Опис
Со цел да им помогне на младите во подобрување на нивната конкурентност на пазарот на труд, веб академијата Еверест во соработка со донаторски организации обезбеди 50 ваучери за обуки со кој ќе се кофинансираат стручни студии во област на веб индустријата.
Цел на проектот
Целта на овој проект е да ги оспособи учесниците за одбраната професија а по успешното завршување на студиите и да им помогне во наоѓање работа или клиенти.
Добивање и користење на ваучерите
Ваучерот е наменет исклучиво за кофинансирање на трошоците за следење за обуки за дигитални вештини, односно за одбрани студиски програми на веб академијата Еверест. Ваучерот покрива најмногу до 50% од вкупниот износ на обуката за дигитални вештини, но не повеќе од 30.000 денари по корисник.
Кој може да аплицира за ваучер?
На овој јавен повик може да се јават лица кои се:
- Државјани на република Северна Македонија
- Не се постари од 29 години
- Имаат завршено најмалку средно образование
Обуки опфатени со повикот
Квалификуваните кандидати можат да одберат една од следниве стручни обуки:
Назив на обука
Вредност на обука
Вредност на ваучер
Износ на партиципација
Плаќање на партиципацијата
Кандидатите партиципацијата ја уплаќаат на жиро сметка на давателот на услугата, по претходно потпишан договор за школување. На барање на кандидатите, партиципацијата може да се плати на рати, во соработка со нашата партнерска организација ФУЛМ (www.fulm.com.mk).
Настава
Студиите ќе се изведуваат на далечина, со поддршка на ментор и личен асистент. Учењето ќе се реализира како комбинација од следење снимени видео лекции, самостојна работа на практични задачи и онлајн консултации со ментор. Наставата односно снимените видео лекциите можат да се следат во бил кој ден од денот, со динамика која му одговара на учесникот. Рок за завршување на студиите е 12 месеци.
Помош при вработување
По завршувањето на студиите, студентите ќе добијат два сета дополнителни обуки:
- Наоѓање работа (за оние кои сакаат да се вработат) - 5 курса
- Наоѓање клиенти (за оние кои сакаат да работат како фриленсери) - 3 курса
Освен тоа, секој студент кој успешно ќе ја заврши обуката ќе добие препорака кај нашите партнери (над 200 компании).
Рок на пријавување
Заинтересираните кандидати можат да се пријават најдоцна до 31 март 2023.
Инфо сесија
Сите уредно пријавени кандидати ќе бидат контактирани индивидуално и ќе можат да добијат подетални информации за проектот, како и одговори на нивните прашања.
Пријавување
За да се пријавите, кликнете на овој линк.
ВАЖНО: По пријавувањето автоматски ќе ви биде испратен email со потврда за прием на вашата апликација. Ако користите gmail, yahoo или сличен сервис за е-пошта, можно е пораката да ви залута во спам сандачето. Затоа, ако не ја гледате пораката во вашиот inbox, проверете го и спам сандачето.