојот или во било која друга област, најдобриот пристап е преку учество во практични активности. Тоа овозможува не само да се научат концептите, туку и веднаш да се применат.
Усовршете ги претходно стекнатите знаења за од курсот CSS: основи и станете фронт-енд развивач работејќи на практични проекти. Курсот е составен од 6 интересни проекти со чија помош ќе ви бидат прикажанани најдобрите практики за фронт-енд развој.
Проект 1: Креирање на одбројување до настан
Бројачот на одбројување е одличен начин на кој можете да ја зголемите возбудата за продуктот кој го лансирате на пазарот, или за да го најавите новиот веб сајт. Во оваа епизода од Дизајнирање за веб, ќе ви покажеме како да додадете елегантен и прилагодлив одбројувач, употребувајќи еден бесплатен додаток на jQuery. Откако ќе го прилагодите вметнатото HTML од додатокот, и со CSS ќе нанесете стил на она што ќе го одбиете како резултат, вашиот одбројувач ќе работи во неколку временски зони, ќе се однесува прилагодливо и совршено ќе се интегрира во вашиот сајт.
Проект 2: Графики и CSS псеудо елементи
Научите како да комбинирате графики и псеудо елементи за да додадете повеќе можности во дизајнот и распоредот, без притоа да додавате HTML на вашите веб страници. Комбинирањето на графики и CSS3 псеудо елементи ви дозволува да додадете стил на текст, да додадете графики и да позиционирате објекти, а при тоа да го задржите вашиот HTML чист и организиран, без да ги жртвувате прилагодливите елементи во вашиот дизајн.
Проект 3: Пита графикони со CSS
Научете како да ги прикажете вашите податоци во пита графикон, со ништо повеќе отколку HTML и CSS. Во овој проект ќе ви покажеме како да креирате комплексни форми, CSS3 својства, и вгнездени HTML5 елементи. Кога ќе завршите со проектот, ќе добиете елегантен пита графикон кој ќе работи во сите веб прелистувачи со обезбеден HTML5, меѓу кои Chrome, Firefox, Safari, и Internet Explorer.
Проект 4: Прилагодливи SVG слики
Кога имате потреба од повеќе контрола врз распоредот на сликите на вашите веб сајтови или интерактивни проекти, скалабилните векторски графики се одлично решение. SVG сликите се независни од резолуцијата, што значи дека тие изгледаат одлично во секоја големина, а истите може да ги манипулирате со CSS. Во овој проект ќе ги истражиме можностите за дизајн кои ги нуди комбинирањето на SVG графики со CSS прашалници.
Проект 5: SVG слики со премини со CSS
Научете како да ја смените бојата и видливоста на SVG графиките со CSS. Во овој проект од серијата Дизајнирање за на веб, ви покажуваме како да ги контролирате својствата на SVG елементите со надворешно CSS, и да направите вашите графики да се ажурираат при премин. Дополнително, научете како да групирате повеќе SVG графики и да ги контролирате со една состојба на премин.
Проект 6: HTML видео во позадина
Научете како да употребувате HTML5 видео како елемент во дизајнот, пуштајќи го под друг текст или графика на вашиот веб сајт. Во овој проект набрзина ќе ги погленеме шесте чекори кои се потребни за да ја постигнете целта. Ќе прилагодиме видео елемент, ќе позиционираме лого и дополнителен текст, ќе го направиме распоредот прилагодлив со CSS, и ќе употребиме Modernizr за да го прилагодиме распоредот за мобилни корисници.
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- лица кои сакаат да станат веб дизајнери и веб девелопери
- дизајнери кои сакаат да ги прошират својот сет вештини
- студенти
Предзнаења
За следење на овој курс потребно е поседување знаења содржани во курсевите:
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Денис Арслановски, front-end веб девелопер. Експерт за HTML, CSS, jQuery и прилагодлив (responsive) дизајн. Изработува веб страници за клиенти претежно за европскиот и австралискиот пазар.

Courses you might be interested in
-
0 Lessons
-
48 Lessons
-
65 Lessons
-
94 Lessons