jQuery проекти
За да ги усовршите техниките во веб развојот или во било која друга област, најдобриот пристап е преку учество во практични активности. Тоа овозможува не само да се научат концептите, туку и веднаш да се применат.
Усовршете ги претходно стекнатите знаења од курсот jQuery: основи и станете фронт-енд развивач работејќи на практични проекти. Курсот е составен од 10 интересни проекти со чија помош ќе ви бидат прикажанани најдобрите практики за фронт-енд развој.
Проект 1: HTML5 видео галерија
Во овој проект ќе развиеме интерактивна видео галерија за на веб, притоа работејќи во околина на програмирање со комбинација на HTML5 и Flash резерва, CSS, и JavaScript библиотеката со отворен код, jQuery. Овој курс ви покажува како да дизајнирате распоред на сајт и да конструирате код за плеер кој работи на повеќе веб прелистувачи, платформи и мобилни уреди. Ќе ви ги демонстрираме и техниките со кои ќе овозможите HTML5 видео на Android и ќе обезбедите постарите верзии на Internet Explorer предодредено да се префрлаат на Flash наместо HTML5.
Проект 2: Интерактивна мапа
Во овој проект ќе ви покажеме како да дизајнирате и креирате богата интерактивна мапа за веб сајт, работејќи во околина на програмирање и употребувјќи jQuery. Преоктот опфаќа креирање слики оптимизирани за веб со алатката за исечоци во Photoshop, имплементирање HTML и CSS за да се состави распоредот на страницата, и додавање интерактивност со JavaScript и брзата и концизна библиотека за код на jQuery.
Проект 3: Интерактивна анимирана временска лента
Научете како да креирате интерактивна и анимирана временска лента со jQuery. Во овој проект ќе ви покажеме како да креирате лизгачка временска лента со маркери за дата и поврзана содржина. Раскажете ја својата приказна, или приказната на вашата организација, со графички богата, интерактивна времеска лента.
Проект 4: Менија за навигација
Откријте како да додадете стилизирани паѓачки менија за вашиот веб сајт употребувајќи HTML, CSS, и JavaScript. Во овој краток проект ќе го погледнеме процесот на дизајнирање, ќе објасниме како да изградите основа за менија употребувајќи неподредена листа, како да воспоставите хиерархија со вгнездени подменија, да нанесете стил CSS правила, и да инкорпорирате функционалност на паѓачко мени употребувајќи jQuery додаток.
Проект 5: Вртелешка
Во овој проект ќе видите како да имплементирате и прилагодите анимација на интерактивна вртелешка со jQuery. Покриени се подготвување на слики и дополнителен текст за во вртелешката, креирање елементи содржатели со HTML и CSS, и активирање на вртелешката со JavaScript. Исто така ќе научите и како да додадете слики во елементите содржатели, да прилагодите дополнителен текст и да додадете анимирани транзиции помеѓу дополнителните текстови.
Проект 6: Совет на екран
Советите на екран ја подобруваат употребливоста на вашиот веб сајт обезбедувајќи инструкции и помош на посетителите. Во овој проект ќе научите како да конвертирате текст или графика во совет на екранот кој реагира на глувче. Туторијалот ќе ви демонстрира како да го напишете неопходното HTML и да го активирате советот со jQuery, да додадете позиционирање и ефекти.
Проект 7: Панел со јазичиња со лизгање
Интерфејсот на панелот со јазичиња е класична опција која треба да ја инкорпорирате во својот дизајн, но најчесто е статиччи елемент. Овој проект ќе ви покаже како да креирате динамички панел со јазичиња кој се лизга. Ќе употребуваме комбинација од HTML, CSS, и jQuery. Процесот ќе го започнеме од самиот почеток, од градење на елементи содржатели, до додавање стил на текст, јазичиња и панели, и додавање на клик настани за интереактивност на јазичињата. Ќе ви демонстрираме како да ја инкорпорирате техниката за прогресивно подобрување, за пшосетителите кои немаат JavaScript да може да и пристапат на содржината.
Проект 8: Анимирани премини
Во овој проект ќе додадеме интерактивност на една видео галерија употребувајќи ја JavaScript библиотеката jQuery. Работејќи во околина на програмирање, ќе ви покажеме како да ги анимирате дополнителните текстови и иконата за пуштање, да ги проширите малите сликички како филмски ленти и да ја менувате позадината на филмската лента за да се менува на премин со CSS.
Проект 9: Анимиран графикон со ленти
Во овој проект ќе креираме анимиран графикон со ленти или други графики со jQuery. Овој пристап е динамичен и му дозволува на дизајнерот да ја прилагодува големината на графиконот и да му дозволи на jQuery да ги пресмета новите позиции и големина на лентите врз основа на податоците поврзани со секоја од лентите. Исто така ќе погледнете како да дизајнирате графикон со HTML и CSS, како и да креирате ознаки и да прилагодувате задоцнувања jQuery.
Проект 10. НПП листа која се проширува
Најчесто поставуваните прашања (НПП) се популарен аспект на секој веб сајт. Во овој проект ќе ви покажеме како да креирате прашања кои имаат одговори кои се појавуваат и собираат под прашањето. Ќе научите како да изградите секција за НПП на вашиот сајт, употребувајќи прилагодлива комбинација на HTML, CSS, JavaScript, и jQuery. Дополнително, курсот демонстрира како автоматски да се поврзе нештото кон одредено прашање, и автоматски да се отвори одговорот, со што ќе добиете можност да им обезбедите директен одговор на прашањето на корисниците.
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- лица кои сакаат да станат веб дизајнери и веб девелопери
- дизајнери кои сакаат да ги прошират својот сет вештини
- студенти
Предзнаења
За следење на овој курс потребно е поседување знаења содржани во курсевите:
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
- 10 Sections
- 146 Lessons
- 10 Weeks
- 1. HTML5 видео галерија14
- 1.1Преглед на проектот
- 1.2Разгледување на завршениот проект кај различни прелистувачи и уреди
- 1.3Превземање и прилагодување на Aptana Studio
- 1.4Експортирање на исечоци од сликата од Photoshop
- 1.5Креирање нови CSS и HTML датотеки
- 1.6Дефинирање на CSS правила
- 1.7Додавање на HTML ознаки
- 1.8Додавање на jQuery и JavaScript во проектот
- 1.9Додавање на HTML во линковите за малите слики со JavaScript
- 1.10Креирање на CSS за вметнатите HTML елементи
- 1.11Прилагодување на кодот на видео плеерот
- 1.12Креирање на div елемент-содржател за кодот на видео плеерот
- 1.13Мануелно повикување на FancyBox
- 1.14Активирање на видо за Android и заобиколување на lightbox (прозорец за преглед)
- 2. Интерактивна мапа12
- 2.1Преглед на проектот
- 2.2Сечење и оптимизирање на графиките за веб
- 2.3Креирање и поврзување на HTML и CSS датотеки
- 2.4Креирање главен елемент -содржател
- 2.5Работа со анкор линковите во CSS
- 2.6Позиционирање на точките на мапата
- 2.7Превземање и додавање на jQuery во вашиот проект
- 2.8Откривање кога се менува паѓачкото мени
- 2.9Прикажување и криење на точките на селектираниот континент
- 2.10Додавање на елементи со детали
- 2.11Додавање на клик настани на анкор таговите
- 2.12Ажурирање на содржината во деталите
- 3. Интерактивна анимирана временска линија20
- 3.1Преглед на проектот
- 3.2Зачувување на веб графиките од Photoshop
- 3.3Поврзување на CSS и JavaScript датотеките со HTML
- 3.4Креирање главни HTML елементи-содржатели
- 3.5Додавање содржина во HTML
- 3.6Додавање стил на главниот елемент на временската лента и насловот
- 3.7Креирање на позадина која се прелева за елементот на панелот
- 3.8Стил за лизгачите
- 3.9Стил за содржината на панелите
- 3.10Прилагодување на распоредот со jQuery
- 3.11Генерирање на навигација врз основа на HTML
- 3.12Позиционирање и стил на навигацијата
- 3.13Активирање на навигацијата за да се анимираат панелите
- 3.14Анимирање на позадината
- 3.15Додавање CSS стилови за сликите во панелите
- 3.16Креирање CSS медиа прашалници за мали екрани
- 3.17Криење елементи на мали екрани
- 3.18Поставување на автоматски почеток
- 3.19Откривање на големината на екранот за прилагодлив распоред
- 3.20Оптимизирање CSS
- 4. Менија за навигација11
- 4.1Преглед на проектот
- 4.2Преглед на завршениот проект
- 4.3Креирање папки и додавање почетни датотеки
- 4.4Превземање и прилагодување на Aptana Studio
- 4.5Зачувување на веб графиките од Photoshop
- 4.6Додавање стандардна неподредена листа со точки
- 4.7Вгнездување неподредени листи
- 4.8Вгнездување листа во друга вгнездена листа
- 4.9Додавање CSS правила за менијата
- 4.10Активирање на додатокот со jQuery
- 4.11Целење родител елементи со посебна CSS класа
- 5. Вртелешка која ротира16
- 5.1Преглед на проектот
- 5.2Креирање папки за проектот
- 5.3Експортирање графики од Photoshop
- 5.4Превземање и поставување на Аптана Студио
- 5.5Креирање HTML, CSS и JavaScript датотеки
- 5.6Градење HTML и CSS за надворешниот елемент-содржател
- 5.7Градење HTML и CSS за внатрешниот елемент-содржател
- 5.8Позиционирање елементи со CSS
- 5.9Додавање слики и дополнителeн текст
- 5.10Додавање слики во елемент-содржател на вртелешката
- 5.11Креирање сопствени копчиња за контрола на вртелешката
- 5.12Откривање на сликата од вртелешката која е во фокус
- 5.13Прилагодување дополнителeн текст врз основа на дете-елементот кој е во фокус
- 5.14Креирање CSS правила за дополнителниот текст кој е во фокус
- 5.15Додавање анимирани транзиции
- 5.16Додавање детали
- 6. Совети на екран17
- 6.1Преглед на проектот
- 6.2Креирање папка и додавање почетни датотеки
- 6.3Зачувување веб графики од Photoshop
- 6.4Креирање елемент содржател за советот на екранот
- 6.5Нанесување стил на елементот
- 6.6Додавање информации во елементот
- 6.7Додавање jQuery document ready функција и настани со глувче
- 6.8Детектирање и поставување совети базирани на текст
- 6.9Креирање HTML елементи содржатели
- 6.10Детектирање и поставување совети базирани на HTML
- 6.11Прикачување елемент содржател за совет на глувчето
- 6.12Позиционирање на советот од десната или левата страна на курсорот
- 6.13Позиционирање на советот над или под курсорот
- 6.14Криење на советот се додека не се активира со глувчето
- 6.15Прилагодување со ефект на избледнување
- 6.16Други CSS-позиционирани елементи
- 6.17Дополнителни ресурси за додатоци за мени
- 7. Лизгачки панел со јазичиња21
- 7.1Преглед на проектот
- 7.2Креирање на главниот панел и елементот за јазиче
- 7.3Креирање HTML елемент содржатели за јазичињата
- 7.4Креирање HTML елемент содржатели за панелите
- 7.5Додавање содржина на елемент содржателите
- 7.6Додавање CSS стилови на текстот
- 7.7Додавање CSS стилови на јазичињата
- 7.8Додавање стил на првото и последното јазиче
- 7.9Додавање стил на главниот елемент содржател и панелите
- 7.10Додавање jQuery document ready функција
- 7.11Порамнување на панелите во ред
- 7.12Доделување настани за кликнување на јазичињата
- 7.13Анимирање на панелите врз основа на кликнатото јазиче
- 7.14Доделување состојба selected на кликнатото јазиче
- 7.15Поставување автоматски почеток при вчитување на страницата
- 7.16Креирање прилагодени графики за панелите
- 7.17Доделување прилагодени класи на HTML елементите
- 7.18Додавање CSS правила за видео панелот
- 7.19Додавање CSS правила за останатите панели
- 7.20Отстранување CSS правила кои ги кријат елементите
- 7.21Одново доделување CSS правила со JavaScript
- 8. Анимирани ефекти на премин9
- 8.1Преглед на проектот
- 8.2Превземање и прилагодување на Aptana Studio
- 8.3Креирање нов проект во Aptana Studio
- 8.4Ажурирање CSS како подготовка за анимираните текстови
- 8.5Додавање jQuery изјава за hover
- 8.6Анимирање на иконата и текстот
- 8.7Продолжување на малата сликичка во филмски ленти
- 8.8Прилагодување на JavaScript тајмер
- 8.9Анимирање на позадината на филмската лента со малите сликички
- 9. Анимиран графикон со ленти12
- 9.1Преглед на проектот
- 9.2Превземање и прилагодување на Aptana Studio
- 9.3Креирање нов проект и HTML датотека
- 9.4Додавање ознаки за ленти од графикон
- 9.5Додавање jQuery и CSS кон вашиот HTML документ
- 9.6Декларирање и поставување на глобални варијабили
- 9.7Пишување на прилагодена функција за позиционирање на лентите
- 9.8Додавање називи и текст за вредност на лентите
- 9.9Откривање која лента има најголема вредност
- 9.10Анимирање на ленетите врз основа на нивната вредност
- 9.11Појавување на ознаките со вредност на лентите по анимацијата на лентите
- 9.12Прилагодување на големината на графиконот преку ажурирање на CSS вредностите
- 10. FAQ листи кои се прошируваат14
- 10.1Преглед на проектот
- 10.2Креирање папки за проектот
- 10.3Превземање и прилагодување на Aptana Studio
- 10.4Креирање HTML, CSS, и JavaScript датотеки
- 10.5Креирање HTML и CSS за надворешниот елемент содржател
- 10.6Креирање CSS за Q и A елемент содржателите
- 10.7Креирање HTML за Q и A елемент сзодржателите
- 10.8Употреба на JavaScript за затворање на елементот на прашањето
- 10.9Употреба на JavaScript за отворање на елементот на прашањето
- 10.10Додавање едноставна содржина
- 10.11Креирање завршни CSS правила за Q и A графиките
- 10.12Динамичко вметнување на div-ови за Q и А графиките
- 10.13Анимирање на состојбата на Q и A графиките
- 10.14Автоматско отворање на одговорот од URL анкор таг
Петар Трајковски, .NET програмер со 12 годишно искуство. Има работено на сајтови со милионска посетеност (PlayBoy, Dr.Oz) а предизвик му е оптимизација на .NET и SQL код. Бил предавач на Академијата на ИТ Александрија како инструктор за веб дизајн. Во моментот работи за клиенти од Америка и Канада на развој на апликации во област на Research Management.

Courses you might be interested in
- 43 Lessons
- 65 Lessons
- 94 Lessons
- 111 Lessons

Повеќегодишна информатичка образовна програма во која децата преку проекти постепено развиваат широки и функционални дигитални компетенции.
© 2026 Еверест — Детска ИТ Академија / Марјановик Едукација