Back-end-от вообичаено е составен од 3 дела: сервер, апликација и база на податоци. Ако сакате да купите карти за кино или да резервирате авионски лет, вообичаено посетувате некоја веб страна и имате некаква интеракција со front-end-от односно она што можете да го видите. Штом ги внесете вашите податоци, апликацијата ги чува во база на податоци, креирана претходно и поставена на некој сервер. Сите тие информации остануваат таму, на серверот и кога повторно ќе се најавите со корисничко име и лозинка во апликацијата за да ги отпечатите картите, сите податоци се таму во вашата сметка.
Лицето кое е задолжено за изградбата и функционирањето на сета оваа технологија го нарекуваме back-end девелопер.
Студиската програма Back-end девелопер се спроведува по програма направена според опис на ова работно место. Како и сите останати програми за практична настава, и оваа програма е составена од три компоненти: едукативен дел, практичен дел и менторски сесии.
1. Едукативeн дел
Едукативниот дел има за цел систематски да го покрие најголемиот број вештините кои задолжително треба да се поседуваат. Овој дел ќе биде составен од повеќе модули кои последователно меѓусебно се надоврзуваат. Секој од составните модули е со предодредено времетраење од еден месец.
2. Практичен дел:
Практичниот дел ќе биде составен од определен број задачи кои студентот ќе треба самостојно да ги изработи и достави на оценување до својот ментор.
Забелешка: За Aptana, GitHub и Symfony не се предвидени посебни практични задачи. Овие алатки ќе се користат за сето времетраење на практичната настава во останатите модули.
3. Менторски сесии
Во рамки на практичната настава, секој студент добива личен ментор кој се грижи за неговиот напредок. Секој ментор е искусен професионалец со повеќегодишно искуство во областа. Неговата обврска е да ги прегледува и оценува изработените задачи на студентот а потоа, во термин кој меѓусебно ќе биде договорен, со студентот одржува 1-на-1 онлајн менторска сесија на која дискутираат за задачите кои ги доставил студентот.
Диплома
По успешното завршување на комплетната студиската програма, студентот добива диплома и звање Back-end девелопер.
НАСТАВНА ПРОГРАМА
[table class=”table table-striped” colwidth=”5%|75%|20%”]
#,модул,единечна цена
1,HTML: основи,7.669 ден
2,CSS: основи,7.669 ден
3,CSS: проекти,7.669 ден
4,JavaScript,7.669 ден
5,HTML5: проекти,7.669 ден
6,Aptana Studio 3,2.359 ден
7,jQuery: основи,7.669 ден
8,jQuery: проекти,7.669 ден
9,PHP & MySQL: ниво 1,10.028 ден
10,Објектно-ориентирано програмирање во PHP,7.669 ден
11,PHP & MySQL: ниво 2,10.028 ден
12,Symfony 2,2.359 ден
13,GitHub,3.539 ден
,редовна цена (поединечна набавка),89.665 ден
,цена во пакет (авансно плаќање),71.732 ден
[/table]
Консултации
Доколку имаш прашања на кои не можеш да најдеш одговор, закажи уште денес бесплатни индивидуални консултации. Избери термин кој ти одговара и представник на академијата ќе те побара.
Уписи
За да почнеш да студираш на веб академијата Еверест, не мораш да го чекаш вообичаениот почеток на академската година. Почни со студии тогаш кога ќе бидеш подготвен(а). За да се запишеш на студии, кликни на копчето ПРИЈАВА, во горниот дел од овој прозорец и следи ги инструкциите.
Имаш дилеми дали ова е вистинската работа?
Ако за прв пат се среќаваш со учењето на далечина и имаш дилеми дали тоа воопшто ќе функционира за тебе, направи го првиот чекор – стани прво наш гостин-студент и обиди се да го завршиш за почеток само првиот курс, за кој ќе ти обезбедиме попуст од 75%!
За да го станеш гостин-студент, следи ги инструкциите на оваа страна.
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
Давор Попоски е дипломиран инженер по информатика со 8 годишно работно искуство. Работел како програмер на компјутерски игри, предавал веб програмирање на Академијата на ИТ Александрија. Исто така работел на големи веб проекти како cdr системи, e-learning платформи, софтвер за продукциски студија итн. Моментално работи како head of IT во интернационална компанија.

Courses you might be interested in
-
0 Lessons
-
0 Lessons
-
29 Lessons
-
22 Lessons