Прилагодливи слики
Прилагодливите слики се следната еволуција во веб дизајнот. Научете како да ги имплементирате со реални сценарија за најдобри практики за имплементирање на прилагодливи слики во сајтови за продукција. Во овој курс ќе ви објасниме што се прилагодливите слики и како тие функционираат, како да го употребите Picturefill JavaScript пролифилот, за да направите прилагодливите слики да работат во прелистувачите кои сé уште не ги поддржуваат. Потоа ќе ги погледнеме двата главни типови на прилагодливи слики (употребувајќи го <img> тагот со srcset и w и новиот <picture> таг), и ќе работиме со примери подготвени за продукција за да ви помогнеме да се стекнете со практично искуство за нивна имплементација.
ТЕМИ:
- Како работат прилагодливите слики
- Додавање Picturefill на вашиот сајт
- Како да ги направите обичните слики прилагодливи
- Употреба на елементот <picture>
- Идентификување точки на прекин и промена на распоред
- Употреба на <picture> елементите за заменски ресурси на слики
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- лица кои сакаат да станат веб дизајнери и веб девелопери
- дизајнери кои сакаат да ги прошират својот сет вештини
- студенти
Предзнаења
За следење на овој курс потребно е поседување знаења содржани во курсевите:
- HTML: основи
- CSS: основи
- JavaScript: основи
- Основи на прилагодлив дизајн
- Применет прилагодлив дизајн
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Сподели
Биди другар, сподели со пријателите
- 7 Sections
- 22 Lessons
- 10
- Вовед1
- 1. Прилагодливи слики: Вовед3
- 2. Подготвување на прилагодливите слики за работа со Picturefill3
- 3. Претворање обична слика во прилагодлива8
- 4. Прилагодливи слики за Art Direction5
- 5. Надвор од традиционални формати со слики1
- Што понатаму1
Денис Арслановски, front-end веб девелопер. Експерт за HTML, CSS, jQuery и прилагодлив (responsive) дизајн. Изработува веб страници за клиенти претежно за европскиот и австралискиот пазар.

Courses you might be interested in
- 46 Lessons
- 81 Lessons
- 27 Lessons

Повеќегодишна информатичка образовна програма во која децата преку проекти постепено развиваат широки и функционални дигитални компетенции.
© 2026 Еверест — Детска ИТ Академија / Марјановик Едукација