JavaScript е најпопуларниот и најшироко распространет јазик за претежниот дел веб проекти. Станува збор за client-side програмски јазик, односно софтвер кој работи на страната на клиентот. Тоа всушност значи дека програмскиот код е испратен кон компјутерот на корисникот со остатокот од кодот од веб страната а потоа прелистувачот го чита тој код и прави тоа што му е наложено. Овој курс ќе ви го даде основното знаење за да разберете што всушност е JavaScript, ќе ви помогне да научите како работи и, што е најважно, да ви помогне да ја зголемите способноста за дебагирање.
Теми
- Разбирање на структурата на JavaScript кодот
- Креирање варијабили, функции и циклуси
- Пишување условен код
- Праќање пораки до конзола
- Работење со различни видови варијабили и објекти
- Креирање и менување DOM објекти
- Работа со настани
- Работа со тајмери
- Дебагирање JavaScript
- Градење форми
- Работа со CSS, HTML5, and JavaScript
- Употребување регуларни изрази
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- лица кои сакаат да станат веб дизајнери и веб девелопери
- дизајнери кои сакаат да ги прошират својот сет вештини
- студенти
Предзнаења
За следење на овој курс потребно е поседување знаења содржани во курсевите:
- Вовед во програмирање
- HTML: основи
- CSS: основи
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Петар Трајковски, .NET програмер со 12 годишно искуство. Има работено на сајтови со милионска посетеност (PlayBoy, Dr.Oz) а предизвик му е оптимизација на .NET и SQL код. Бил предавач на Академијата на ИТ Александрија како инструктор за веб дизајн. Во моментот работи за клиенти од Америка и Канада на развој на апликации во област на Research Management.

Courses you might be interested in
-
0 Lessons
-
0 Lessons
-
29 Lessons
-
22 Lessons